Author: Ivana

Украинските власти соопштија дека најмалку 148 деца се убиени во руските напади од почетокот на инвазијата. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите од 24 февруари истрелале 1.370 проектили и уништиле 15 украински аеродроми. Повеќе од 10 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната, а околу четири милиони заминаа во соседните земји како бегалци, соопшти Министерството. Според последната проценка на ОН, во војната досега се убиени повеќе од 1.100 цивили, меѓу кои и деца.

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето, јави агенцијата Анадолија. По дводневната посета на Узбекистан Ердоган одговараше на новинарски прашања на актуелни теми при што се осврна на руско-украинската војна, ставот на Турција и напорите за посредување за постигнување траен мир, како и за односите со Израел во областа на енергетиката. Истакнувајќи дека е одлучен во намерата да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој рече дека ќе им каже на своите колеги дека крајната цел на Турција сега е да ги зближи. – Одлучен…

Read More

Со реформите во примарната здравствена заштита, лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, наместо пациентите веднаш да се препраќаат во терцијарното здравство, затоа што голем дел од секундарното здравство не функционира поради различни причини, истакна вечерва министерот за здравство Беким Сали. Тој во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма, го коментираше Клиничкиот центар во Скопје, посочувајќи дека има листа на чекање по два до три месеци, затоа што, како што наведе, одреден оддел во одреден град не функционира. Според него, 1.300 примарни здравствени установи од општа медицина, можат во голем дел…

Read More

“Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Патувањето не беше во рамките на моите службени должности. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив“ вели во интервју за утрешен Трилинг министерот за правда – Никола Тупанчевски. „Антикорупциската комисија слободно нека го истражува случајот, а јас ќе ги приложам сите сметки и извршени трансакции таму каде што треба“, дециден е министерот за правда.

Read More

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков вели дека штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. Нова рунда разговори со Владата, како што изјави, е закажана за понеделник кога се надева дека владините претставници ќе излезат со одредена понуда. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „има трема“ пред изборите в недела, но очекува повеќе од два милиона гласови во првиот круг. – Сега можеби имам најголема трема за изборите од кога било досега … Би бил тажен ако не освојам 60 проценти, рече тој. Во изјава за РТС Вучиќ додаде дека доколку победи на изборите ќе разговара за продолжување на соработката со коалициските партнери, но и ќе разговора со други партии. Вучиќ додаде дека е „горд“ на работата на актуелната премиерка Ана Брнабиќ и оти наводите што се појавуваат во „одредени медиуми“ дека тој снима видеа против неговите политички противници се „лаги“,…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија. – Тоа што го истражуваме на многу места е голема руска дијаспора на агенти во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) ги истражува. Некои од нив работеле специјално врз добрите односи со Северна Македонија. Рускиот интерес бил фокусиран врз тоа да нема европска иднина за Западен Балкан, рече Петков за време на посетата на Благоевград. Според него, некој се обидува да го замени бугарскиот интерес. – Имаме неколку такви случаи на кои работиме, рече Петков. Претходно Петков рече дека очекува…

Read More

Турското министерство за надворешни работи реагира на резултатите од Пописот на населението во Македонија, кои беа објавени вчера. Портпаролот на министерството Танџу Билгич денеска изјави дека Турција ги поддржува легитимните барања и ги штити правата и интересите на турската заедница, која со векови живее на територијата на Северна Македонија и која е меѓу нејзините рамноправни и конститутивни народи и се залага за благосостојбата и развојот на државата. „Претставниците на турската заедница во земјава во текот на процесот упатија повеќе апели пописот да се спроведе правично, транспарентно и без никакво сомнеж. Резултатите од пописот покажаа дека тие повици, за жал, биле…

Read More

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг. Со оваа…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска во Стразбур се сретна со амбасадорката на ЕУ при Советот на Европа, Меглена Кунева. Како што соопшти СЕП, на средбата разговараа за повеќе важни теми, со фокус на евроинтеграцискиот процес на нашата земја, за важноста од регионалната соработка, за новата динамика во соработката со Бугарија и за политичкото и административно искуство на Кунева, како поранешна вицепремиерка за координација на европските политики и институционални прашања на Бугарија. – Многу корисни совети, научени од искуството, добив од Меглена Кунева, за текот на преговорите со Европската Унија и предизвиците кои не чекаат во тој процес. За нас е…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 35-та седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор. Согласно оваа Информација, Владата ги задолжи сите органи на државната управа и донесе заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок. Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со…

Read More

Денеска во општина Сандански во Бугарија се случи историја. Прв пат градоначалници од двете држави се собираат на едно место и разговараат за огромните можности кои ги имаме пред нас, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица Коста Костадинов. – Ја имав честа како градоначалник да зборувам за успешноста на нашата Струмица во однос на реализацијата на прекуграничните проекти. Пред премиерот на Република Бугарија јасно истакнав дека наша заедничка цел треба да ни биде линијата која не разделува, да ни биде линија која не зближува, тоа се европски вредности и од тоа директен бенефит имаат граѓаните, истакна Костадинов. Беше…

Read More