Author: Ана Василевска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Брисел се сретна со претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генералот Роберт Бриегер, со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност и за интензивирањето на одбранбената соработка помеѓу нашата држава и Европската Унија. „Навистина можеме да бидеме горди на постигнатото. Од увозник на безбедноста, Северна Македонија се позиционираше како столб на регионалната безбедност и стабилност. Потврда за тоа е нашето учество во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА од 2006 година, како и нашето учество во борбените групи на Унијата“, рече министерката на состанокот. Посочи…

Read More

Најголемата швајцарска банка UBS се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка Credit Suisse за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот пазар. Договорот вклучува и 108 милијарди долари помош (околу 101 милијарда евра) за ликвидноста на UBS и Credit Suisse, која ќе ја плати швајцарската централна банка. Швајцарската влада обезбедува гаранција за загуба до 9,7 милијарди долари (околу 9,07 милијарди евра) за да и овозможи на UBS да го преземе…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, соопшти неговиот кабинет. Пендаровски утре во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. Македонскиот…

Read More

 САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот. „Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во рамките на трајната определба за помирување, ќе обезбеди значителни можности за граѓаните на двете земји и да го забрзаат нивниот пат кон членство во Европската унија“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во соопштението се додава дека САД ќе продолжат да…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски  Комесарот за индустрија, Тиери Бретон, ги маркираше фабриките во Бугарија како потенцијал за огромно зголемување на производството на муниција со која би требало да се задоволат потребите на украинската одбрана. За време на посетата на Бугарија, Бретон рече дека е време да се премине од плановите на акција, да се идентификуваат фабриките кои би можеле брзо да го зголемат производството, нивните потреби и капацитет и да се предвидат потенцијални тесни грла во синџирот на снабдување. Минатата недела Жозеп Борел и јас го предложивме овој план за зголемување на производството, а сега сум на „терен“. Бретон рече дека…

Read More

По утринското приведување на наставничката во скопското основно училиште „Александар Македонски“, идентитетот е познат меѓу наставниот кадар и учениците. Редакцијата на НоваТВ нема да го обзнани името во интерес на натамошната истрага. Станува збор за предметна наставничка која предавала од 5-то до 9-то одделение. Како што дознаваме атмосферата во училиштето се нормализира по вознемиренсоста од оваа вест меѓу родителите, учениците и наставниот кадар. Приведувањето на наставничката е дел од координирана акција на МВР која беше спроведена вчера и денес и беа приведени повеќе лица. Како што утрово појасни Ангеловски, при претресот пронајдени се околу седум килограми амфетамин, околу еден килограм…

Read More

Утрово МВР привело наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Општина Аеродром. Лицето се сомничи за нелегална продажба на дрога. Во врска со оваа информација, на својата фејсбук страна се огласи градоначалникот на оваа општина Тимчо Муцунски. „Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам…

Read More

Според новиот Индекс на просечен животен век во светски рамки, објавен од Обединетите Нации, македонските граѓани живеат во просек 75,26 години. За мажите одделно, таа бројка е 73,1 година, а жените во просек живеат 77,47 години. За споредба, посочени се и податоци од истражувањата и статистиката на Светската банка. Според оваа листа, просечниот животен век на Македонците е 74 години, на Македонките – 78 години, вкупно – 76 години. Истражувањата покажуваат дека долговечноста се заснова на три главни и основни фактора – генетика, пол и начин на живот. Потоа се земаат предвид и компоненти како што се хигиена, исхрана, култура,…

Read More

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ и Здружението на лекари специјализанти – Скопје, членот на одборот на фондацијата Проф. Д-р Венко Филипче, уште пред три месеци, објави дека нашата фондација ќе стипендира петмина специјализанти за стручно усовршување во Франција. Станува збор за специјалистички курс на IRCAD институтот, еден од најпознатите француски центри за експериментална хирургија, кој скоро три децении е дел од Универзитетската болница во Стразбур. Комисијата за селекција на кандидати на Здружението на лекари специјализанти, а врз основа на утврдени критериуми објавени во повикот, ги избра петмината специјализанти кои ќе…

Read More

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во коментар на својата страница на Фејсбук, Курти вели дека одлуката е „преку секоја имагинација на секое ниво“ и најави дека за идните политички чекори на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), граѓаните ќе бидат известени во наредните денови. „Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја…

Read More

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ќе ги закаже вонредните парламентарни избори, откако вчера го потпиша Указот за распуштање на 27-то свикување на Собранието врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора, јави Мина. Уредбата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора. По распуштањето на Собранието, изборите може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена.

Read More

Француската полиција синоќа приведе 217 лица за време на протестите во Париз против контроверзната пензиска реформа што беше протуркана во Парламентот без конечно гласање во Долниот дом, објавија локалните медиуми. Телевизијата Франс Инфо, цитирајќи полициски извори, соопшти дека 217 лица се уапсени при нередите на Плас де ла Конкорд во центарот на Париз, во близина на местото за состаноци на Долниот дом на парламентот. Според медиумите, полицијата употребила водени топови и солзавец. Демонстрантите, меѓу другото, запалија дрвени палети и фрлаа предмети кон полицајците. Во време на избувнувањето на конфликтот, на плоштадот имаше околу 6.000 противници на пензиската реформа. Вчера попладне,…

Read More