Author: Ана Василевска

Промоција на монографијата Кодот на Преспа, Приказна за „загубениот пат“ од авторот Борјан Јовановски, во издание на Хелсиншки комитет за човекови права, ќе се одржи денеска во Скопје. Изданието ќе го претстават авторот Борјан Јовановски, историчарот Петар Тодоров и Вергим Шерифи. Во ракописот се поместени неколку интервјуа во кои се говори за побратимствата помеѓу поединци и семејства од различно етничко и религиско потекло што се негуваат со генерации во Преспа, а денес се препознаени како „специфичниот код на Преспа“. „Новинарот Борјан Јовановски, чие што семејство потекнува од Преспа, ја препознал вредноста на побратимството како општествена институција во културното и историското…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа навести дека Турција може да го одобри приемот на Финска во НАТО, но не и на Шведска. „Доколку е потребно, можеме да дадеме поинаква порака за Финска. Шведска ќе биде шокирана кога ќе дадеме поинаква порака за Финска, рече шефот на турската држава за кандидатурата на двете нордиски земји за членство во НАТО“, одговарајќи на прашање за време на средба со млади. Со оваа изјава Анкара првпат навестува дека е подготвена да ја третира кандидатурата на Финска одделно од кандидатурата на Шведска. Турција во вторникот го блокираше пристапувањето на Шведска и Финска во НАТО,…

Read More

Актуелните претседавања на Шведска со Европската Унија и на Северна Македонија со ОБСЕ беа меѓу темите за кои денеска на средба разговараа министерот за надворешни работи Бујар Османи и шведската амбасадорка во земјава, Ами Ларсон Џаин. Како што соопшти МНР, Османи и Џаин разговараа за зачленувањето на Шведска во НАТО и безбедносната состојба во Европа, за шведското претседавање со Меѓународна алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) и соработката во билатералната и мултилатералната сфера, како и за најновиот развој на состојбите во Југоисточна Европа. „Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот Османи информира за приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ…

Read More

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Во изјава за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека се чека Собранието да закаже седница и да се стави на дневен ред гласањето за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан. „Овој договор беше изгласан уште пред нова година на 24 седница на комисијата, сега зависи од Собранието кога ќе биде ставено на дневен ред“, додава…

Read More

Вчерашната посета на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Брисел беше одбележана со потврда на недвосмислената поддршка од нашите европски партнери за Северна Македонија и нејзиниот пат до полноправното членство во Европската Унија. Сепак, сите забележаа дека е потребно обединување и политички консензус за продолжување и остварување на европската перспектива. Откако во јули минатата година земјава формално ги започна преговорите за членство во ЕУ започнувајќи го скринингот, пред отворањето на првите поглавја од Северна Македонија се очекува промена на Преамбулата на Уставот, а потоа и забрзан процес на реформи со цел остварување на целта – членство во ЕУ до…

Read More

Програмските уредници на Младинскиот културен центар, денеска излегоа на прес конференција, по обвинувањата што кон нив и кон инстутуцијата за наводни нерегуларности, ги упати градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тие бараат да престане мобингот и заканите кон вработените, и доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Поставувањето на директорот кој е професионален детектив, според нив е политизација и партизација на институцијата и бараат да се отвори фер и регуларен конкурс за избор на квалификуван директор на МКЦ. „За жал, сепак мораше да дојде и ваков ден, каде што наместо прес-конференција на која ќе ја израдуваме…

Read More

Хари Локвенец, Небојша Гелевски и Горан Гулабовски (Хари, Бане, Гулаб) , се иницијалното студентско трио кое ќе ја отпочне оваа журналистичка сторија , која денес, може да се вброи во оние суштествени пресвртници и трајни вредности во нашето општество. На почетокот текстовите за весникот се предавале на дискета и се носеле на дијзанирање во дизајн студиото „Кома“. Некаде во 1995-96, првпат им бил испратен еден текст по мејл, но поради проблеми со DialUp конекцијата не успеале да го „симнат “, па текстот стигнал со „автобус“. Забавите кои ЕТФ ги организирал во тогашната дискотека во ГТЦ „Мусандра“ по секое излегување на…

Read More

Северна Македонија ги почна пристапните преговори со ЕУ лани на 19 јули, но за нивно продолжување во втората фаза, по завршување на билатералниот скрининг кој успешно се одвива, услов е спроведување на уставните измени и напредок во реформите, порачаа вчера извори од Европската Унија, посочувајќи дека е потребно обезбедување консензус за промена на Уставот. Повик за политичкото обединување околу евроинтегративниот процес и уставните измени, што ќе ја гарантираат европската перспектива на земјата беше упатен и од средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, додека премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница апелираше за…

Read More

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на МКЦ во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада. „Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада,…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Стотици граѓани од неколку генерации се собраа во неделата на музичко протестен хепенинг пред платото на Младинскиот културен центар да изразат незадоволство од притисокот на градоначалничката за смена на директорот. Новиот менаџер поставен од Данела Арсовска, извесен Никола Алексов, детектив по професија кој никогаш никој не го видел на ниту еден културен настан и веројатно во МКЦ стапнал сега по прв пат, стигнал со помошна Џи-Пи-Ес, ориентиран според дискотеката „Хард рок“, или „знаеш она место пред кое по полноќ стојат ноќните дами“, пред да ја заврши примарната задача за која е поставен (да потпише вработување за Арбен…

Read More

„Верувам дека во нашата држава е можно да се постигне европско парламентарно мнозинство кое ќе ја обезбеди европската иднина на Северна Македонија, бидејќи тоа е стратешки цел поставен од независноста на државата, а шансите за членство во ЕУ никогаш не биле поголеми и пореални“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интерју за српска „Политика“. Тој додаде дека одговорните политичари, лидери и пратениците го препознаваат тоа и ќе донесат разумни одлуки. „Северна Македонија чекори на европскиот пат, во тек е билатералниот скрининг и оваа година очекувам нов исчекор во евроинтеграциите. Тоа го базирам на определувањето на граѓаните во државата за членство во…

Read More

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа. Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери. Францускиот издавач „За момент“ (L’espace d’un instant) објави избор од единаесет есеи на македонскиот писател Стефановски. Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски,…

Read More