Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Во Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, Љубов и Војна“ која е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција. Изложбата е организирана од Фондацијата за отворено општество која е меѓу првите фондации кои ја поддржале Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава и кога новооснованата украинска демократија имала потреба од зајакнување. Во изјава за Трн.мк извшрната директорка на Фото евиденција и кураторка на изложбата Светлана Бацеванова, вели дека љубовните приказни во книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња. „Тие за цената на војната зборуваат универзален јазик. Овие приказни ни помагаат да разбереме…
Потпретседателот на СДСМ и пратеник во нивиот парламент Фатмир Битиќи, во објава на Фејсбук, ги демантира шпекулациите што се појавија во одделни медиуми за наводно преминување во ВЛЕН.
Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Тојн информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани. – Лекарите состојбата на мнозинството ја оценуваат како умерена, а петмина се во тешка состојба, рече тој. На терен се и два противпожарни хеликоптери. – Главната задача сега е да се изгасне пожарот. Се шири на голема површина, информира Воробјов. Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се…
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека се договорил со лидерите на Ирска, Малта и Словенија да ги направат првите чекори кон признавање на палестинската држава. Санчез по состанокот на Европскиот совет во Брисел рече дека очекува „Шпанија да ја признае Палестина“ за време на неговиот четиригодишен мандат што почна минатата година, пренесе Бета. – Се согласуваме дека единствениот начин да се постигне траен мир и стабилност во регионот е преку имплементација на решение за две држави, при што израелската и палестинската држава ќе живеат рамо до рамо, во мир и безбедност, се вели во заедничката изјава на премиерите на Ирска, Малта,…
„Ние можеме секогаш да кажеме дека силен европски блок нема без СДСМ, дека силна европска влада нема без СДСМ и убедени сме дека СДСМ ќе биде столб на идната наша влада, сигурни сме дека право граѓаните ќе се определат за мнозинство за партиите кој што дават поддршка на европските интеграции, кој што сакат да продолжиме по тој пат, нормално со исправање на сите оние грешки кој што сме ги направиле до сега, со нивно јасно признавање и работа за нивно надминување, нормално е дека во изминативе 8 години сме сработиле многу, сме испорачале многу и дека имаме и недостатоци кој…
Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, денеска е доставена до Државната изборна комисија (ДИК) од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата. Претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција ја објави својата кандидатура за втор мандат. Тој рече дека ја најавува својата граѓанска кандидатура за претседател на државата и ги повика сите граѓани од 3 март, недела, да му дадат поддршка со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија. -Во изминативе пет години покажав дека…
Владата на 6 февруари го утврди текстот на Предлогот за закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки кој беше даден на прво читање во македонскиот парламент денеска, 9 февруари. На тој предлог се спротивставија пратениците од десничарската Левица кои побараа измените на законот да се тргнат од дневен ред. Собранието, сепак, одлучи спротивно на барањата на двајцата пратеници, кои неодамна се „прославија“ со дивеење во пленарната сала на највисоката законодавна институција во земјата. Со шеесет гласа против предлогот на Левица и само двата од противниците на измените во законот, како и еден воздржан, Собранието реши да ја…
Одобренијата за царинско складирање, увоз за облагородување, стекнување на статус за одобрен извозник и статус за овластен економски оператор, се само дел од мерките што се спроведуваат се со цел зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и зголемување на вработеноста, рече директорот на Царинска управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија за производство на сувомеснати производи „Пекабеско“. Притоа Богоев додава дека многу значајно за македонските компании, вклучително и „Пекабеско“ е и мерката за признавање на белешките за мерење со Србија, а којашто се применува од вчера. „Пекабеско на пример најмногу извезува во Босна и Херцеговина, при што почнувајќи од…
Пропагандата реши да се „освежи“: Обид за враќање на имиџот на моќна држава и моќен лидер Неоправданиот оптимизам и обновениот бран на скептицизам во земјите на Западот Делумниот (не)успех на санкциите против рускиот режим и кризите што му помогнаа на Путин Кога поразите мора да се претворат во победа: Лажниот сјај на центарот на Москва И светот и Украинците мораат да се присетат на фактите: Тие се добри за Украина Политички и општествен канибализам ЏАБИР ДЕРАЛА Ви се смачи ли да ја гледате безброј пати репризираната претстава на рускиот пропаганден театар? Сакате да видите што се случува зад завесите? Еве…
Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе помилува илјадници луѓе осудени за поседување марихуана под федерална јурисдикција, соопшти денеска Белата куќа. Денешната одлука се надоврзува на слична одлука издадена непосредно пред среднорочните избори во 2022 година, со кои илјадници осуденици за поседување канабис се подобни за помилување. Лицата кои сега ги исполнуваат условите од таа одлука можат да поднесат барања за помилување до правната канцеларија на Министерството за правда, која издава потврди за помилување. Бајден ќе им даде помилување на 11 лица кои служат како што Белата куќа ги нарече „несразмерно долги“ казни за ненасилни прекршоци за дрога. Претседателот Бајден во изјавата…
Цел на Европската комисија е Северна Македонија и Албанија да ги почната преговорите по Првиот кластер – Основи што е можно поскоро, дури ако може и следната недела и силно ја потврдуваме нашата посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат членки на нашата Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Усрула фон дер Лајен по завршувањето на дводневниот Самит на ЕУ. – Новата година почнува со многу добри вести за Европската Унија и за нејзините соседи и пријатели со вчерашната одлука за чекор напред во процесот на проширување. Тоа ќе претставува обележје на нашата…
Додека се уште траел состанокот на ДУИ денеска, извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ. Претходно Министерот за надворешни работи и потпртетседател на ДУИ Бујар Османи, информираше дека ДУИ одлучиле од 28 јануари технички претседател на Владата на Сeверна Македонија да биде Талат Џафери. Ова, како што наведува Османи, се дел од…