Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Зеленски: Жестокиот напад на Русија на истокот на Украина е одмазда за претходните загуби во војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша интензивната офанзива на Русија на истокот како „одмазда“ за претходните загуби во војната. „Не мислам дека ќе може да му обезбеди на своето општество каков било убедлив резултат од офанзивата. Јас сум сигурен во нашата армија. Ќе ги запреме, малку по малку, и ќе ја подготвиме нашата голема контраофанзива“, рече Зеленски, додавајќи дека Русите претрпеле огромни загуби во нападите во изминатите неколку недели.
„Може да правиме добри презентации за сета модерна опрема што ја купуваме за Армијата. Таа е голема и по вредност и по значење, со неа се јакнат капацитетите на Армијата, но нема да бидеме успешни ако зборуваме само за модернизација на опремата и ги заборавиме луѓето. Токму затоа направивме измени и дополнувања на Законот за служба во армијата“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска на годишната конференција „Година на нови можности“. Таа додаде дека со измените на законот се подобрува стандардот на припадниците на Армијата и се создаваат услови за привлекување на млади кадри. „Имаме редовно покачување на платите, опремнина…
Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Секој сака да биде уникатен. Ама, истовремено, да не биде и претерано забележлив – тоа е лошо за сопствената безбедност и благосостојба. Нашата лична интерпретација на околностите е информацијата која ја внесуваме во нашиот личен систем со цел регулација меѓу двете состојби – уникатност или стопеност со останатите – конформизам. Во секој момент инстинктивно пресметуваме комбинација од овие две и на крајот на денот секоја замерка кон самите себе се сведува на свесно жалење за нашата инстинктивна употреба на малиот тежински фактор за некоја од нив. Младите (можеби, младите – во душа) почесто би избрале поголем тежински фактор…
„Повторно повикувам на меѓупартиски консензус за членството во ЕУ. Изгубивме две децении и историјата ќе биде безмилосна кон нас ако не ги продолжиме евроинтеграциите“ рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“. Тој додаде дека оваа година ќе работи и ќе се залага за формирање на широка расправа со цел да се бориме против пропагандата која не спречува да стигнеме до суштината на евроинтеграциите. „Врвен приоритет за нас ќе бидат добрососедските односи, за што еклатантен пример се односите со Грција со која имаме јасна и предвидлива соработка. Грција е наш…
Во Словенија минатата година повторно се намали индексот на перцепција на корупцијата и достигна историски ниско ниво, соопшти невладината меѓународна организација „Транспаренси интернешнeл“. Како што пренесува словенечката агенција СТА, Словенија лани падна за еден поен и со 56 поени се изедначи со Италија, Грузија и Чешка. „Наодите од овогодинешниот индекс на перцепција на корупцијата се многу загрижувачки, а „Транспаренси Интернешнл Словенија“ верува дека трендот ќе продолжи се додека носителите на одлуки не продолжат да спроведуваат нулта толеранција за корупцијата“, предупреди претседателката на словенечкиот огранок на „Транспаренси Интернешнел“, Нежа Грасели. Таа истакна дека „секој поединец може да придонесе со својот дел…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање околу денешната средба со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони. Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот комитет на која ќе се разговара за актуелните прашања.
Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. В четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и в сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, в петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Европскиот парламент се очекува во четврток да гласа за барањето на белгиските власти за укинување на имунитетот на европратениците Марк Тарабела (Белгија) и Андреа Коцолино (Италија), кои наводно се поврзани со случајот што стана познат како „Катаргејт“. Комитетот на ЕП што ги оценуваше барањата за одземање на имунитетот, денеска, на затворена седница, едногласно го поддржа инсистирањето на обвинителството, соопштија белгиските медиуми, цитирајќи ја известувачката Манон О’бри. Комитетот забележа дека Тарабела и Коцолино не се спротивставиле на одземањето на нивниот имунитет и дека за случајот се користи забрзана постапка. О’бри прецизираше дека на денешната одлука влијаеле признанијата на Антонио Панцери и…
Во 2022 година без издадени 226 лиценци за нови 150 мегавати од обновливи извори на енергија, а најмногу се фотоволтаиците, информира првиот човек на РЕК, Марко Бислимовски. Тој, за време на годишната конференција „Година на нови можности“ додаде дека за јануари веќе има 30 лиценци и над 150 барања во РЕК. „Во 2023 година ќе отидеме на 200 до 300 мегавати само од обновливи извори иако има и други големи проекти за фотоволтаци кои ќе се приклучат на мрежата. Треба да се знае дека од аспект на одржување, тие знаат да направат проблем, бидејќи произведуваат кога има сонце и ветер,…
Во време на енергетска криза најважно е да имаме стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, а граѓаните на Скопје, кој е единствен град со организирано парно греење да има топли радијатори, рече директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски на вториот ден од годишната конференција „Година на нови можности“. ЕСМ имаше најголема одговорност во последната година и пол, но ја имаше поддршката од Владата и компаниите зз да се надмине кризата. „Сите државни капацитети беа ставени во погон. Немаше драматични ситуации, но имаше потешкотии и кога кажуваа дека има јаглен само за два дена и дека ќе има рестрикции ние тоа…
Соживотот, побратимството и заемното почитување помеѓу населението во Преспа е главната тема во најновата монографија „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ во која авторот Борјан Јовановски ги пренесува приказните на неколку семејства, побратимени со генерации. Јовановски на денешната промоција на монографијата којашто се одржа во Скопје, ги сподели искуствата со кои се соочил додека ја изработувал монографијата. „Стапив во контакт со три семејства кои се од село Наколец, Љубојно и Дупени кои се побратимени во четири генерации, кога пресметав сфатив дека тоа е нешто што постои два века. Она што мене ме предизвика ова да го документирам е фактот…
Северна Македонија се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Интернешнел. Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала две места во споредба со минатогодишното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен. Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место. Во светски рамки годинава Данска, Финска и Нов Зеланд повторно се најдоа на врвот како најмалку корумпирани држави. Данска е прва…