Author: Ivana

Соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволен простор за обезбедување доволна девизна ликвидност на домашната економија, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Министерството за финансии и Народната банка (НБ) будно ги следат состојбите, при што навремено се разменуваат информациите и ќе се реагира соодветно на случувањата, секој во рамки на надлежностите на својот мандат. Ова беше посочено на денешната средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, на која стана збор за актуелните меѓународни случувања, ефектите врз глобалната економија, како и очекувањата за македонската економија од руско-украинскиот конфликт. Монетарните и фискалните власти, како што порачуваат…

Read More

Украинците во земјава денеска организираат протест пред Руската амбасада во Скопје поради инвазијата на Русија врз Украина. Протестот, како што велат организаторите, ќе започне во 14:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде во 15:00 часот ќе се упатат кон Руската амбасада. -Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка на нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во…

Read More

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат. Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола. Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја…

Read More

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски оствари средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Димовски, како што соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија, на Џафери му ја искажа благодарноста на работниците за неговата брза реакција во поглед на доставувањето на иницијативата на ССМ за предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата до пратениците во рок од три дена од приемот на иницијативата во Собранието, како и за неговата активна улога во насока на унапредување на работничките права и зголемувањето на платите на работниците. -Заеднички заклучок беше дека соработката на двете институции,…

Read More

Советот на амбасадори најостро ја осудува руската воена агресија врз Украина која, како што соопштија наведуваат, наеднаш претставува закана и за регионалниот мир и стабилност. – Совет на Амбасадори ја повикува Русија да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и правото на украинскиот народ сам да одлучува за неговата иднина и за иднината на својата земја. Советот му дава силна морална поддршка на украинскиот народ во неговата борба за слобода и независнсост и ги поздравува чекорите на Владата на Северна Македонија за приклучување кон мерките за воведување на санкции кон Русија која води невидена агресија после Втората…

Read More

По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно е зголемен водостојот на Охридското Езеро но сега за еден сантиметар, додека нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Преспанското Езеро и е на три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од…

Read More

Рестрикции нема, снабдувањето со електрична енергија е стабилно и состојбата во енергетскиот сектор е под контрола, е главниот заклучок од координативниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоум, Електродистрибуција и МЕМО. – Се уште трае енергетската криза. Факт е дека рестрикции нема, а снабдувањето со електрична енергија во изминатиот период е стабилно, но сепак неопходно е нејзино рационално трошење. Во овие кризни месеци преку заеднички редовни координации ги преземавме сите неопходни мерки, меѓу кои се реализираше и инцијативата на РКЕ за проширување на листата на ранливи категории кои добиваат директна…

Read More

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се санкционирани 293 пешаци од кои, 253 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 33 за минување на црвено светло. – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението на МВР. За време на контролата регистрирани се и 146 останати прекршоци.

Read More

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 2 во врста со став 1 точка 1 и во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Како што соопштија денеска од Jавно обвинителство на точно неутврден датум во периодот меѓу 23.02.2020 година и 12.07.2021 година, двајцата осомничени соизвршители провалиле во заклучен стан чиј сопственик подолго време не можел да се врати во државата од САД поради пандемијата на КОВИД 19. – Во претсобјето на станот на улицата „Борис Бастеро“ во Битола ги пронашле клучевите…

Read More

Активностите на Јавното обвинителство по отпочнувањето на примената на новиот Закон за јавното обвинителство, планираните измени во Законот за кривична постапка, како и за примената на Стратегијата за човечки ресурси во Јавното обвинителство, беа главните теми на кои се разговараше при денешната средба на Јавниот обвинител Љубомир Јовески со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и со судијата за врски за регионот на Југоисточна Европа Фредерика Дибост. Притоа, Бомгартнер и Дибост ги најавија плановите за организација на регионални семинари кои треба да помогнат за унапредување на соработката меѓу јавните обвинителства од регионот во областите на заплената на незаконски стекнат имот од…

Read More

Успешната соработка во последните четири години,  како и новите можности Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ)  географски да ја прошири својата програма за грантови на прекуграничната заштитена област Кораб-Шара во Албанија и Северна Македонија, беа тема на разговор на вчерашната средба во Тирана на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со претставниците на  ПОНТ. Министерот, информираат од МЖСПП, ја истакна високата природна вредност на оваа голема прекугранична област и нејзиниот туристички потенцијал базиран на природата и ја поздрави поддршката на ПОНТ за неодамна прогласениот национален парк Шар Планина, што е усогласена со финансирањето што веќе го обезбеди…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на програмата „Млади менаџери и деловни лидери“, која се одржува под негово покровителство. Тој во своето обраќање порача дека треба да сме горди што во нашата држава имаме млади кои не запираат само на степенот на своето формално образование, туку имаат желба да продолжат со учење, да ги прошируваат своите интелектуални хоризонти и да ги усовршуваат своите вештини и таленти. – Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ оваа година ја продолжуваме со проширен состав на учесници, што сведочи дека сме успеале да го поттикнеме вашиот интерес, но и дека минатогодишните учесници покажале квалитет, рече…

Read More