Author: Ана Василевска

Што сме ние виновни што Градот не го решава проблемот со превозот, ова не е проблем на Владата туку на градоначалничката Арсовска“, вели скопјанка во анкетата што ја спроведе ЦИВИЛ Медиа. И останатите граѓани го делат истото мислење, иако велат дека навистина не можат да разберат во кого е вината бидејќи од меѓусебните обвинувања не можат да проценат што е вистина, а што лага. Според досегашните изјави од Град Скопје, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје. Арсовска веќе неколку дена тврди дека не…

Read More

Косовскиот премиер, Албин Курти ги осуди вчерашните напади со експлозивни средства во северно Косово, за што ги обвини криминалните структури во таа област, за кои вели дека се „платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател“, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти преку неговата страница на Фејсбук порача дека, поради вчерашните напади врз канцелариите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица и во Зубин Поток, во тој дел од земјата ќе има зголемено полициско присуство. „Криминалните банди ги интензивираа нападите во северно Косово Тие знаат дека им доаѓа крајот. Владата на Косово ниту се пазари со нив,…

Read More

Германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека 25-те приведени лица, кои се осомничени дека дејствувале од позиици на десничарски екстремизам планирале државен удар, што би се извел до упад во Бундестагот. Како што се наведува, специјалните полициски сили ја спровеле операцијата „Соко-сенкс“ истовремено во 11 од вкупно 16 сојузни држави. По наредба на сојузното Обвинителство засега се приведени вкупно 25 лица, кои се осомничени дека се членови или поддржуваат терористичката организација „Граѓани на Рајхот“. Претресот е извршен во 130 куќи, канцеларии и други објекти. Се нагласува дека планот на екстремистите бил да извршат вооружен напад врз парламентот…

Read More

Закана за поставена бомба, пред половина час пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ). Извори за НоваТВ, сведочат дека во моментов се евакуираат вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје. Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот. Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата.Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.

Read More

Веќе трет ден како течат протестите и блокадите на приватните превозници на три критични сообраќајни точки во градот. Засега нема никаква реакција од Град Скопје, ниту абер дeка на повидок средба меѓу градоначалничката Данела Арсовска и преставници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ за исплаќање на долгот кој што го бараат од ЈСП Скопје. „Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат“, потврди вчера директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Според голем дел од јавноста, најголема штета од ваквиот хаос трпат граѓаните кои не можат да стигнат…

Read More

Американската амбасадорка во земјава,  Анџела Агелер се надева дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, односно едноставно за да биде против. Таа ова го нагласи, говорејќи за уставните измени во гостувањето во ТВ Сител. „Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата. И би била моја најискрена желба, гласовите од другата страна, гласовите низ државата кои го доведуваат ова во прашање, да погледнат добро што е тоа што е во најдобар интерес за…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска учествуваше и дискутираше на втората панел дискусија во рамките на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана. Тема на дискусија беа европските перспективи на Западен Балкан, заедничките заложби за демократијата, мирот и стабилноста на регионот и во цела Европа, како и меѓусебната поддршка во справувањето со економската и енергетската криза. Ковачевски истакна дека мирот и стабилноста на Балканот се предуслов за мир и стабилност на цела Европа, затоа сите заеднички, целиот регион треба да се залага да се постигне оваа цел. „Работејќи заедно на оваа важна цел, земјите…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е дел од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана. Маричиќ од Тирана вели дека одржувањето на Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во земја преговарач со Унијата, е позитивен сигнал за регионот и потврда за нашата европска перспектива. Тој додава дека денешното потпишување на заедничката декларација на телеком операторите на ЕУ и на Западен Балкан со што ќе поевтинат цените на роамингот всушност е директен механизам за интензивирање на конекциите и комуникациите меѓу граѓаните од Западен Балкан и граѓаните од ЕУ,…

Read More

Вложувањето во младите лекари специјализанти, во нивна експертиза и знаење, е влог во подобрување и усовршување на целиот здравствен систем во Северна Македонија. Државата има квалитетен медицински кадар и за да нема одлив на кадри, потребно е да се создадат конкурентни услови за работа како во европските земји, истакна проф. д-р Венко Филипче, неврохирург и претставник на фондацијата „Заев едно општество за сите“ на вчерашната панел дискусија организирана од ЗЛС на тема „План и стратегија за задржување на младите лекари во земјата“. Фондацијата во рамките на своите програми посебен сегмент посветува на поддршка и развој на здравството, како и унапредување…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија. Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница. Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република…

Read More

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска го отфрли предлогот на Европската унија за формирање специјален трибунал со поддршка на ОН за кривично гонење на злосторствата извршени во Украина, велејќи дека МКС е способен ефикасно да се справи со овој предизвик. Главниот обвинител на МКС, поранешен адвокат од Велика Британија, Карим Кан, го отфрли планот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за формирање специјален суд за „кривично гонење на сторителите на злосторствата за време на руската инвазија на Украина“. Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг покрена истрага, но не може да процесуира кривично дело агресија или чин…

Read More

Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=JHzkNLlibno&t=75s Камера и монтажа: Александар Ризински Музика: ПМГ Извор Цивил медиа

Read More