Author: Ана Василевска

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, во рамки на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо. Таа најави отворање канцеларија на УНЕСКО во Охрид. „Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска. На средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Северна Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО кои се…

Read More

Нема навестување дека Русија и Украина се движат кон преговарачката маса, а  шефот на ОН Антонио Гутереш издаде остро предупредување. Генералниот секретар на ОН рече дека изгледите за мир „постојано се намалуваат“. Гутереш истакна дека руската инвазија на Украина нанесува незапаметени страдања на украинскиот народ, „со длабоки глобални импликации“. „Шансите за понатамошна ескалација и крвопролевање продолжуваат да растат. Се плашам дека светот не месечари во поширока војна. Се плашам дека тоа го прави со очи ширум отворени.“ Полска презема дополнителни чекори за зајакнување на своите одбранбени способности бидејќи руската војна во соседна Украина влегува во втората година. А последиците од…

Read More

Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки. „Денеска околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

Read More

Работничката партија на Курдистан, која се смета за терористичка во Турција, ЕУ и САД, изврши напад со повеќецевен ракетен фрлач од сирискиот Тал Рифат на граничниот премин Ончупинар, во близина на турскиот град Килис, јави Анадолија. Нападот се случи еден ден откако два разорни земјотреси го погодија регионот.„Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која е целосно туѓа на човештвото, дури го искористи земјотресот и изврши гнасен напад со повеќецевен ракетен фрлач од Тал Рифат врз зоната на одговорност на нашиот граничен премин Ончупинар. Иако немаше штети или жртви меѓу нашите единици, тие возвратија со оган на терористичките цели“, се наведува во соопштението на…

Read More

Сер Пол Макартни ќе ја стопли сцената на претстојната церемонија на крунисување на кралот Чарлс Трети во мај. Според извештаите, 80-годишната икона ќе придонесе со својот музички допир на тридневниот настан, кој ќе се одржи во сабота, 6 мај 2023 година. „Сан“ објави: „Кралските организатори се многу заинтересирани да го примат Пол за оваа историска изведба што се случува еднаш во животот. „Пол е совршено решение благодарение на неговиот обемен опус  назад и огромната глобална привлечност“, додаде монархот. Би-Би-Си треба да емитува во живо, од церемонијата во замокот Виндзор, во недела, на 7 мај.

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка. „Важен аспект на дешената посета е секако процесот на прошивање на ЕУ и драго ми е што после првата меѓувладина конференција започнаа преговите за пристапување на Северна Македонија во јули минатата година под наше претседавање со ЕУ. Се надевам земјата ќе продолжи со реформите и ќе ги донесе уставните…

Read More

Само неколку часа по првиот земјотрес беа испратени 15 тимови за пребарување од 13 земји. Кога станува збор за итна помош при катастрофи, хуманитарните организации играат клучна улога што спасува животи. Но, како тие се мобилизираат на терен и како даваат витална помош за да стигне што е можно побгу и поефективно? И како тие одредуваат каде е најитно потребна помош? За Ема Форстер, која работи за Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) и е во Дамаск од септември, првичното предупредување доаѓа од безбедносниот тим на НРЦ. Нејзиниот прв приоритет – број на луѓе. „Се контактираат членовите на персоналот за да…

Read More

Пред федералниот суд во Чикаго ќе бидат здружени речиси 60 тужби во кои се тврди дека производите за омекнување на косата што ги продава американската филијала на „Лореал“ и други компании предизвикуваат рак и други здравствени проблеми. Најмалку 57 тужби се поднесени пред федералните судови низ САД за производи кои користат трајни хемикалии за исправување на косата, покажуваат судските поднесоци. Во тужбите се наведува дека компаниите знаеле дека нивните производи содржат опасни хемикалии, но сепак ги продавале. Во случаите се назначени американската подружница на „Лореал“ и филијалите на индиските компании Godrej SON Holdings Inc и Dabur International Ltd. Во соопштението…

Read More

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифатило предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни. „Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, објави Лајчак на Твитер. Високиот претставник на ЕУ додаде дека во понеделникот во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бислими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на…

Read More

Европската комисија нагласува дека помошта ќе дојде во форма на заеми, кои ќе се исплатат во две транши. Овие две плаќања би биле условени со спроведување на политичките мерки кои треба да се договорат меѓу Северна Македонија и ЕУ со Меморандум за разбирање. Комисијата на Европската унија, денеска предложи да се обезбеди до 100 милиони евра макрофинансиска помош (МНР) за Северна Македонија. Со овој предлог, Комисијата стои до Северна Македонија во тешки времиња, бидејќи, по руската воена агресија врз Украина, надворешниот биланс на земјата брзо се влоши поради нејзината голема зависност од увоз на гориво и електрична енергија,  објави денска…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот,  рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре. Притисокот од јавноста и пораката пратена од стотици граѓани како и од вработените за поддршка на Младинскиот културен центар во напорот институцијата да остане независна од партизација, не само што не беше земен предвид, туку градоначалничката Данела Арсовска сугерира нов „ингениозен“ предизвик. МКЦ можел да работи самоодржливо? Тоа што таа и новиот директор за „безбедност и криминалистика“…

Read More

Претседателката на Антикорупциската комисија за ЦИВИЛ Медиа изјави дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија во врска со исплати од Филмскиот фонд, за филмови врзани со режисерот Милчо Манчевски и други режисери, но директорот на фондот Бојан Лазаревски вели дека откако тој е на позицијата директор на оваа институција никој не побарал документи за истрага. Откако јас сум именуван како директор на Агенцијата за филм, до институцијата нема доставено било какво барање за податоци или спроведени постапки во однос на доделување на поддршката и трошењето на средствата поврзани со горенаведените проекти или во врска со наведениот автор, вели…

Read More