Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Украина од утре воведува рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, откако Русија изврши неколку воздушни напади врз нејзината критично важна инфраструктура, објавија властите. „Утре, 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени ограничувања за снабдување со електрична енергија низ цела Украина“, објави вечерва на Телеграм Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Тој ги повика Украинците да ја „минимизираат потрошувачката“ на електрична енергија. Во спротивно, ќе има „привремени прекини“, предупреди Тимошенко. Зеленски вчера рече дека од 10 октомври Русија уништила околу 30 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина. Над 1.000 украински населби се без…
Британската премиерка Лиз Трас изјави дека е „борец кој не се откажува“ додека се обидува повторно да воспостави авторитет над Конзервативната партија во услови на се почести медиумски извештаи дека се интензивираат повиците за нејзина смена. Трас се обидува да собере поддршка во партијата, откако беше принудена да се откаже од планот за намалување на даноците, поради што некои конзервативни пратеници побараа нејзина смена од лидерската функција само неколку недели по преземањето на премиерската функција. Таа призна дека нејзините радикални економски планови отишле „премногу далеку и пребрзо“ откако инвеститорите им свртеле грб на фунтата и државните обврзници. Но, бидејќи каматните стапки растат и официјалните…
Фоторепортерката од Кашмир, Сана Иршад Мату, добитничка на Пулицерова награда, изјави дека индиските власти ја спречиле да отпатува во САД за да ја прими наградата. Таа рече дека по наградата требало да оди во Њујорк во понеделникот, но на аеродромот во Њу Делхи била спречена од властите иако имала виза и билет. Мату на Твитер напиша дека е „запрена без причина“ и оти нејзиниот билет е откажан. Индиските власти не го коментираа случајот. Мату работеше за тимот на Ројтерс кој ја доби Пулицеровата награда оваа година за серија фотографии направени за време на пандемијата на коронавирус во Индија, пренесе Бета. На Мату првпат во јули, и…
Фејсбук статусот на Мартин Пановски беше добитен за да стане наслов на оваа анализа, но суштината оди подлабоко… Возачите и другите вработени во ЈСП излегоа на протест со автобуси на јавното претпријатие за да блокираат сообраќајници и да го изразат револтот од тоа што не зеле плата за септември, но зошто тоа го прават со трошење народни пари? Кој им дозволил да трошат гориво на десетици автобуси во остварувањето на своите права? Во период кога владее криза и кога Владата се обидува да воведе мерки на штедење, а при тоа и самото претпријатие напоменува дека е во слаба финансиска кондиција…
„Опозицијата со маестрални и театарски претсави во Комисијата за избори и именувања, со филибастеринг се обидува да ги оспори предлозите за уставни судии од мнозинството. Како одговорни пратеници ние нема да дозволиме уставна криза, како што не дозволивме ни парламентарна криза“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека до крајот на неделата ќе може да се изберат двајца уставни судии кои веќе го поминаа филтерот на Комисијата за избори и именувања. „Уставни судии се бираат по постоечка законска регулатива, каде има определни критериуми и ние не може да работиме поинаку. Предлагам во блиска…
Околу педесет вработени во нуклеарната централа Запорижја во јужна Украина, која е под окупација на руските сили од март, „сè уште се заробеници“ на Русите, соопшти шефот на украинската државната нуклеарна компанија Енергоатом Петро Котин, пренесува МИА. Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, беа заробени повеќе од 150 вработени во централата, некои се ослободени, но има луѓе за кои сè уште не се знае каде се наоѓаат, рече Петро Котин и додаде дека некои се убиени, а некои биле мачени. Тој рече дека Енергоатом ќе објави список со имињата на вработените кои сè уште се во рацете на Русите и ќе ја повика меѓународната заедница да помогне…
Израел нема да испорачува оружје во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бени Ганц, откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба најави дека Киев од таа земја ќе побара системи за противвоздушна одбрана. „Нашиот став во однос на Украина нема да се промени. Ќе продолжиме да го поддржуваме и да застанеме со Западот, но нема да испраќаме системи за вооружување“, рече Ганц, пренесува„Џерусалим пост“. Тој додаде дека Израел понудил да и помогне на Украина да развие систем за рано предупредување. Откако Киев ја обвини Русија дека користи беспилотни летала од Иран за цел на цивилна инфраструктура, Украина почна да…
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот Володимир Зеленски Киев да ги прекине дипломатските односи со Техеран поради иранските испораки оружје за Русија. Кулеба пред медиумите рече дека Техеран сноси целосна одговорност за уништувањата во Украина, додавајќи и дека Киев ќе испрати официјална нота до Израел со барање итна испорака оружје за украинската противвоздушна одбрана и за соработка во тој сектор. Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, минатиот месец изјави дека Техеран не поддржува ниту една од страните во конфликтот во Украина и оти е против испораки странско оружје и…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе се сретне со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Според соопштението од Владата, Ескобар ќе има одвоена средба и со премиерката Ана Брнабиќ. Ескобар во Белград доаѓа од Приштина, каде денеска се сретна со претседателот и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албина Курти. Посетата на Ескобар доаѓа неколку дена откако во понеделникот специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, ги посети Белград и Приштина. По оваа средба, претседателот на Србија,…
Министерството за образование и наука редовно ги сервисира своите обврски кон сите субјекти за што има регулирани законски надлежности или пак со кои има склучени договори по разни основи кои иницираат финансиски обврски, што не е случај со ЈСП „Скопје“. Законот за високото образование (член 27 став 6) уредува дека Владата на Република Северна Македонија може да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што средствата се обезбедуваат од државниот буџет. Но, оваа календарска година, не е донесена ваква одлука, од причина што во зимскиот семестар од…
Комитетот за надворешна полтика на ЕП предложи нова стретегија за проширувањето во која се бара земјите од Западен Балкан кои се во преговарачки процес да станат членки на ЕУ до крајот на оваа деценија. За содржината на оваа нова стратегија новинарот Борјан Јовановски во Брисел побара одговор од европратеникот Тонино Пицула. Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 во разговор со европратениците Пицула и Матеја Немец, Јовановски праша „Дали францускит предлог ги негира термините македонски јазик и Македонци во европските институции? На ова прашање, одговорот на Пицула беше дека досега не наишле на таков проблем.
Преостануваат уште десетина дена за поднесување иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Конкурсот на Министерството за култура е отворен до крајот на октомври, а наградата се доделува на 10 декември, „Меѓународниот ден на човековите права“. Во рамки на овој Конкурс може да се доделат најмногу две награди. „Ги охрабруваме сите потенцијални подносители на иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во наредните денови да достават биографија, портфолио на постигнувањата и опис на акцијата за која сметаат дека предизвикала позитивна промена во…