Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Според пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски граѓаните добро знаат кој со кого е во коалиција. Тој во гостувањето на ТВ24 кажа дека Мицкоски се однесува како заложник на Левица.
Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово. Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците. Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие. -Најверојатно утре ќе имаме состанок со премиерот Димитар Ковачевски на кој веќе синхронизираните програми ќе ги…
Бројот на загинати од земјотресите што опустошија големи области на Турција и Сирија денеска надмина 20.000, а надежта за пронаоѓање преживеани под урнатините на илјадниците урнати згради се намалува, јави ДПА. Во Турција има 17.134 потврдени смртни случаи и уште 3.317 во Сирија, со што вкупниот број изнесува 20.451 – неверојатна загуба на животи што го прави еден од најсмртоносните потреси во последните децении. Повеќе од 75.000 луѓе се повредени во двата последователни силни земјотреси што рано во понеделникот го погодија регионот. Безброј луѓе останаа без домови и немаат пристап до основни производи и услуги, особено во Сирија која е разурната од војна и…
Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешна успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините, информираат од Канцеларија за односи со јавноста на Гернералштабот на Армијата на Северна Македонија.
Европскиот совет денеска ги усвои заклучоците за преговорите меѓу Србија и Косово, во кои ги повикува двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат обврските што ги презедоа во дијалогот, вклучително и договорите склучени во 2013 и 2015 година за создавање на Заедница на српски општини“.
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија информира дека кибер-нападот со кој се справува се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, и оти анализите на експертските тимови покажуваат дека нема излевање на податоци надвор од базите на оваа институција. Техничките тимови на ФЗО, посочуваат оттаму, приоритет даваат на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите. – ФЗОРСМ ја известува јавноста во врска со забелешките од ревизорскиот извештај кои беа објавени во текот на денешниот ден од неколку медиуми,…
Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот.
По објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“, не стивнуваат коментарите.
Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека Лондон не ја исклучува можноста да испрати авиони во Украина, истовремено предупредувајќи дека тоа не значи „волшебно стапче“ со оглед на потребното време за обука.
Голем број уметници реагираа по објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“. Режисерот Борко Зафировски, во коментар на фејсбук, напиша:
Инфлацијата во еврозоната се намали и во јануари и се лизна на 8,5 отсто, благодарение на многу поблагиот раст на цените на енергенсите, покажаа првите проценки на Евростат во средата.
Се направи дополнително подгревање на атмосферата од страна на радикали во Македонија и Бугарија, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во Сител телевизија, прашан за чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.