Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Групата експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) во својот извештај за евалуација објавен денеска го поздравува напредокот на Северна Македонија во развојот на законодавната рамка за борба против трговијата со луѓе, но повикува на нејзина подобра имплементација во однос на пристапот на жртвите до правда и ефективни правни лекови. Врз основа на посетата на ГРЕТА на земјата во март минатата година и информациите обезбедени од властите и граѓанското општество, извештајот забележува дека бројот на формално идентификувани жртви е низок (помеѓу две и девет годишно, освен во 2021 година кога имало 39), а трудовата експлоатација е доминантна форма на…
Британскиот синт-поп бенд „Депеш мод“ денеска ќе го објави новиот, 15-ти студиски албум „Memento Mori“. Овој наслов е избран уште пред смртта на еден од основачите на групата – клавијатуристот Енди Флечер. „Смртта на Флечер на некој начин само потврди дека албумот треба да се вика така. Иако мислевме дека е добар наслов, сега мислиме и дека е фер да го наречеме така“, изјави гитаристот Мартин Гор. Познатиот Флеч почина на 60-годишна возраст во мај 2022 година, од ретка васкуларна болест. Иако некои го сметаат за спореден музичар во составот, тој беше врската меѓу двајцата лидери на бендот – Гор…
Француските синдикати денеска ги одржуваат своите први масовни демонстрации откако претседателот Емануел Макрон го разгоре гневот на јавноста со принудување на повисока возраст за пензионирање во парламентот без гласање. Штрајковите ги прекинуваат патувањата, а се очекуваат блокади на пристаништата, рафинериите и депониите за ѓубре. Насилството се интензивираше во последните денови на дисперзираните протести против пензиските реформи и раководството на Макрон. Во Марсеј, лидерот на левичарската партија Инсоумис Жан-Лук Меланшон ги повика демонстрантите да останат смирени денеска. „Првата инструкција е секој и секој да ја задржи својата ладнокрвност, но не дозволувајте да бидат заплашени на кој било начин“, рече тој, осудувајќи…
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, информираат од неговиот кабинет. Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената…
Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Миниустерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука“, рече Ковачески. Дел од новинарското прашање за Ковачевски содржеше и констатација дека и првиот човек на Северна Кореја исто така бил во обиколка на продавниците да ги види цените, на што премиерот регираше и рече прашањето не е на место и дека…
Лекторатот по македонски јазик во Париз, кој е најстар и постои 50 години, денеска ќе го одбележи јубилејот со меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во француската престолнина. Како што соопшти Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), на симпозиумот ќе има учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. „Почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, заедно со македонските учесници ќе ја испратат пораката…
Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел. Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина. Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција. Мишел истакна дека ЕУ, како и секогаш, ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да…
АНА ВАСИЛЕВСКА Неретки се обидите на Црквата да се меша во одлуки на институциите на државата. Тоа се случува и во други секуларни држави, и таа нејзина пенетрација е позната низ историјата на човештвото во многу наврати. Со сета почит кон нејзините етички, духовни начела, сета религиозна заедница во која Цркавата ужива авторитет и има апсолутно демократско право да ги негува нивните убедувања и чувства кон која било тема, но, во рамки на нивниот систем. Оваа заедница и Црквата, сепак, треба исто така да има почит кон општествениот систем и институциите, и одлуките кои се донесуваат во насока на подобрување…
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека нема опасност од „нуклеарна ескалација“ во војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Велика Британија поради снабдувањето на украинските сили со тенковска муниција со осиромашен ураниум. Клеверли рече дека Русија е единствената земја која зборува за растечкиот нуклеарен ризик, а муницијата, тврди тој, е конвенционална. „Нема нуклеарна ескалација. Единствената земја во светот која зборува за нуклеарни прашања е Русија. Нема закана за Русија, тука се работи исклучиво за помош на Украина да се одбрани“, рече Клеверли на презентацијата на британската меѓународна технолошка стратегија. Тој рече дека е…
ЕУ и САД бараат од Србија и Косово да ги исполнат обврските што произлегуваат од договорот за нормализација на односите помеѓу двете земји, воедно и го потсетуваат српскиот претседател дека иако не е потпишан, договорот е обврзувачки. Во Косово не престануваат негодувањата и критиките кон Курти и неговата влада за прифаќање на Заедницата, активисти на Социјалдемократската партија вчера фрлија милкшејк и торта врз заменикот премиер, Бесник Бислими. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Албеу – Борел и Ескобар ставија точка на „играта“ на…
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“, јавија албанските медиуми.Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.„„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното…
Јасно е и извесно дека Северна Македонија ќе стане членка на Европската унија. Со поднесувањето на барањето за членство во Унијата, во Даблин пред 19 години, македонската Влада избра европска иднина за земјата, со што и официјално го започнавме нашето патување низ бриселските процедури до членство во ЕУ, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалниот Фејсбук профил. „После 18 години чекање за почеток на преговори со ЕУ и тешките и државнички одлуки кои ги донесовме, успеавме членството на Северна Македонија во ЕУ да го направиме реално и сигурно. Сега е прашање само на мудро искористување на околностите и…