Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Центарот за правата на децата во Албанија јавно ја изрази својата загриженост по извештаите објавени на државната полиција дека само во последните шест месеци, 36 деца-странци, без придружба, исчезнале во непознат правец. Алтин Хазизај, од Центарот за правата на децата во Албанија, вели дека децата без придружба се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство, па дури и трговија со органи, а за албанските власти обврска е нивната физичка безбедност, заштита и развој. „Тоа се деца кои доаѓаат од земји како Сирија и Иран. Децата без придружба секогаш се изложени на ризик од трговија за сексуални цели, ропство…
Во Брисел денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 1 – „Слободно движење на стоки“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“. Делегацијата на Северна Македонија ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Северна Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која го посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје, со конкретниБрисел активности. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговорите со Европската Унија ќе ги отстранат сите пречки во областа на трговијата. „Со почитување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), од 2009 година донесовме сеопфатна хоризонтална Стратегија за слободно движење на стоки и целосно…
БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ Соборувањето на кинескиот шпионски балон ги втурна односите меѓу Вашингтон и Пекинг во нова криза а надворешната полтика на ЕУ пред нови искушенија. Со влошувањето на односите меѓу двете суперсили, лидерите на ЕУ се во незгодна позиција. Како стојат работите на теренот во овој геополтички земјотрес што упорно тресе со висок интензитет. ЕУ се чини дека ќе бидат под засилен притисок од Белата куќа да застанат на страната на САД и да ги здружат силите против Кина. Оваа незгодна епизода доаѓа во време токму кога ЕУ планира да ги затопли односите со Пекинг. Би било поедноставно ако во…
Балонот забележан над Јужна Америка е кинески и е за цивилни цели, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Мао додаде дека балонот има ограничена можност да го промени својот курс. Колумбиските воздухопловни сили во кусото соопштение во саботата соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана откриле балон во петокот наутро. „Ова е неочекуван, изолиран инцидент“, рече Мао одговарајќи на новинарско прашање колку е сериозен инцидентот. Таа додаде дека Кина и САД треба да се справат со влегувањето на кинескиот балон во воздушниот простор на САД на мирен и соодветен начин, без употреба на…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Северна Македонија ѝ ги расипа плановите на Москва и не дозволи растечките тензии меѓу Скопје и Софија да се претворат во отворен конфликт, иако беа доведени многу блиску до таа граница, откако чествувањето на годишнината од раѓањето на идеологот и организаторот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев беше прогласен за настан од висок безбедносен ризик по што државата ги презеде сите неопходни мерки за да го стави под контрола. Ако некој се сомневаше дека Москва е инспиратор, или во голема мерка ги поттурнува кон екстремни состојби релациите меѓу Северна Македонија и Бугарија со злоупотреба на разликите во Скопје…
Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак. Според агендата, Пендаровски и Новак ќе одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе одржат пленарен состанок. Во рамки на посетата, во црквата Св. Спас во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. За време на официјалната посета, унгарската претседателка Новак ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а заедно со претседателот Пендаровски ќе остварат средба со претставници на младински организации. Како што најави Министерството…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава се огласи по разорниот земјотрес што денеска ги погоди Турција и Сирија и однесе голем број животи и најави помош од ЕУ. „Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне“, напиша Борел на Твитер. Холандскиот премиер Марк Руте најави дека холандски тим за потрага и спасување ќе се приклучи во потрагата по преживеани во Турција и во Сирија. Тој преку објава на Твитер му изрази сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека и Грција „ќе ги…
Во црквата „Св. Спас“ почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Пристигнати се претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија. Според најавите од бугарското МВР, се очекува да присуствува и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов во 12 часот. Во црквата „Св. Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари кои поминуваат…
Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје. Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација. На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и ќе се носи на наредна седница. Судскиот совет, информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна…
Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО следниот месец, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, јави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори. „Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО … согласноста од Анкара за пристапување на Финска во НАТО треба да се очекува во средината на март“, наведува Блумберг. „Се осврнавме на прашањата што Анкара ги смета за вознемирувачки. Очекуваме Турција и Унгарија да го ратификуваат нашето членство во НАТО што е можно поскоро, изјави претходно премиерката на Финска“, Сана Марин. Таа…
Германската Влада издаде дозвола за извоз на борбени тенкови Леопард 1 во Украина, изјави денеска портпаролот Штефен Хебестрајт во Берлин. Досега, Владата имаше одлука за одобрение единствено за испорака на модерни главни борбени тенкови Леопард 2 од воената залиха на Бундесверот. Германскиот дневен весник Зидојче цајтунг претходно објави дека производителите Рајнметал и Фленсбургер Фахрцеугбау Геселшафт (FFG) сакаат да обноват десетици тенкови Леопард 1 и би можеле да ги достават во Украина за да се борат против Русија, доколку Киев е подготвен да ги купи. Сепак, се додава во извештајот, досега имало проблеми со набавката на муниција.
Комисијата за спречување корупција чека извештај од Државниот завод за ревизија за да одлучи дали има основ за продолжување на постапката за утврдување на можни злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм од страна на режисерот Милчо Манчевски, информираа од Комисијата по објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“. Комисијата уште пред неколку години го отворила предметот и утврдила дека за потрошените пари за снимање на некои филмови не биле доставени финансиски извештаи по што побарала кривично гонење за тогашниот директор, а на…