Author: Jane Gjorgioski
„Добро е што приватните превозцници излегоа во пресрет на барањето на премиерот да ги ослободат улиците и да овозможат граѓаните да живеат нормлано. Тие гледаат сериозност во Владата и поради тоа замоливме да сме медијатори во проблемот што го креира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заради нивни кавги во тендери и провизии страдаат граѓаните на Град Скопје. Единствен човек, единствен сериозен партнер на граѓаните излегува Димитар Ковачевски“ изјави претседателот на градската организација на СДСМ Скопје, Васко Кичевски во „Клик плус“ на ТВ21.
Шефовите на влади или држави на земјите-членки на Европската Унија на денешниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ. Лидерите од членките на Унијата, денеска без дискусија ја потврдија препораката која пред два дена ја договорија министрите за европски прашања Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија. Пред состанокот на министрите за европски прашања во вторник во Брисел, хрватскиот и грчкиот премиер Андреј Пленковиќ и Киријакос Мицотакис испратија писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на…
Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи вечерва изјави дека долгот за неплатените сметки за струја на здравствени установи и јавните институции ќе биде платен онолку колку што можат да се најдат средства во буџетот за да не се скрати од други проекти или потреби на граѓаните. -Се согласувам дека е нужно да се преземат активности во сите овие институции, особено да се влезе во реструктуирање, како што тоа го најавивме и за Пошта, каде веќе почна и од 1 јанаури ќе има целосно нова систематизација, со нови работни места, типови на работни места, нема…
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска рече дека конкретно, лично и директно добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА.
Што се однесува до хибридните напади кои се интензивираат во последно време и вордингот на опозицијата која постојано создава чувство на незадоволство кај граѓаните, според професорот Никола Дујовски, целта и на опозицијата и на оние кои се јавуваат за подметнати бомби е токму тоа да се создаде една поинаква слика во општеството, да се создаде страв и паника и да се има нерасположение кон генералните политики на Владата.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ,Килијан Вал на која разговараа за приоритетните реформи важни за евроинтегративниот процес на земјата и можностите за продлабочување на соработката.
Припадници на косовската полиција од редовните единици, од албанска националност, од вечерва влегуваат во северниот дел на Митровица со цел да го зголемат присуството во деловите на градот каде живее етнички мешаното население, меѓу кои пред се Албанци. Целта на пристигнувањето на овие единици е исклучиво „да се заштитат етнички мешаните делови од градот, а по неколкуте поплаки на Албанците од северот дека не се чувствуваат безбедни“, изјавија за KoSSev од косовската полиција, пренесува српски N1.
Во просторите на Здружението на писателите на Србија во Белград вечерва Македонците во Србија во организација на здружението Македониум, заедно со членови на здруженијата на писатели на Србија и на Северна Македонија, го чествуваа државниот празник Свети Климент Охридски, јави дописникот на МИА од Белград.
Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ, заедно со лидерот Димитар Ковачевски и потпретседателката, Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваа на Самитот на лидери од Западен Балкан и Групата на социјалисти и демократи (S&D) во Европскиот парламент, информираат од СДСМ.
Руските напади предизвикаа еколошка штета во регионот Харкив од над 2,7 милијарди американски долари, соопшти локалното обвинителство.
Помина една година откако е на власт новата локална самоуправа во Град Скопје и општините, а граѓаните и понатаму се соочуваат со проблеми и неисполнети ветувања.