Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Во недостаток на „културни содржини“, ете, гледаме митинзи; ги гледаш едните, ги гледаш и другите. Ајде вака да ги дефинираме: луѓе од оваа и луѓе од онаа страна на оградата. Кога ќе се обидеш да ги споредиш „два су света различита“, што би рекол Тома Здравкович. Знаете, да бидеме веднаш искрени и отворени: таму кај што на дивјаштвото не му се спротивставуваш, ама и таму измеѓу човечноста и дивјаштвото не ставаш дебела црта која не смее да се премине, освен во еден правец, таму ништо освен слободно дивајштво не може да има. Затоа луѓето од една и луѓето…
Јапонскиот министер за правда Јашухиро Ханаши денеска поднесе оставка до премиерот Фумио Кишиди поради несоодветен коментар за смртната казна. Ханаши пред два дена на партиски состанок изјавил дека неговите одлуки можат да се појават во вестите за време на ручекот само кога го користи својот печат да одобри погубување. Поради изјавата на Ханаши опозицијата го критикуваше премиерот Кишиди. Критики, исто така имаше и во неговата партија. Ханаши на функцијата е само три месеци. Кишида денеска го одложи заминувањето на трите претстојни самити во Југоисточна Азија за да најде замена за Ханаши. Јапонскиот премиер ќе учествува на Самитот на Здружението на земји од…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на фејсбук објави дека телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Финска Пако Хависто за процесот на прирапување на Северна Македонија во ЕУ, за состојбата на Западен Балкан и за претстојното претседавање со ОБСЕ. „Досието на Република Северна Македонија во ЕУ и тековни пристапни преговори, тема на разговор со министерот за надворешни работи на Финска, Пеко Хависто. Регионална динамика на Западен Балкан во денешниот геополитички контекст. Претстојното претседавање со #OSCE2023 на #СевернаМакедонија“, напиша Османи на фејсбук.
„Една година беше доволна ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка од Скопје да направат заробен град со нефункционална градска администрација и неефиктивен Совет. Советот и градоначалничката немаат никаква комуникација, седниците се претворени во театар, а Арсовска воопшто не одговара на прашања на советниците“, соопшти СДСМ. „Истовремено, поради лични и бизнис интереси на поединци, градските јавни претрпијатија се пред колапс а тоа е најизразено во ЈСП и ЈП „Водовод и канализација“. Наместо работа, реализација на проекти и решенија, граѓаните цела година гледаат безидејност, партизација и кавги за тендери и провизии меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме десетици започнати и наследени проекти стојат недовршени,…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не ја „треснал“ вратата за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација. „Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Онаа која е навистина подготвена за мир. Онаа која е подготвена да признае дека тие се окупатори… Но само доколку вратат се. Земја, права, слобода, пари. И што е најважно, правда“, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен, што беше објавено вчера. Зеленски додава дека засега освен ултиматум, ништо друго не слушнал од актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин. „И досега не сум слушнал дека…
Оваа година фестивалот Егзит (EXIT) донесе нови 19,7 милиони евра за економијата на Нови Сад и Србија, со што вкупниот придонес на фестивалот од неговото основање до денес е над 220 милиони евра, објавија организаторите на Егзит, пренесува Бета. Поголемиот економски придонес во однос на претходната година, кога изнесуваше 18,8 милиони евра, е резултат на зголемувањето на неколку клучни параметри, меѓу кои се рекордна потрошувачка и зголемениот број посетители надвор од Србија, покажуваат резултатите од „ТИМ Центар“ од Нови Сад. За време на фестивалот во Нови Сад и Србија посетителите потрошиле во просек по 549 евра, што е скок од…
Во главниот град на Кина, Пекинг од денеска се затворени градските паркови, а воведени се и други ограничувања поради што зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Во Кина регистрирани се 10.729 луѓе инфицирани со коронавирусот. Голем број од 21 милион жители на Пекинг секој ден задолжително се тестираат, при што се регистрирани 118 нови случаи. Во јужната индустриска област Гуангжу и во градот Чонгкинг денеска над пет милиони луѓе се во изолација. Во голем број училишта наставата се одвива на далечина, болниците ги ограничија услугите, дел од продавниците и рестораните се затворени, а персоналот е во карантин. На социјалните…
Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови, велат од Министерството за образование и наука. Според МОН, местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа, додаваат од Министерството, во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано се работи на…
Спротивно на неславната неспособност на балканските држави да ги решат своите разлики, Северна Македонија и Грција успеаја да постигнат важен договор кој означува крај на повеќедецениски спор за името на поранешното раководство и макотрпните напори на поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, се вели во анализата на ANTEREC – Академска мрежа за поддршка на политиката на ЕУ кон Западен Балкан, објавена во International scientific journal of perspectives. Во анализата се вели дека е време моќните меѓународни актери како САД и ЕУ да ги исполнат своите ветувања и да ја поддржат Северна Македонија во нејзината аспирација да се приклучи во…
Слободните и независни медиуми се столб на демократијата и предуслов за инклузивен развој на општеството, со големо влијание врз граѓаните и со уште поголема одговорност кон јавноста. Растечката употреба на интернетот и на дигиталните медиуми, придонесуваат за менување и на аудиовизуелните навики на луѓето. Брзото ширење на информациите и дезинформациите преку интернет платформите, поттикнува сосема нови трендови во информирањето и кај традиционалните медиуми, што, за жал, придонесува сензационализмот и површноста, често да имаат предност пред истражувачкото новинарство и дистрибуцијата на точни и релевантни информации, истакна во пораката до Регионалниот состанок на регулаторните тела за медиуми, претседателот Стево Пендаровски. https://www.youtube.com/watch?v=kRe3NFHKhAs „Сѐ…
ЏАБИР ДЕРАЛА Додека светот го чека финалниот исход од изборната битка за контрола на Американскиот Конгрес, ги читам извештаите за вртоглавите суми на пари што се вртат во тој гигантски процес. И можам само уште еднаш (здодевно) да констатирам дека политиката е голем бизнис. Секако, тоа важи и во обратната насока – бизнисот е (и) политика. Само во петте најскапи изборни трки за место во Сенатот на САД се потрошиле фантастични 1,3 милијарди долари, односно повеќе од 1,9 милијарди долари за десетте најскапи кампањи за место во Сенатот. Топ 10 листата на кампањи за место во Претставничкиот дом изнесува речиси…
На новинарот Саше Димовски му е ампутирана ногата, и со сметки за донации се собира помош, за да му се помогне повторно да прооди. Потребни се пари за протези и за рехабилитација. Сметки за донации: Денарска: 250101000288259 Девизна: 1408000644660 SWIFT: INSBMK22 IBAN 07250780006446692 Шпаркасе банка Македонија