Author: Ана Василевска

Сè уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“. Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од…

Read More

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се обидоа да ја префрлат вината за нејзината целосна инвазија на Украина и нејзините последици врз глобалната економија, а особено врз безбедноста на енергијата и храната, врз Киев и неговите западни сојузници. Експерти за дезинформации ќе бидат распоредени во канцелариите на Европската унија ширум светот за да се спротивстават на лажните наративи што ги шират малигните актери, вклучувајќи ги Русија и Кина, изјави во вторникот највисокиот дипломат на унијата,  Жосеп Борел. Според него за Русија дезинформациите се клучен инструмент во војната и таа вложува огромни средства кои ги надминаа инвестициите на ЕУ во оваа…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Велика Британија и ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на Сунак. Според информациите на британските медиуми, Зеленски ќе ги посети украинските војници кои се на обука во Велика Британија и ќе се обрати пред британскиот Парламент. Оттаму наведуваат дека канцеларијата на Сунак објавила планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци, како и дека ќе се забрза снабдувањето со опрема за украинската војска.

Read More

Поранешниот премиер на Велика Британија сер Џон Мејџор (79) денеска пред Вестминстерскиот комитет изјави дека Британија направила „голема грешка“ кога ја напуштила Европската Унија. Мејџор рече дека иако не е „голем еврофил“, тој верува дека Британија била посилна кога била во ЕУ, објави Блумберг. Заменик-претседателот на Алијансата Стивен Фери го праша Мејџор дали би била предност за Велика Британија да биде во ЕУ за време на почетокот на мировните преговори во Северна Ирска во 1990-тите. Мејџор, кој водеше кампања за останување во ЕУ во пресрет на референдумот за Брегзит во 2016 година, рече дека членството во европскиот блок „го олесни…

Read More

Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата во силниот земјотрес на југот на земјата, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Се проценува дека се уништени околу 6.000 згради. Засега е познато дека повеќе од 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија. Околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија беа погодени од земјотресот, од кои 13,5 милиони луѓе се од Турција, изјави турскиот министер за развој, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесе „Еј-би-си“.

Read More

Денеска и утре Попова Шапка е домаќин на државното првенство во сноуборд на Македонија и „ФИС Сноуборд Куп 2023″, во организација на Скијачката федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и сноуборд клубот XMKD. (ХМКД). На првенството, покрај домашните претставници учествуваат повеќе од 50 натпреварувачи од повеќе земји од Србија, Бугарија, Грција и Романија.Натпреварувачите денеска се натпреваруваат во велеслалом, а утре во слоупстајл (олимписки дисциплини), во машка и женска конкуренција.-Попова Шапка нуди одлични климатски и географски услови за уживање во зимските спортови, а со континуираните инвестиции во скијачките капацитети, соработката со Скијачката Федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) и…

Read More

Стратешкиот дијалог со САД не е алтернатива, туку е комплементарен на процесот на ЕУ-интеграција. Не очекуваме ново вето од Бугарија, одговори шефот на дипломатијата Бујар Осман на заедничката прес-конфренција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски посветена на увоениот план на активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. „Точно е дека стратешкиот  дијалог беше инициран од наша страна тогаш кога беше неизвесно дали ќе почнат преговорите. Бидејќи сметавме дека ни треба еден таков процес во којшто ќе се следат сите аспекти од развојот на општеството – антикорупциска политика, владеење на право, тие поглавја коишто ги има во ЕУ.…

Read More

Бугарската полиција информира дека се откриени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тие биле приведени во полициска станица поради кршењето на стаклата од објектот. „Четири лица се приведени. Целосно признаа дека го сториле делото“, изјавила за „Радио Благоевград“ Јорданка Шаркова, портпаролка на Регионалната управа на бугарското Министерството за внатрешни работи – Благоевград. Прозорецот на македонскиот клуб во Благоевград беше искршен вечерта на 4-ти февруари, на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Македонските власти го осудија ваквиот немил настан и побараа детална истрага за инцидентот. Клубот беше отворен во тензична атмосфера лани на 30 октомври во…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека државава ќе испрати помош и за Сирија по разорниот земјотрес со којшто беа зафатени со Турција, а за која Владата вчера на итна седница веќе донесена одлука да испрати  помош. „Нашето Министерство за надворешни работи веќе комуницира и со колегите од Сирија за да видиме што можеме и таму да испратиме како помош, кои се нивните потреби. Штом ќе можеме да идентификуваме кои би биле потребите, согласно нашите можности, тогаш се разбира дека и Сирија е држава која ќе биде помогната од наша страна“, рече Ковачевски, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на…

Read More

Сирискиот Црвен крст денеска ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.600 лица.„Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се укинат по ваков земјотрес“, изјави директорот на сирискиот огранок на Црвениот крст Калед Хабубати на прес-конференција во Дамаск. Сирија, на чело со претседателот Башар ал Асад, е под меѓународни санкции од почетокот на војната во 2011 година, што значително ја намали трговијата со остатокот од светот. Дамаск посочува дека економската криза во земјата е директна последица на меѓународните санкции.…

Read More

Поранешниот амбасадор на СРЈ во САД, Небојша Вујовиќ, денеска изјави дека „големата петорка“ нема да дозволи српскиот претседател Александар Вучиќ да организира вонредни претседателски и парламентарни избори во 2023 година. Вујовиќ за агенцијата Бета изјави дека претседателот Вучиќ е во многу тешка ситуација и дека неговата политичка моќ почнала да се „нагризува“. Според него, најавата за распишување вонредни избори наесен претставува „прст во око“ за меѓународната заедница предводена од ЕУ и САД. „Претставниците на Европската Унија и САД, кои се ангажирани за решавање на косовското прашање, таканаречената „големата петорка“, нема да дозволат Александар Вучиќ да распише предвремени избори бидејќи, според…

Read More