Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1. Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции. Регистрирани сe 355 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Битола –…
Ако имаме објективно оценување на судиите, нивно унапредување врз мерливи и објективни критериуми, ако обемот на нивната работа е определен врз основа на сложеноста на предметите, тогаш несомнено ќе имаме поефикасно, побрзо и понезависно судство што ќе значи поголема доверба на граѓаните во судскиот систем, изјави претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска при своето обраќање во врска со сите усвоени документи во изминатите две години, важни за реформите во судството. – Во иднина неопходно е да спроведеме обуки на комисиите, и на оние во Судскиот совет и на комисиите составени од судии од повисоките судови, кои ќе се занимаваат со…
Утринава во 05.15 часот на улица „Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода битолчанецот И.М.(48). Како што сооштуваат од ресорното министерство, тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. – Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.
Овогодинешното доделување на наградите Оскар го одбележа скандалот кој го предизвика актерот Вил Смит, кој му удри шлаканица на колегата Крис Рок. Актерот, кој ја доби наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“, конечно се огласи на својот Инстаграм профил каде објави дека неговото однесување е „неприфатливо и непростливо“ и јавно се извини. – Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на Оскарите беше неприфатливо и неопростливо. Шегите за мене се дел од работата, но шегите за здравјето на Џејда беа премногу за мене и реагирав емотивно. Би сакал јавно да се извинам,…
Рускиот бизнисмен и милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, присуствува на мировните преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, објави Би Би Си. На снимките што ги објавија турските медиуми, Абрамович не се наоѓа на главната маса за преговори, но се гледа како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод. Медиумите наведуваат дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Волстрит журнал“ вчера објави дека Абрамович, кој…
Дополнителната девизна ликвидност од 400 милиони евра ќе ѝ биде на располагање на Народната банка преку репо-линијата на Европската централна банка (ЕЦБ) уште речиси една година. ЕЦБ донесе одлука со која се продолжува можноста за Народната банка за користење на репо-линијата до 15 јануари 2023 година. Репо-линијата е само уште еден заштитен слој, имајќи го предвид високото ниво на девизни резерви и високата ликвидност на банките, коишто ја гарантираат стабилноста на денарот и макрофинансиската стабилност. Репо-линијата обезбедува брз пристап на Народната банка до дополнителна ликвидност во евра, директно од ЕЦБ, во замена за соодветен колатерал деноминиран во евра, а за…
Украина се надева дека денеска ќе бидат отворени три хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените градови, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук. Верешук истакна дека тоа ќе вклучува обид да се воспостави безбеден коридор за луѓето кои со приватни возила ќе го напуштат опколениот јужен пристаништен град Мариупол. Синоќа градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили. – Не е се во наша моќ. За жал ние сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен. Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој…
Обилни дождови денеска ја погодија источна Австралија, а властите издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплавите, по втор пат овој месец, и предупредија дека лошото време најверојатно ќе продолжи и следниот ден. Околу 280 мм дожд паднаа во последните 24 часа, а со зголемувањето на нивото на реките, на жителите на градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, кои беа најтешко погодени од рекордните поплави пред еден месец, им беше наредено да се евакуираат до ова попладне. Метеоролошката служба предупреди на потенцијално опасни по живот поројни поплави долж северниот брег на Нов Јужен Велс, на површина…
Претседателот на ССМ Дарко Димовски во вечерашната емисија „24 анализа“ истакна дека минималната плата од 18.000 денари е голем успех и легитимно право е што бараат скалесто зголемување на сите останати плати, согласно порастот на минималната плата. – Тоа го нуди членот 8 од Законот за минимална плата. Преговараме со ресорните министерства, кој од каде припаѓа, и со повеќе од 15 комунални претпријатија потпишавме за скалестото зголемување на платите кое ќе важи од 1 април, рече Димовски. Тој појасни дека согласно законот, штом порасне минималната плата, во рок од шест месеци, работниците треба да преговараат со работодавците, без да разлика дали се институција, министерство или…
Само сакам да се држиме до тоа што сме го договориле, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во тв дебатата со синдикалните претставници за скалестото зголемување на платите во јавниот сектор. Битиќи изрази жалење што за само три недели, откако почна руско-украинскиот конфликт, не важи она околу кое сите страни се согласиле на 23 февруари и веќе се најавуваат штрајкови. Според него, тоа е непочитување на основните принципи на дијалог. Не може, потенцира вицепремиерот, со една алатка да се решаваат проблемите во целиот јавен сектор. -За жал, забораваме дека на 23 февруари, кога дојдовме до договор, немаше војна,…
Руските војници кои ја зазедоа нуклеарката подигнаа облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област, велат украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил. Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции. – Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума, изјави работник кој сакал да остане анонимен. Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја. – Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата…
Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот конфликт, но ЕСМ со поддршка на Владата засега успева во тоа. – Јас очекувам, со вакво производство, зголемено, сигурно и стабилно, како и со намалено купување електрична енергија, дека цената повторно ќе биде најмалку со зголемување не во државата, него во регионот, потенцира Ковачевски, одговарајќи на…