Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Пишува: Борјан Јовановски Унгарскиот парламент денеска ќе почне да расправа за спорно прашање: дали на Финска и на Шведска да им се даде зелено светло за влез во НАТО. Заедно со Турција, Унгарија допрва треба да ги ратификува барањата на Финска и Шведска за приклучување кон трансатлантскиот одбранбен сојуз повеќе од осум месеци откако лидерите на НАТО ја потпишаа својата кандидатура за членство на Скандинавците на самитот во Мадрид. Но, пред почетокот на дебатата во парламентот неприкосновениот шеф Виктор Орбан во петокот рече дека „иако во принцип го поддржуваме пристапот на Шведска и Финска во НАТО, прво треба да имаме…
Утрово во продавниците нема испорака на тазе леб. На рафтовите има само од старите залихи на леб и тоа од специјалните видови. И покрај најавата на пекарниците дека нема да испорачуваат леб, граѓаните се изнанадени и револтирано излегуваат од маркетите. „Бев во неколку продавници, нема да се купи леб. Не знам дали е ова во ред. Слушнавме на вести синоќа, но не ми се верува дека и покрај субвенциите што ги добиваа пекарниците, може вака алчно да се однесуваат кон потрошувачите“, вели еден пензионер што утрово тргнал по леб. Оваа одлука на пекарите следи откако, владата ја замрзна цената на…
Европското обвинителство денеска го презентираше извештајот за своите активности во 2022 година, во кој е соопштено дека во Бугарија се водат 143 истраги за сомневање за измама со буџетот на ЕУ во вкупна вредност од 492,6 милиони евра. Минатата година инспекциите почнале 101 истрага, за непокриени трошоци од 176,3 милиони евра. Ревизиите за измами со ДДВ се за штета од 2,6 милиона евра. На барање на Обвинителството на ЕУ изречена е заплена на имот од 6,5 милиони евра. Поднесено е едно обвинение, 11 предмети се затворени без казни, 25 се изведени на суд, 19 предмети се споени. Проверките се водат…
Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани. Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што…
Не им се ускратува ништо од калкулациите на компаниите, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со донесената владина одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Според него, моменталната цена на брашното е 26 – 28 денари по килограм што е соодветно за цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама да биде максимум 32 денара. „Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител…
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска изјави дека Унгарија има намера да испрати парламентарна делегација во Финска околу 9 март за да разговара за членството на оваа скандинавска земја во НАТО. Унгарија и Турција се единствените земји членки на НАТО што допрва треба да ги ратификуваат барањата на Финска и Шведска за пристапување во Алијансата. Шведска и Финска аплицираа за приклучување кон Алијансата минатата година откако Русија ја нападна Украина, но се соочи со негодување од Турција. Унгарија соопшти дека наскоро ќе даде „зелено светло“ за прием на нови членки, додека Турција тврди дека Шведска не направила доволно за…
Целта на прифатениот европски предлог и на дијалогот Белград-Приштина не е „взаемно признавање“, туку постигнување сеопфатен договор за регулирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската унија, Петер Стано.Одговарајќи на новинарско прашање Стано додаде дека успех ќе биде потпишувањето на конечниот договор за сеопфатно уредување на односите меѓу Косово и Србија. Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека договорот на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека е неопходно да се започне со спроведување на европскиот предлог е јасен напредок. „Сега доаѓа суштинскиот, важен дел, а тоа е…
Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната. Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, која ги наведува ризиците поврзани со таквата интеграција како аргумент за оправдување на нејзината инвазија. „Прашањето сега е да се осигураме дека Украина ќе остане независна…
По Френсис Форд Копола и Емир Кустурица, Остлунд станува,третиот двократно наградуван режисер кој станал претседател на жирито и првиот што ја преземал оваа улога годината по неговото крунисување. Излегува дека е прилично календарска година за шведскиот режисер Рубен Остлунд кој е најавен за претседател на овогодинешниот Кански филмски фестивал во мај. Од неговиот успех со освојувањето на посакуваната „Златна палма“ по втор пат минатата година со неговиот повеќекратни награден „Триаголник на тагата“, Швеѓанецот ќе го предводи панелот, 50 години по неговата сонародничка Ингрид Бергман. По Френсис Форд Копола и Емир Кустурица, Остлунд станува,третиот двократно наградуван режисер кој станал претседател на…
Главниот контратерористички проблем на Северна Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година. Според извештајот, заканата од терористички напади во земјава е „просечно висока“ или средна. Во Северна Македонија, како и во Србија Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти. Враќањето на странските терористички борци во Северна Македонија, а такви активности се забалежани и во Косово, претставува проблем „со оглед на можноста овие лица да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други…
Пишува: Ана Василевска Четири убиства, 58 телесни повреди, загрозување на безбедноста и кривично дело за присилба меѓу вкупно 106 кривични дела за семејно насилство евидентирани во месец јануари во МВР. Во оваа статистика на Министерството за внатрешни работи, во првиот месец од годинава, регистрирани се и 516 поплаки и 30 прекршоци по основ на семејно насилство. Опсервирано по подрачја, од регистрираните кривични дела “убиство“, две се извршени на подрачје на Скопје, и по едно во Куманово и во Струмица, за што се пријавени четворица сторители и пет жртви. Податоците што ги доби НоваТВ, се поразителни и покажуваат интензивирање и пораст…
Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет…