Author: Ана Василевска

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе пристигне во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мелони, која ја презеде функцијата минатиот октомври, претходно изјави дека планира да го посети Киев пред годишнината од руската инвазија на Украина – 24 февруари. И покрај несогласувањата за ова прашање во нејзината десничарска коалиција и поделеното јавно мислење, Мелони е цврст поддржувач на Украина.   Италија и Франција неодамна ги завршија преговорите за испорака на напреден систем за ПВО на Киев напролет.

Read More

Навални“, кој се фокусира на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, победи во категоријата документарен филм. Филмаџиите му ја посветија наградата на Навални – кој минатата година беше осуден на 9 години затвор за очигледна голема измама и презир од страна на рускиот суд – и на неговото семејство, како и на бугарскиот истражувачки новинар Кристо Грозев. Германскиот римејк на „Сите тивки на западниот фронт“ доминираше на овогодинешните награди БАФТА, соборувајќи го рекордот за најмногу награди освоени од филм што не е на англиски јазик. Антивоениот еп е заснован на истоимениот роман од авторот Ерих Марија Ремарк од 1928 година.…

Read More

Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 – XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија. СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот. Пациентот е на домашно лекување, јави БТА.

Read More

Лавина коментари на социјалните мрежи и осуда од Здруженијата за човекови права, „Хелсиншкиот комитет за човекови права“,   Здружението „Медуза“ и „Цивил“ – Центар за слобода, по споделувањето на извесно интервју на јутјуберот Лазаров со Драган Павловиќ Латас. Во интервјуто Латас раскажува за неговото прво сексуално искуство и зборува дека станувало збор за секс во автомобил „Фичо“ . Исто така раскажа дека со девојката секс имале повеќе мажи а тој бил еден од учесниците „под присила“. На видето се спомнуваат и шлаканици на девојката, за „полесна возбуда“ на еден од учесниците. Згрозени од оваа изјава на Латас, Здруженијата повикуваат на одговорност,…

Read More

Државата самостојно ги задоволи потребите за струја за првпат по 15 години, енергетските мерки ќе доведат и до намалување на цената Љубиша АРСИЌ Последните податоци покажуваат дека во месец јануари, за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во земјава, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети, додека само 13% се обезбедени од увоз, за разлика од вообичаените 30% во просек порано. Ваквите резултати пред се се должат на заштедата на електрична енергија кај компаниите, институциите и домаќинствата, но и на зголемувањето на домашните капацитети за производство. Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов кажа…

Read More

На уставните измени треба да гледаме како на потреба ние самите да си го заштитиме и зајакнеме идентитет наспроти Бугарија, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Македонско радио. „Со ставањето, додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, да кажам според конвенциите. А секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници коишто се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме…

Read More

Денес во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп. Церемонијата започна со интонирање на Националните химни на Република Северна Македонија и Украина, по што пред присутните гости и истакнати личности од Прилеп, се обратија градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Лесја Украинка, Олександар Урбанович, претсесателот на здружението на почесни конзули, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, новоназначениот конзул Наумоски и претставникот на Цивил, Џабир Дерала. По говорите следеше потпишување на Договор за вршење на функцијата ПКУ. М. Д.

Read More

Во Кинотеката денеска беше промовиран новиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од УНЕСКО, британскиот Совет и Италијанската агенција за развојна соработка. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во своето обраќање ја поздрави препознаената вредност на културата во земјите од Западен Балкан и изрази уверување дека со овој повик до уметниците и до културните работници, меѓукултурниот дијалог добива огромна шанса и свои пет минути. „Кога на земјите од Западен Балкан им отворате прозорец за културна соработка, им помагате во надминување на бариерите за регионално поврзување и во градењето капацитет за меѓусебна соработка, вие ширум…

Read More

Во времето на ковид пандемијата деловните банки во земјава го скратија своето работно време, престанаа да работат во сабота, максимално што можеа апелираа да се косистат банкомати и онлајн алатки за плаќање, а по враќањето во „новото нормално“, и по економската светска криза, тие ги зголемија и провизиите, особено тие за подигање на пари од шалтер, иако времето за чекање на оваа услуга зависи од потребите на корисниците., а не од квалитетот на услугата, бидејќи кога се исплаќаат плати и пензии, речиси во сите банки има гужва и ред за чекање.  Користењето на транскациска сметка за вработените, пензионерите е…

Read More

Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон. Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со тогашниот премиер Борис Џонсон и други чувствителни документи. Смит се изјасни за виновен за осум прекршоци според Законот за службени тајни во ноември, вклучително и обвинение за предавање информации на Сергеј Чукров, рускиот воен аташе во Берлин, во ноември 2020 година. Останатите седум обвиненија се…

Read More

Бојан Јовановски, Боки 13 ја манипулира јавноста со Законот за кривична постапка и со Уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев, реагираат од Кривичен суд Скопје, по обвинувањата на осудениот, кој тврди дека по налог на претседателот на судот Иван Џолев, се фалсификува судски налог со цел Јовановски да остане во „Идризово“, иако, како наведува е тешко болен. „Најпрво, се работи за НЕ правосилно решение на кое странките веќе поднеле жалба по која треба да одлучува Кривичниот совет. Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска…

Read More

За справување со хакерските напади како еден од клучните современи безбедносни предизвици многу е важна превенцијата, односно превентивните мерки што се преземаат од страна на институциите за заштита на електронските податоци, а поради разорноста на последиците од ваквите напади, тоа треба да биде главен приоритет на раководителите на институциите, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „Да се преземаат мерки во однос на хакерските напади. Сите тие хакерски напади се пријавени и се врши истрага во овој дел. Меѓутоа многу е важно сите институции да преземаме предвремени мерки за заштита на електронските податоци и на електронските системи затоа што најевтино…

Read More