Author: Ана Василевска

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија. На средбата со директорот на Центарот, Март Норма Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија, која презема низа активности за јакнење на национални капацитети за справување со овој тип предизвици, базирани на националните Стратегии за сајбер безбедност и хибридни закани. Османи информираше дека Владата континуирано соработува со сите засегнати страни – приватната индустрија, истражувачката и академската…

Read More

Споделувајќи заеднички европски вредности, Северна Македонија и Литванија посветено градат мостови на пријателство и соработка, но и бараат решенија за справување со заедничките предизвици, оценија на денешната средба во Вилнус министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот литвански колега Габриелиус Ландсбергис. На средбата, како што соопшти МНР, е потврден динамичниот политички дијалог кој оваа година резултира со две билатерални посети во Скопје и Вилнус и претставува охрабрување за градење поблиски односи и партнерство. Османи се заблагодари за конзистентната и јасна поддршка на Литванија во однос на европската интеграција на нашата земја, како и за артикулирање на потребата од стабилен…

Read More

Со дуодрамата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ на Народниот театар Битола, вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар, почнува 47. издание „Млад отворен театар“. МОТ, годинава како своја програмска определеност ја има македонската продукција. „Во чест на еден од основачите на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш, кој почина оваа година,  годинава востановуваме и награда „БИШ“ , која ќе се доделува на најдобра театарска претстава од домашна продукција меѓу две фестивалски изданија. Младинскиот културен центар како организатор, отвори повик на кој се пријавија 25 продукции, а на фестивалот ќе бидат прикажани осум селектирани претстави. Оценувањето на претставите…

Read More

Ана Василевска Навикнавме утрата да ни почнат со евакуација на училишта, растрчани средношколци, блокирани раскрсници од полицијата која постапува по заканите со бомби во скопските училишта. Информациите за заканите за поставени бомби во скопските училишта веќе трета недела шират тензии и страв во јавноста. Во објавите стои дека единиците на МВР за антитероризам вршат проверки, учениците се евакуирани, а заканите се лажни. Досега, малку или воопшто официјални лица од повиканите институции не се огласија со повеќе детали за оваа сериозно вознемирувачка појава, закана по животот и безбедноста на граѓаните особено на децата. Но, заканите со бомби не станаа секојдневие само…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на ТВ дуел. Таа вели дека како министерка за одбрана се залага за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерира никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Министерството. „Со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност го повикувам пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување. Подготвена сум да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои…

Read More

Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје утрово пак се евакуираат. Наставниците им кажале да излезат во дворот каде што веќе има и полиција, а само што почнале часовите евакуирани се и учениците од СУГС “Владо Тасевски“ во Аеродром. Од МВР велат дека утрово двете училишта добиле дојави за бомби и единицата за антитероризам веќе прави проверки. Евакуацијата на учениците им стана пракса изминативе две недели по дојавите за бомби. Полицијата утврди дека сите досегашни дојави за подметнати бомби се лажни.

Read More

Најверојатно сега сите оние меѓународни фактори кои учествуваа во преговорите меѓу Белград и Приштина сега се во очај, им падна во вода сето она што го правеа како креатори и посредници подолг период. Ова особено се однесува на оние политички актери кои таа улога ја имаа во она што може да се нарече „времето на Вучиќ“ ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Она што последните две недели се случува во Косово, несомнено дека се следи и кај нас со внимание. Причините за интересот не треба да се објаснуваат, а секако ни изненадувањето во светската јавност и кај нас, особено затоа што во еден миг…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на презентацијата на ЕУ проектот: „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, каде истакна дека поддршката од Европската унија за македонските граѓански организации е клучна за спроведувањето на реформската агенда и за напредокот на процесот на преговори. „Сметам дека на граѓанските организации, во мала земја како нашата, во време кога преговараме за полноправно членство во ЕУ, треба да им се даде простор да учествуваат и да дадат свој придонес за ефикасноста и ефективноста на преговорите. Идејата е тоа да постигнеме во…

Read More

Русија ги зајакнува своите одбранбени линии во привремено заземените области на Украина за да спречи брз напредок на украинските сили во случај тиа да успеат со пробивот, информираат од  Министерство за одбрана на Обединетото Кралство, повикувајќи се на военото разузнавање, пренесува Укринформ. „Русија почна да гради одбранбени структури околу окупираниот јужен украински град Мариупол. Две фабрики за таа цел произведуваат бетонски пирамидални противтенковски структури, познати како “забите на змејот“, се вели во извештајот. „Забите на змејот“ најверојатно се поставени помеѓу Мариупол и селото Николске; и од северен Мариупол до селото Стари Крим, се забележува ажурирањето, додавајќи дека Мариупол е дел од…

Read More

Животот станува се поскап. Статистика измери инфлација од близу 20% во октомври. Главна причина за ова е кризата која владее во Европа и светот поради енергенсите, но и поради поскапиот увоз и прозиводство на продукти како последица на војната во Украина. Синдикатот пресмета потрошувачка кошница од 43.000 денари или со вклучена инфлација над 51.000 денари. За една година поскапело речиси се. Најмногу храната и енергенсите. Лебот и житатата се продаваат по двојно повисока цена. Над 40% зголемување е регистрирано и кај млекото, сирењето, јајцата, маслата, мастите, течните горива. Цврстите поскапеле за 38,5, топлинската енергија за 30, гасот и електричната над…

Read More

Како дел од роденденската програма на ЕУ Хаус ( EU HOUSE ) , утре во 12 часот ќе биде отворена изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски. „Како домаќин на активностите по повод третиот роденден на Europe House Skopje под мотото „THINK FORWARD – ЗАТОА ШТО КУЛТУРАТА Е ВАЖНА“, Омаж на културното наследство на Лазар Личеноски, сме особено почестени со изборот и идејата за промоција на културното наследство. Бидејки темата на Европската Унија за 2023 е „Европска година на вештини“, изборот на Личеноски како автор и мозаикот „Апотеоза на трудот“,претставуваат глорификација на трудот (професиите), вештините.“, информираат од Националната галерија на…

Read More

Руската амбасада во Северна Македонија, на 6 ноември, на Твитер сподели мурал од Северна Митровица на кој пишува „Косово е Србија – Крим е Русија“. „Напомена, Русија е плус Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон“, е провокацијата на руската дипломатија објавена на Твитер. Објавата на Твитер на Руската амбасада во Република Северна Македонија има околу 300 споделувања, речиси 2.000 допаѓања и десетици коментари. Ваквата руска пропаганда и провокација доаѓа откако европските лидери се обидуваат да најдат мирно решение за надминување на кризата во северно Косово. Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да го…

Read More