Author: Ана Василевска

Поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, излегува на слобода по 20 години затвор, јави денеска телевизијата Н1. Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на 20 години. Тој во 2008 година ја призна вината во жалба во која бараше помала казна, а пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага. Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата на Србија, а за неговото…

Read More

На покана на премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин ќе се обрати на почетокот на седницата на Владата на Република Северна Македонија, што треба да се одржи денеска. Како што соопштија од владината прес-служба, Ларсон Џаин пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и актуелностите на Шведското претседателство со Советот на ЕУ. За заклучоците и одлуките од владината седница, јавноста ќе биде информирана по завршување на седницата, наведуваат од прес -службата на Влада.

Read More

Роден во Њујорк на 26 јули 1928 година, Стенли Кјубрик стана познат како еден од водечките режисери на една генерација. Познат по мачните детални кадри, сложените техники на раскажување приказни и нагласените актерски изведби, режисерот-автор се смета за еден од највлијателните во кинематографијата денес. Лесно е да се види зошто. Помеѓу 1952 и 1999 година режирал 13 играни филмови. Секој од нив ги содржи уникатните квалитети на бескомпромисна брилијантност и посветеност на филмската форма како една од прекрасните и шокантни слики. Тој почина на денешен ден во 1999 година на 70-годишна возраст. За да го прославиме неговиот живот, ќе погледнеме…

Read More

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во ненајавена посета на Ирак. Според американските медиуми, посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин. Инвазијата во 2003 година доведе до смрт на десетици илјади цивили и нестабилност што на крајот го отвори патот за подемот на групата Исламска држава (ИД) откако САД ги повлекоа своите борбени трупи од Ирак во 2011 година. Остин, кој е највисокиот претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден кој е во посета на Ирак,…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби преку својот Фејсбук профил упати честитка до шефот на дипломатијата Бујар Османи за именувањето за „координатор на чаирскиот огранокот на партијата“. Груби во честитката посочува дека Османи ја има неговата поддршка во напорите за повторно активирање на структурите во Чаир. „На Бујар му посакувам успешна работа во координирањето на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурите во Чаир по три години недостиг на партиски активности во нашиот огранок…

Read More

И додека на Балканот се расправа за територии, историја, цркви….во ЕУ е актуелна и жешка една друга дебата која се однесува на иднината. Имено Германија како најголем производител на големите светски автомобилски брендови во последен момент го блокира новото законодавство во ЕУ за забрана на продажбата на нови автомобили што емитуваат CO2 од 2035 година. Ова германска блокада во интерес на бизнисите на БМВ и Мерцедес во опаснот ја става целата стратегија на европскиот блок да стане климатски неутрален до 2050 година. Забраната на ЕУ за мотори со согорување се чинеше завршена работа. И Европскиот парламент и земјите на ЕУ…

Read More

Бездомните кучиња кои живеат во Чернобил може да им дадат на научниците насоки за тоа како луѓето би можеле  да преживеат и во најзагадените средини, објавија европските медиуми. Повеќе од 35 години по најтешката нуклеарна несреќа во светот, животните талкаат меѓу распаднати, напуштени згради во и околу затворената централа – некако сè уште можат да најдат храна, да се размножуваат и да преживеат. Истражувачите ја објавија првата генетска студија во списанието Science Advances во петокот, фокусирајќи се на 302 кучиња кои живеат во официјално одредена „зона на исклучување“ околу местото на катастрофата. Тие идентификуваа популации чии различни нивоа на изложеност…

Read More

Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО. „Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека можеме да изградиме уште посилно партнерство и многу сум сигурна дека ќе го направиме тоа, изјавила Фредериксен“, јави АТА. На заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Еди Рама, додала дека нејзината земја ќе ја поддржи Албанија на патот на интеграцијата, за влез во ЕУ и го…

Read More

Набљудувачката организација на Европската унија побара од Комисијата да обезбеди детали за службените патувања што ги направиле високите членови на персоналот од 2021 година, а кои делумно биле платени од трети страни, бидејќи Брисел продолжува да се бранува по последиците од корупцискиот скандал што го зафати Парламентот. Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испратено во петокот, но објавено во понеделникот, канцеларијата на Европскиот омбдусмен побара од извршната власт да ги разјасни правилата што ги применува за да утврди дека нема конфликт на интереси кога службените патувања се платени од други. Ова е откако се покажа…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот „Доказ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Трагедијата со возот што ги чинеше животите на најмалку 57 луѓе – главно млади и студенти – најверојатно ќе ги промени плановите на грчката владејачка партија Нова демократија за следните избори закажани за 9 април. Во меѓувреме, млади луѓе протестираа во грчките градови повикувајќи на правда за случајот под слоганот „пишете ми кога ќе пристигнете“, додека полицијата беше критикувана дека употребила солзавец против нив. Грчките медиуми известуват дека  трагедијата ќе има огромни политички  последици  за конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис и планираниот датум за избори на 9 април, бидејќи ќе се совпадне со 40-дневната комеморација на жртвите. Поради…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24 кажа дека е важно што со иницијативата „Отворен Балкан“ се оствариле договори и државите што се членки се согласиле воопшто да нема застанување при патувањата. „Тоа е крајната цел. Да нема ниту еден полицаец, се изготвуваат софтверски решенија за таа контрола да се прави по електронски пат, тоа е процес што треба да го изодиме. Работната група работи заедно со колеги од Србија и Албанија. Ни претстои период на летни одмори и голема фреквенција на граничните премини“, рече Спасовски. Тој кажа дека од моментот на согласување околу една идеја на…

Read More