Author: Ана Василевска

По серија на случаи за брутално однесување кон новинари и медиумски работници, пред пет години Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите покренаа иницијатива за промени во Кривичниот законик. Со овие промени, нападот врз новинарите ќе се смета за напад врз службено лице и Обвинителството ќе може да активира кривично дело. Но, од првичната иницијатива поднесена до Министреството за правда, до негово поднесување пред пратениците во Собранието поминаа пет години, а веќе година и пол се чека тој да биде изгласан. Каде е блокирано донесувањето на Законот и зошто постојано се одолговлекува гласањето во Собранието, разговаравме со …

Read More

Јужнокорејската армија испука денеска предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, оценувајќи дека ја прекршил поморската граница за која двете земји се спорат. Севернокорејски товарен брод ја преминал северната гранична линија (NLL) во близина на островот Баенгјеонг во 3:42 часот по локално време, а потоа се вратил на север по предупредувачките истрели од јужнокорејската војска, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја. Севернокорејската армија соопшти дека јужнокорејски воен брод ја нарушил границата неколку минути подоцна, а војската на Пјонгјанг реагирала со истрелување десет артилериски гранати како предупредување. „Уште еднаш упативме силно предупредување до непријателите кои стојат зад овие провокации на море…

Read More

СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава, најави претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. „Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.“, напиша Ковачевски. Трибините почнуваат утре во 18.30…

Read More

Во Кинотеката, минатата недела ( на 20 октомври) беше  прикажан филмот „Превртено“ (Upside Down) на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера. За впечатоците од временска дистанца кон ова остварување, за состојбите во кинематографијата, за филмската критика, Иванов одговара во ова интервју. Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов ја имаше светската премиера во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка, каде што беше во конкуренција за наградата „East of West Award“. Малку подоцна ја освои наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија (Шпанија) – Mostra de València-Cinema del Mediterrani, и со неговите подоцнешни остварувања,…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва соопшти дека следниот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан ќе се одржи во Тирана на 6 декември. „Следниот самит на ЕУ за Западен Балкан ќе го одржиме во Тирана на 6 декември, со цел да го потврдиме нашиот зголемен ангажман во тој регион. Западен Балкан е врвен приоритет за Европската Унија. ЕУ и Западен Балкан си требаат еден на друг“, напиша Мишел на Твитер.

Read More

„Упатувам огромна благодарност до Владата на Република Србија за одлуката за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на гас. Упатувам благодарност и до македонската Влада, до премиерот Ковачевски и до претседателот на Република Србија, Вучиќ, што со нивните иницијативи и поддршки овозможуваат вакви регионални соработки.“, напиша градоначалникот Костадин Костадинов, по одлуката што ја донесе Србија за испорка на природен гас за Северна Македонија. Според Костадинов, конкретно за Струмица ова значи можност за обезбедување компресиран гас по поволни услови, енергенс со кој се затоплуваат круцијални општествени објекти во градот како што се градинките, училиштата, болниците, јавните установи и секако,…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама денеска се сретна со својот израелски колега Јаир Лапид во Ерусалим по пристигнувањето во тридневна посета на Израел, при што ќе се сретне со претставници на кибер-одбраната. Лапид и Рама разговарале за иранската закана, а Лапид и понудил помош на Албанија во таа област. Посетата на Рама на Израел доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран по кибер нападот во јули, чија цел беа веб-страниците и канцелариите на албанската влада. Откако Албанија ги прекина односите, втор сајбер напад од истиот ирански извор го погоди информативниот систем кој ги снима влезовите и излезите на албанската…

Read More

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Пред некој ден, едно дете од Невада почина од инфекција што ја предизвикува амебата Naegleria fowleri. Објавено е дека и во областа Хилсбург на Флорида има еден заразен. Од 1962 до 2017 година во САД се забележани се 143 инфекции од кои 139 биле фатални. Амебата живее во слатки води на температура меѓу 11 и 40 степени. Во телото влегува преку слузокожата на носот. Се настанува и разможува во мозокот. Ја викаат уште и „амеба која јаде мозок“. Кај нас, амебата која јаде мозок е сувоземна. На латински се вика Naegleria fowleri dpmnidis, скратено-вмро. За разлика од амебата…

Read More

Владата на Србија ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз и достава на природен гас, со што гасот сепак ќе може да се извезува во Северна Македонија, јави агенцијата Танјуг. Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври. Привремената забрана за извоз и снабдување е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар. Целта е да се обезбеди сигурно снабдување на српскиот пазар, се наведува во основниот текст на одлуката.

Read More

Македонски јазик ќе се изучува во училиштата во Италија, во градовите каде има најмногу Македонци, предвидува пилот-проектот како дел од петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија. Програмата денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ја потпишаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри. Амбасадорот, како особено значајни, ги истакна културните проекти реализирани меѓу двете земји, а најави дека ќе биде организирана и Недела посветена на италијанската кујна, која има културна вредност, препознаена и од УНЕСКО. Силвестри додаде дека во тек е и Неделата на…

Read More

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна странка (СНС) на денешната седница на Главниот одбор ги соопшти предлог кандидати за министри во новата влада од оваа партија, меѓу кои не се досегашните министри Златибор Лончар, Небојша Стефановиќ, Јадранка Јоксимовиќ, Бранислав Недимовиќ, а проблематична е и Зорана Михајловиќ која нема повеќе да го води ресорот за рударство и енергетика, јави дописникот на МИА од Белград. Премиерка ќе биде Ана Брнабиќ, вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, а министер за одбрана и вицепремиер Милош Вучевиќ. Министер за финансии, а воедно и вицепремиер ќе биде Синиша Мали, а Томислав Момировиќ ќе биде министер за внатрешна и надворешна трговија.…

Read More

Владимир Путин би жртвувал 20 милиони руски војници за да победи во војната со Украина и да го обезбеди својот политички опстанок, изјави руски дипломат во егзил. Борис Бондарев, кој ја напушти постојаната мисија на Русија во Обединетите нации поради војната против Украина, изјави за Скај њуз дека „среќата на Путин исчезна“. Мислам дека во овие 20 години колку што е на власт, имал многу среќа. Тој не е паметен, само има среќа. Но мислам дека му ја снема среќата, вели Бондарев. Поранешниот руски дипломат, кој работел на нуклеарно разоружување, го опиша нивото на очај на Путин, истакнувајќи дека тој е…

Read More