Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Мисијата „Кру драгон“ на „Спејс-Икс“ со двајца американски астронаути, Русин и космонаут од Обединетите Арапски Емирати стигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС). Новиот екипаж се приклучи кон МВС рано утрово, по лансирањето од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, на Флорида, вчера. Пристигнувањето беше кусо одложено поради неисправен сензор за приклучување, при што леталото лебдеше на околу 20 метри оддалеченост од МВС, додека софтверската грешка се поправаше. Инаку, првично планираното полетување во понеделникот беше одложено неколку минути пред лансирањето, поради проблеми со системот за палење. Во посадата се двајцата Американци Стивен Бовен и Ворен Хобург, Андреј Федјаев од Русија и Султан…
Белорускиот продемократски активист, добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјалијатски, е осуден на 10 години затвор, според групата за права „Вјасна“. 10-годишната затворска казна наиде на осуда како „срамна неправда“ од страна на главниот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја. „Алес го посвети својот живот на борбата против тиранијата. Тој е вистински херој на Белорусија и ќе биде почестен долго откако диктаторот ќе биде заборавен“, рече таа. Бјалијатски беше осуден заедно со колегите активисти за човекови права Валијанцин Стефановиќ кој доби деветгодишна затворска казна и Улаџимир Лабкович кој доби седумгодишна затворска казна. Кој е Алес Бјалијатски? Алес Бјалијатски беше еден од…
Во наредниот период Европската унија во рамките на Европскиот фонд за мир ќе одобри мерки за финансиска помош за вооружените сили на Северна Македонија и Грузија. Во рамките на оваа иницијатива Борел на 18 Март доаѓа во Скопје каде што ќе ја објави веста дека на Македонија и се доделуваат 9 милиони евра, помош за АРМ. Како што пишува Б2, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Јосеп Борел, на 22 февруари го испратил предлогот до земјите членки, а предлогот за Северна Македонија веќе е на маса на Политичко-безбедносниот комитет на Унијата. Идејата е да им се помогне на македонските…
Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. „Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност. Трпчески во изјава за МРТ појаснува дека на членовите квинтетот Македонисимо им донесе многу возбуда, среќа и гордост. „Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот Македонисимо, кој Панде Шахов овојпат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква…
Косовскиот премиер Албин Курти, ноќеска, за време на дискусијата во косовското Собрание за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија ја повтори фразата „Заедницата не поминува“, но опозицијата го обвини дека тој веќе ја прифатил. „Заедницата помина овде во Собранието. Но таа не поминува. Не беше поддржана од Уставниот суд. Не беше прифатена од народот. Заедницата не поминува ниту од премиерот, ниту од Владата“ЗСО, рече Курти. Премиерот кажа дека прашањето за формирање на Заедницата на српските општини е тоа што најмногу се бара од Србија во дијалогот. „Кога ќе се сретнам со претседателот на Србија во Брисел, тој…
Здруженијата на работниците во железницата повикаа штрајкови, запирајќи ги националните железнички услуги и метрото во Атина вчера, во знак на протест против условите за работа и, како што го опишаа како опасен неуспех за модернизација на железничкиот систем. Тие денеска повикаа и на втор 24-часовен штрајк. Синдикатите, исто така, одржаа протест во четвртокот вечерта во Атина пред железничкиот оператор во земјата, Хеленик Трејн, како одговор на најсмртоносната железничка катастрофа во историјата на земјата. Два одвоени протести во центарот на Атина одржаа левичарски групи, при што еден резултираше со судири меѓу младите кои фрлаа камења и полицијата. Митинзи се одржаа и…
Владата на синоќешната седница донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи која е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година.Со Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други…
Извонредно откритие е направено во Штитник, Словачка, бидејќи временска капсула стара 188 години била откриена за време на реконструкцијата на покривот на црквата Св. Јуда Тадеаш. Кутијата била пронајдена скриена во афион под метален крст и била отворена за да се откријат три преклопени документи, од кои два биле датирани од 1834 година, а третиот додаден 20 години подоцна. Сега се чуваат во архивата на бискупската канцеларија во Рожевава, документите вклучуваат песна на словачки чешки напишана од Јан Ружбаки која ја прикажува историјата на црквата во однос на пожарот и следните реставраторски работи, како и опис на поправката на покривот…
Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава. На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на еден од огласите за избор на јавни обвинители во ОЈО Битола – 2 места, ОЈО Велес – 1, ОЈО Гевгелија – 2, ОЈО Гостивар -3, ОЈО Дебар – 1, ОЈО Делчево – 1, ОЈО Кичево – 3, ОЈО Крива Паланка – 1, ОЈО Кочани –…
Преку дела на култни и современи британски автори кои со својата културно-историска важност одиграле голема улога во креирањето на современите теории и светогледи се адресираат важни општествени прашања: слобода на говор, цензурирана книжевност, глас на маргинализираните, родова еднаквост, уметност, културна продукција, критичка теорија, медиумска култура и друго. Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „Книжевни рефлексии“ ја започна својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со првата дебата на тема „Книжевноста како браник на слободата“ која се одржа на 28. 02. 2023 г. во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје. Авторката…
Комитетот за национални малцинства на Албанија позитивно одговори на барањето на македонското друштво „Илинден“ – Тирана за поставување повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потврди за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. „Добивме позитивен одговор на нашето барање доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, која во исто време за тоа ги информира и комесарот за заштита од дискриминација, Роберт Гајда и народната правобранителка Еринда Баланца, до кои исто така го доставивме барањето заради запознавање. Да потсетам дека баравме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и…
Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб. Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните. Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство. „Ние сме…