Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
„Мислам дека ќе одиме со единствен кандидат. Во овој момент во СДСМ спроведуваат анкети, преку кои ќе се дојде до човек што има најголема поддршка кај граѓаните. Логично е како парламентарно мнозинство и владина коалиција да го поддржиме тој единствен кандидат. Ние формираме европски фронт“, изјави Потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП Горан Мисовски, во интервју за најновиот број на неделниот „Фокус“ Тој дополни дека се одржала првична средба со СДСМ сите коалициски партнери, во смисла на расчистување на дилемите дали изборите ќе бидат одвоени или заеднички. „ Во 2016 година, сите анкети покажуваа победа меѓу 6 и 9…
Израелскиот Парламент (Кнесетот) доцна синоќа го усвои амандманот за криминализирање на следењето про-Хамас содржини, јави агенцијата Анадолија. Пратениците гласаа за измена и дополнување на законот за борба против тероризмот во земјата, со цел „следењето на терористичките содржини“ да се смета за кривично дело. Со овој закон им се забранува на граѓаните „систематско и континуирано користење објави на терористичка организација под околности што укажуваат на идентификување со терористичката организација“. Амандманот ги означува палестинското движење Хамас и групата ДЕАШ (ИСИС) како терористички организации на кои се однесува кривичното дело. За кривичното дело е предвидена максимална казна затвор од една година. Законот е…
Последниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија ја извади на површина вистинската пречка за европското патување на државата. Политичката поларизација и блокирањето на работата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се слабостите кои се истакнати во Извештајот. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи вели дека слабостите кои ги констатира Извештајот – се политичката поларизација и блокадата на Собранието. – Според мое читање, во суштина на слабостите кои ги констатира Извештајот – е политичката поларизација и блокадата на Собранието како место каде што се носат законски и реформски одлуки. Значи, битна е причината!…
Единствениот пат до ЕУ е патот на реформите. Тоа значи сеопфатни реформи како што е наведено во извештајот на ЕК и во извештајот за скрининг процесот. Затоа што ако сакате да ги уживате поволностите на членството во ЕУ, мора да бидете доволно отпорни и подготвени, да се осигурите дека можете да уживате во нив. А ние како ЕУ мора да бидеме сигурни дека доаѓате како партнер, којшто е цврст и отпорен. Затоа инвестираме многу во реформите и продолжуваме да го правиме тоа. Реформите се од апсолутно суштинско значење. Ова го истакна на новинарско прашање шефот на Делегацијата на Европската Унија…
Кристалната ноќ, или Ноќта на скршеното стакло (9 и 10 ноември 1938 година) е масовен погром против Евреите, организиран од страна на Нацистичката партија, а спроведен од СА – паравојската на Нацистичката партија, како и од Хитлеровата младина (Hitlerjugend) – младинската организација на истата. Германските власти и полиција, немо го посматрале настанот, без никаква интервенција. Името Kristallnacht – Кристална ноќ доаѓа од искршеното стакло кое ги прекрило улиците по кршењето на прозорците на дуќаните, куќите и синагогоите кои биле во сопственост на Евреи. Како повод за овие напади, нацистите го искористиле атентато врз гемрнаскиот дипломат Ернст Вон Рат, извршен од страна на 17…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Во најновиот извештај на Европската комисија за Северна Македонија има драматични работи за кои, ние со години предупредуваме, алармираме и зборуваме. И како по некое непишано правило, не можете да добиете подобар извештај, ако имате така лоша и некооперативна опозиција. Кога би имале подобра опозиција од Владата, ќе имавме и подобар извештај. Ајде на почеток да тргнеме со добрите вести: во извештајот јасно стои дека Европската комисија цврсто верува дека проширувањето останува клучна политика на Европската унија, а посебно ќе се залага за полноправно членство на Западниот Балкан во ЕУ бидејќи тоа е дел од политичките, економските и…
ЦИВИЛ организира панел-дискусија на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“. На панелот учествуваат универзитетските професори Весна Попоска и Владимир Пивоваров. Модератор Дехран Муратов
Албанските опозициски пратеници, предводени од поранешниот премиер Сали Бериша, и денеска не дозволија оддржување на пленарна седница на албанскиот Парламент. Тие денеска први влегоа во пленарната сала и, покрај присуството на припадници на Националната гарда, сепак, ја „затрупаа “ говорницата со столчиња и сето тоа директно го пренесуваа на Фејсбук. Попусти останаа сите биди на претседателката Линдита Никола да ја почне седницата бидејќи салата беше исполнета со чад од пиротехнички средства, па затоа по 20 минути мораше да каже дека седницата е одложена. Ова е уште еден потег на опозициските пратеници од крилото на Бериша ( 45 од 59 опозициски…
Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска и утре ќе биде во работна посета на Париз, каде ќе присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО. Како што соопшти Миистерството за култура, Костадиновска-Стојчевска на Генералната конференција на УНЕСКО ќе се обрати утре во претпладневнатa сесија. Денеска во делот на обраќањата на протоколарните гости пред почетокот на дебатата за генерални политики на УНЕСКО, свое обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски. Пред почетокот на денешната сесија, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и премиерот Ковачевски ќе остварат средба со генералната директорка на УНЕСКО Одре Азуле. На маргините на Конференцијата, министерката за култура…
Шпанската социјалистичка партија на Педро Санчез постигна договор со каталонската партија „Junt“ за поддршка на новата влада во земјата, јавија денеска шпанските медиуми. Британските медиуми забележуваат дека двете партии се уште не потврдиле дека е постигнат договор. На парламентарните избори во Шпанија најмногу гласови доби Народната партија која обезбеди 137 од вкупно 350 мандати, но и со поддршка на крајнодесничарската партија Вокс го нема потребното мнозинство за формирање влада. Социјалистичката партија на Санчез освои 121 мандат и со поддршка на каталонските партии ќе може да формира коалиција, наведуваат британските медиуми. Санчез претходно постигна договор за коалиција со екстремно левичарската партија…
Битиќи: До 2017 година над 240 илјади пензионери земаа под 14 илјади денари, денес 106 илјади добиваат таква пензија „Сите забораваме дека кога дојдовме во 2017 година, скоро повеќе од 240.000 добиваа пензии под 14.000 денари. Денес, имаме 106 000 пензионери кои добиваат пензии до 14.000 денари, а овие другите 130.000 веќе добиваат пензии скоро до просечна пензија“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“. Тој додаде дека овие 130 илјади пензионери се извлечени и сега добиваат подостоинствени пензии. „За минимална пензија се прават последните анализи дали има услови и што тоа ќе значи за пензискиот фонд.…
Пет истражувачки центри и компании од Белгија, Италија, Романија и САД во Брисел потпишаа Меморандум за разбирање за развој на мали модуларни нуклеарни реактори. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, согласно Меморандумот, Белгискиот центар за нуклеарни истражувања (СЦК-ЦЕН), романскиот Директорат за автономна технологија за нуклеарна енергија (РАТЕН), италијанската Национална агенција за нови технологии, енергија и одржлив економски развој (ЕНЕА) и компаниите „Ансалдо Нуклеаре“ од Италија и „Вестингхаус Електрик Компани“ од САД, ќе формираат конзорциум кој ќе работи на развој на мали модуларни реактори со ладење со олово. Договорот беше потпишан во присуство на белгискиот премиер Александер Де Кро,…