Author: Ана Василевска

Според најавите, почит на великанот на македонската револуционерна борба ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски. По повод 151-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев за в сабота е најавено повеќе делегации да положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Во пресрет на чествувањето на годишнината, кое е оквалификувано како настан од висок ризик, видливо е засилено полициско обезбедување околу црквата „Свети Спас“, со цел да се избегнат евентуални инциденти по најавите на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ за „организирање херојска стража и целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев“ и можното пристигнување…

Read More

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), најостро го осудува наративот на јавното омаловажување и говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена на социјалните мрежи упатени кон новинарот Борјан Јовановски.“, се вели во соопштението на ЗНМ. На 28 Јануари, Јовановски на својот профил на социјалната мрежа Твитер напишал коментар со содржина во контекст на чествувањето на роденденот на македонскиот национален херој Гоце Делчев кој е веќе во фокусот на јавноста и кај нас и во Бугарија. Ваквиот коментар од страна на Јовановски, кој беше споделен и на неколку онлајн медиуми предизвика реакции на социјалните мрежи кои имаат навредлива,…

Read More

Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март. На почетокот на судењето второобвинетиот призна вина со што кривичната постапка за Гочев беше одвоена и закажана за 21 февруари, а судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која се товари за “злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Одбраната на Димова дополни уште три лица на листата сведоци, кои…

Read More

Објавен е извештајот за индекс за демократија во 2022 година, според кој Македонија повторно е едно место погоре. Од изборите во 2016 година до денес, индексот е покачен од 5.23 на 6.10. Западен Балкан бележи подобрување и враќање на индексот од пред пандемијата, додека од регионот најмногу има во Македонија, Црна Гора и Молдавија. Според овој извештај,  просечниот резултат на глобалниот индекс минатата година стагнирал. „И покрај очекувањата за враќање по укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата, резултатот беше речиси непроменет, на 5,29 (на скала од 0-10), во споредба со 5,28 во 2021 година. Позитивниот ефект на враќањето на индивидуалните…

Read More

Министерот за здравство, Беким Сали со објава преку својот  Фејсбук профил информира дека се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза. „На вчерашната владина седница иницирав обезбедување финансиски средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза. Се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на сите  пациенти“, напиша Сали. Набавката, како што посочуваат од МЗ, ќе се одвива во неколку фази, а во рамки на првата фаза, се очекува во текот на утрешниот…

Read More

Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи. Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари. Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското МНР. Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа.

Read More

Претседателот Володимир Зеленски ја пофали тековната антикорупциска акција како „движење кон правдата“ откако украинските власти извршија рација и претресоа повеќе локации поврзани со актуелни и минати членови на Владата на Украина, пренесе Вашингтон пост. „Денес е плоден ден за нашата земја – плоден ден во соочувањето со оние кои се обидуваат да ја ослабат Украина“, рече тој во своето ноќно обраќање. Притисокот доаѓа само неколку дена пред закажаниот самит во Кијив меѓу Украина и Европската унија, за време на обидот Украина да стане полноправна членка на унијата. Украинските власти во средата извршија рација и претресоа повеќе локации, вклучително и домот на…

Read More

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Б.(43) од скопското село Арачиново затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење. Како што соопшти денеска МВР, подоцна била извршена контрола и во магацин на улицата „Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од кумановското село Романовце, од каде ја зел стоката. Сопственикот признал дека стоката е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите. „Пронајдената стока од…

Read More

Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба. Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник…

Read More

Во чест на одбележување на датумот од смртта на еден од најголемите мислители на денешнината Предраг Матвејевиќ, уметникот Зоран Кардула изработи извонредна илустрација.

Read More

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор, 11,5 отсто во декември, при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. Народната банка досега презеде повеќе мерки за поддршка на финансирањето на овој сегмент, вклучително и измената на инструментот задолжителна резерва, а во моментов се работи на подготовка на Стратегија за зелени финансии во соработка со Светската банка. Инвестициите во овој сегмент ќе ја намалат ранливоста на македонската економија и ќе ја поддржат макроекономската стабилност. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката…

Read More

Новите закони значат дека трансродовите лица на возраст од 18 години и постари можат законски да го променат својот пол со потпишување изјава, и повеќе не мора прво да поминуваат низ тежок процес на медицинско и психијатриско одобрување. Финска усвои нов, прогресивен закон за права кој значително им олеснува на транс луѓето да го променат нивниот правен пол. Премиерката Сана Марин рече дека законот е приоритет за нејзината влада и во средата беше усвоен со големо мнозинство во парламентот со 113 гласа за, 69 против. На гласањето не присуствуваа 17 пратеници, но немаше воздржани. Политичарите од петпартиската коалициска влада на…

Read More