Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници. – Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје, изјави руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков. Претходно, гувернерот на украинските регионални воени власти, Максим Козицки изјави дека при нападот на руските сили врз воениот комплекс Јаворив, загинале најмалку 35 лица, а повредени се 134. Тој додаде дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстосувачки ракети кон воената база Јаворив. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан денеска изјави дека Русија…
Утрово во 4 часот било пријавено дека на патот од брана на Тиквешко Езеро во правец на селото Возарци, патничко возило „сеат”, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.А.(20) од с.Возарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајцата сопатници Н.М.(18), Р.Р.(19), а со телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20), сите од с.Возарци, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
Американските власти го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции, изјави денеска советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан. – Внимателно следиме во која мера Кина и пружа материјална и економска поддршка на Русија. Му пренесовме на Пекинг дека нема да толерираме или да дозволиме која било земја да и надомести Русија за нејзините економски загуби од западните санкции, истакна Саливан, додавајќи оти тоа би имало последици за Кина. Во исто време, тој одби да одговори на прашањето дали САД се подготвени да…
Хрватскиот министер за одбрана денеска изјави дека дронот кој падна во Загреб пред три дена носел експлозив. – На овој летачки објект пронајдовме делови од авоинска бомба. Врз основа на овие фрагменти може да заклучиме дека е производство на Советскиот Сојуз. Таа како и сите останати елементи е пренесена од ова подрачје и по подлабока анализа и реконструкција ќе можеме точно да кажеме кој тип и со која цел, но засега можеме да потврдиме дека станува збор за бомба која се користела на авионите, произведени во Советскиот Сојуз, вели Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.
Од направени 1.996 тестови, изминатото деноноќие регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19, од кои 31 се реинфекции, починале девет лица, а оздравеле 276 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новите случаи најмногу се регистрирани во Скопје – 120, следат Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана…
Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, за Франс Интер. Како што јави дописникот на МИА, Дриан истакна дека е песимист и оти најлошото е пред нас. Запрашан за нападот врз воената база Јаворив во близина на Лавов, при што загинаа најмалку 35 луѓе, Дриан оцени: „Никаде во Украина денес не сме безбедни од бомби. Украина е под оган од руските сили“. Дриан, одговарајќи на прашањето дали е можно да се воведе ембарго за увоз на руски гас и нафта, посочи дека „нема табу“…
Украинска пратеничка сведочи за хуманитарна катастрофа: Инвазијата ќе запре ако се забранат летовите
Украинската пратеничка Кира Рудик пред македонските медиуми се обрати од Киев, на прес-конференцијата организирана од Либерално-демократската партија. Интензивирање на поддршката на Украина во одбрана на својата посебност, идентитет, суверенитет и територијален интегритет, во продолжение на солидарноста со украинската заедница во земјава и Декларацијата во Собранието усвоена на предлог на ЛДП, најави денеска лидерот на ЛДП Горан Милевски на прес – конфернецијата која ја организираа заедно со пратеничка во украинската Врховна Рада (Парламент). Украинската пратеничка која е и лидер на партија „Голос“ (Глас), смета дека руско – украинскиот конфликт не е локален туку носи глобални ризици и затоа, апелираат за помош…
Новинарот кој се претставил како Хуан Диего, како што вели во видеото на Твитер, изјави дека видел кога бил погоден во пределот на вратот неговиот колега Брент Рено, поранешен новинар на Њујорк Тајмс кој денеска загина во Киев. -Го поминавме првиот мост. Видовме бегалци и тргнавме по нив. Ни беше понуден првоз до вториот мост каде требаше да снимаме бегалци. Почнаа да пукаат кон нас. Возачот сврте, видов дека Брент е погоден. Не знам како е, се раздвоивме, вели Хуан кој е повреден во пределот на ногата. Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил…
Американскиот новинар Брен Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Рено бил погоден во врат. Тој е прв странски новинар кој загинал од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари. Кај загинатиот новинар беше пронајдена прес-карта од Њујорк тајмс, но весникот соопшти дека тој не работи за нив од 2015 година. Се уште не е познато за кого известувал Рено. Во нападот повредени се уште двајца новинари и се хоспитализирани.
Една поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет на поинаков начин, со поинаков историски наратив од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења во однос на Украина, вели Френсис Фукујама, професор, филозоф и автор на „Крајот на историјата и последниот човек“ во интервју за Радио Слободна Европа. -Мислам дека има многу сличности бидејќи во случајот со Северна Македонија, една земја, поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет на поинаков начин, со поинаков историски наратив од оној во Бугарија и…
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека Анкара нема да воведе санкции кон Русија. – Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот, истакна Чавушоглу. – Тој додаде дека се надева дека е постигнат напредок во евакуацијата на турски државјани, кои засолниште нашле во џамијата во Мариупол и оти за тоа ќе побара помош од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Според Чавушоглу џамијата не е оштетена и оти чека автобуси за евакуација на Турците, со кои не може да се воспостави контакт.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за НОВА зборува за резултатите од последната рунда разговори кои минатата недела се одржаа меѓу работните групи во Софија. Следната рунда разговори е закажана за средината на април во Скопје Дали има напредок во разговорите меѓу Скопје и Софија? Што се случи на последната средба на работните групи одржана неделава во Софија? – Со воспоставувањето на новата методологија за секторска соработка, можам слободно да кажам дека напредокот меѓу Скопје и Софија од јануари до сега е постојан и интензивен. Во четвртокот во Софија разговаравме и договоривме нови конкретни соработки во рамки на работната група за…