Author: Ана Василевска

Одлична можност се отвора за македонската администрација за полесно да се приближи кон Европската Унија. Според новата транша која ќе ја префрли Европската инвестициска Банка, средствата за целиот регион изнесуваат 20 милиони евра, а наменети се преку програмата JASPREM за подготовка на одржливи проекти и стратегии. Според дел од експертската јавност, Македонија и до сега имала добра искористеност на овие средства, пример за тоа се дополнителни стекнати вештини за изработка проекти поврзани со Европската Унија, а најголем дел се проекти и од меѓугранична соработка. Според досегашните искуства, голем дел од институциите успеале да се усовршат за да аплицираат и да…

Read More

Одржување партиски референдум за прашањето со четворицата членови на партијата, за кои претходно најави дека ќе бидат избришани, ќе побара лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис на утрешниот состанок на Централниот комитет, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за поранешните министри Димитрис Вицас, Панос Скурлетис, Никос Филис и Стефанос Ѕумакас за кои лидерот на СИРИЗА пред 20-ина дена соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата. Во видеото објавено претпладнево на социјалните мрежи, Каселакис истакна дека „нема да отстапи“ и во целост ќе го испочитува мандатот што го доби, а „СИРИЗА ќе стане здрава,…

Read More

СКОМРАХИ е меѓународна средба на студенти од драмските академии од Балканот и пошироко. Повеќе од три децении фестивалот Скомрахи ги собира студентите од Балканот и Европа на едно место за да ги разменат своите искуства од театарскиот и филмскиот свет.  Оваа година на СКОМРАХИ се прикажаа 25 филмови и се одиграа 8 театарски претстави, пет дена во кампусот на ФДУ во Скопје се случуваа многу работилници, изложби, предавања… „Идејата е да се прикаже разноликоста што ја нуди човекот уметник денес наспроти вештачката интелигенција која сѐ уште го нема капацитетот да го замени човекот“, изјавуваат организаторите. „Буквално за ‘Скомрахи’ освен…

Read More

Државата-терорист рф ја гранатираше Херсонската област 97 пати. Русија не покажа никаков интерес за мировни преговори, претпочитајќи наместо тоа да убива цивили и да врши грозоморни злосторства, објави на Икс украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир на 625-от ден од целосната руска воена агресија врз Украина. Како што е соопштено, на 9 ноември руската армија 97 пати ја гранатирала областа Херсон. Две лица загинаа, а пет други се повредени. Во текот на ноќта, непријателот го гранатираше предградието на Херсон – Комишани, при што беше оштетено училиште, објави Укринформ. „На фотографијата се прикажани последиците од ноќниот непријателски напад врз Комишани,…

Read More

Одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Македонија во ЕУ го става во неизвесност и реформскиот процес, е оценката на вицепремиерот Бојан Маричиќ искажана на заедничката прес конференција со еврокомесарот Дејвид Гир. Повод за прес конференцијата беше вчера објавениот Извештај за напредок. Вицепремиерот оцени дека првичната анализа на овој документ покажала напредок во 80 проценти од поглавјата, а не е нотирано назадување во ниту едно од поглавјата. -Значи, има нула назадувања, констатираше вицепремиерот Маричиќ. Според него, нема никакви дилеми дека одлуката е само во наши раце, а прифаќањето на уставните измени останува предуслов кој не можеме…

Read More

Европскиот парламент донесе одлука за одземање на пратеничкиот имунитет на четворица полски европратеници, со што се отвора патот за нивно гонење поради „поттикнување омраза против мигрантите преку Интернет“. Четворицата европратеници, Беата Мазурек и Томаш Пореба од десно популистичката и национал-конзервативна партија Право и правда (ПиС) и Беата Кемпа и Патрик Јаки од екстремно десничарската Суверена Полска (СП), се осомничени за извршен „расистички прекршок на полска територија“, поради споделување на видео на социјалните мрежи поврзано со мигрантите од Блискиот Исток за време на кампањата за локалните избори во Полска во 2018 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, мнозинството…

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Во блиц-кригот на носење на четири закони од сфера на електронските комуникации со европско знаме, стои и одредбата буџетски да се покриваат дел од трошоците на телевизиите што користат национална фреквенција. Таа позиција на потенцијалните корисници, наместо да ги направи полагодни, предизвикува отпор подолго време. Вистина е дека нема директни оценки од релевантните чинители (сопствениците, менаџментот на телевизиите), но тоа се прави во форма на индиректен притисок од новинарските здруженија и медиумски аналитичари со едно образложение – државата на овој начин ќе ги корумпирала медиумите и ќе добивала од финансираните „гратис“ позитивни оценки. Дали некој верува дека новинарските…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамките на официјалниот престој во Романија, во касарната Отопени ги посетила војниците од македонскиот контингент кои се дел од Мултинационалните сили на НАТО сместени во оваа сојузничка земја. -Ги слушнав оценките на вашите претпоставени дека вашиот ангажман и посветеноста се на навистина највисоко ниво. Заедно со останатите нации, секој ден работите и учествувате во сите вежби и сите активности и давате позитивен пример и вие и колегите од претходната ротација, истакнала министерката на средбата со војниците. Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска додала дека припадниците на Армијата кои ќе пристигнат со следната ротација…

Read More

Руската влада моментално спроведува тековна, добро финансирана кампања за дезинформации низ Латинска Америка, вклучително и со преплавување на медиумите со пропаганда и лажни вести, чија цел е да ја поткопаат поддршката за Украина и да ги поттикнат антиамериканските и анти-НАТО чувства, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Стејт департментот на САД. „Руската влада моментално финансира тековна, добро фундирана кампања за дезинформации низ Латинска Америка“, соопшти Стејт департментот. Забележано е дека Руската агенција за социјален дизајн (СДА), Институтот за развој на Интернет и Структура координирале за развој на кампања за манипулација со информации насочена кон Латинска Америка, која има за цел…

Read More

Планот за раст на економиите на Западниот Балкан кој вчера го презентираше Европската комисија за прв пат алоцира пари за реформите со цел забрзување на социо-економскиот напредок. Планот предвидува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија. Планот за раст исто така предвидува и можност за пристап до заедничкиот пазар на ЕУ пред полноправното членство, што значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на Единствениот Европски Пазар. Ваквиот план на Европската комисија е скроен по барање на земјите од Западниот Блкан, со цел да се искористат привилегии и…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц во синагогата Бет Цион во Берлин на 85-годишнината од „Кристалната ноќ“, кога беше извршен големиот погром против Евреите, изјави дека е засрамен и огорчен од неодамнешниот бран антисемитски инциденти во Германија, предупредувајќи дека Берлин нема да толерира омраза против Евреите. – Секој облик на антисемитизам го труе нашето општество, рече Шолц, кој носеше кипа, традиционалната еврејска покривка за глава што е вообичаена во синагогата за мажи. Шолц ги повика Германците активно да се спротивстават на маргинализацијата или прогонството на Евреите денес. – И покрај шокантната историја на холокаустот, Евреите продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и…

Read More

Одлуката на Европската Комисија да препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Украина и Молдавија се темели на објективна оценка за исполнување на поставените услови и претставува историска одлука. Но ние исто така знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ и затоа на маса е Планот за раст, значаен чекор да се осигура дека преку економска и социјална конвергентност ќе ги уживате поволностите од членството пред да станете членки, вели евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање во врска со големото разочарувањето во државите од регионот поради забрзаната одлука на Украина да и се додели…

Read More