Author: Ана Василевска
Турција и Сирија се опоравуваат од најтешките земјотреси што го погодија регионот по речиси еден век, и ова се смета за седмата најголема катастрофа во овој век. Почетниот земјотрес со јачина од 7,8 степени во југоисточна Турција и северна Сирија беше проследен со уште еден потрес од 7,7 степени. Регионот се провлекува низ голем број раседни линии, што значи дека потресите се доста вообичаени, но колку често се случуваат земјотреси со оваа јачина? Според Саскија Гоес, професор по геофизика на Империал колеџ во Лондон, во овој регион катастрофи од овие размери се случуваат еднаш на секои сто или неколку стотици…
Новороденото девојче спасено од урнатините по разорниот земјотрес во Сирија, во кој загина нејзината мајка и другите членови на семејството, го доби името Аја, што на арапски значи „знак од Бога“ или „чудо“, а за неа ќе се грижи роднина. Аја, која во моментот кога беше извлечена од урнатините во Ксендерис, сè уште беше врзана за папочната врвца за нејзината повредена мајка, се уште е во болница, нејзината состојба од ден на ден се подобрува, изјави доктор од болницата во Африн. „Ја именувавме Аја за да престанеме да ја нарекуваме новороденче“, изјави д-р Хани Маруф од болницата Џихан, пренесе Гардијан.…
Молдавските разузнавачки служби објавија дека откриле „дестабилизирачки“ активности откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е откриен руски план насочен кон поранешната советска република. „Врз основа на информациите обезбедени од нашиот украински партнер и внатрешните податоци, потврдуваме дека идентификувавме активности насочени кон слабеење и дестабилизација на Молдавија“, напишаа во соопштението на молдавските разузнавачки служби (СИС). „Во оваа фаза не можеме да дадеме повеќе детали поради ризикот од компромитирање“ на мерките преземени за „разјаснување“ на она што се случило, се додава во соопштението. „Нашите институции работат на безбедноста на земјата и ги користат сите информации од нашите партнери за да спречат такви…
Дојавата за бомба ги затвори сите згради во главниот град на Бугарија во кои се наоѓа обвинителството, јавија софиски медиуми. Утрово околу осум часот по локално време на мејлот на Јавното обвинителство на Бугарија е испратена порака во која се тврди дека има бомба во обвинителството. Поради тоа беше неопходно затворање на Судската палата, во која заедно со судот се сместени и раководството на државното обвинителство и градското обвинителство на Софија. Во моментот полицијата врши проверки. Се проверува и зградата на Окружниот суд во Софија каде што се наоѓа Окружното обвинителство на Софија, како и други простории на државното обвинителство.…
Курдските милитанти привремено ги прекинуваат „операциите“ во Турција по големиот земјотрес во земјата и Сирија, изјави лидер на ПКК. „Стоп за операциите во Турција, во градовите. Решивме да не спроведуваме никаква операција се додека турската држава не не напаѓа“, рече водачот Џемил Бајик цитиран од АНФ, новинска агенција блиска до Курдистанската работничка партија. „Земјотресот предизвика огромна катастрофа. Илјадници наши луѓе се под урнатините. Секој мора да се мобилизира“, додаде тој. ПКК води повеќедецениски бунт против турската држава во кој загинаа десетици илјади цивили и безбедносни лица. Во декември, бомба погоди оклопно полициско комбе во југоисточна Турција, при што беа…
Најстудено утрово е во Берово со измерени -14 и Маврови Анови и Попова Шапка со -12 степени. Во Скопје утрово се измерени -11 степени. Висината на снежната покривка утрово изнесувала 60 сантиметри во Попова Шапка, 18 во Маврови Анови, 14 во Лазарополе, 4 во Крушево, 2 Ѓуриште, 1 Берово. Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала локална облачност, претежно тивко и многу студено. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб ветер…
Кучињата имаат силен потенциран инстинкт да помогнат и исклучително силни сетила за мирис кои се клучни за помош при природни катастрофи како што е земјотресот. Откако во понеделникот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала погоди неколку области во Турција и Сирија, голем број држави како дел од спасувачките тимови испратија и кучиња трагачи. На социјалните мрежи и на медиумите од понеделникот се споделуваат фотографии од кучиња кои ги пронаоѓаат преживеаните заглавени под рушевините, па дури се појави и фотографија од куче за кое се споделува дека спасило десет човечки животи. Нашиот тим за претрага и спасување составен…
По извршените проверки на полициските екипи во 13 основни и 6 средни училишта кои денеска добија закани на електронските адреси за поставени експлозивни направи, информираат од МВР. „Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (09.02.2023) во 15.55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.“, соопштуваат од МВР. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека европскиот предлог, кој е познат како француско-германски предлог, е рамка за основен договор меѓу Косово и Србија, а не конечен. „Тоа не е конечен, туку е рамковен, основен договор. Овој договор, кој има цели параграфи и реченици кои се преземени по моделот на двете Германии, сепак е само основен договор, а не правно обврзувачки договор, што ни треба“, рече Курти на седницата на косовското Собрание. Тој рече дека за постигнување договор е потребен долг процес на преговори и дека не може да има конечен договор без меѓусебно признавање. „Тоа што ни треба е…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека следен пат ќе оди во Брисел кога ќе биде „испорачана Заедницата на српските општини“, јави Бета. Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел најави дека ќе ги покани Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Брисел за да разговараат за европскиот план за Косово. „Тие треба да ми кажат што е смислата на тоа (средба со Курти). Ако мислите дека ме викате во Брисел за да ме убедите да кажам Заедница на српски општини во исто време кога не знам што или по нешто, не ми се јавувајте“, рече Вучиќ. Според него, „очекувана“…
По хакерскиот напад на ФЗОРСМ: Осигурениците можат да ги остваруваат правата преку подрачните служби
ФЗОРСМ ја известува јавноста дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби на Фондот, кои во континуитет ќе ги примаат барањата. Покрај ова, Подрачните единици се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат. Барања за нови породилни боледувања исто можат да се поднесат директно преку Подрачните единици на Фондот. Експертските тимови работат 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок, приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите. Пациентите ќе можат и понатаму…
Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, рече ресорниот министер Беким Сали. По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чуствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза. „Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И они ја знаат мојата спремност за решавање на тој порблем кој за жал беше…