Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Во интервју за ЦИВИЛ Медиа Бојан Кордалов, комуниколог-специјалист за односи со јавност и нови медиуми вели дека статистиката покажува дека нашата земја се соочуваа со голем број на дезинформации и укажува дека од исклучителна важност е граѓаните да можат да ги препознаат дезинформациите. „Статистички гледано се соочуваме со голем број на дезинформации, тоа го говорат и истражувањата и фактите. Го гледаме и следиме секојдневно, но она што е најважно е секој граѓанин да стане свесен дека тие постојат меѓу нас и да можат да се препознаат. Еден дел од популацијата смета дека тоа е нешто страшно, а друг дел…
Континуираната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ од страна на Пратеничката група на Социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент беше потврдена на денешната средба во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со европратениците од редовите на СД, Тајс Ројтен, Евин Инчир, Андреас Шидер, Матјаж Немец и Педро Маркез.
Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи по одлуката на Албин Курти да го именува Ненад Рашиќ за министер за заедници, противуставно и спротивно на Договорот од Брисел.
Вработени во депонијата „Дрисла“, која ја менаџира Градот Скопје, денеска спонтано ја блокираа депонијата во знак на револт и протест поради тоа што добиле информација дека во следниот период ќе има отпуштања, како и дека нивните договори нема да бидат продолжени, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека внатрешната контрола утврдува факти за случајот со возилото кое во медиумите се поврзуваше со синот на заменикот министер Назим Буши. Во гостувањето во „Само интервју“ тој сподели дека се креирало мислење во јавноста само врз основа на написи кои наводно се повикуваат на извори во МВР. -Кои беа написите што беа потенцирани во дел од медиумите? Прво дека возило ауди што се возело со голема брзина не застанало пред полициски службеници, па дека некој го пропуштил, па дека бил син на заменик министер, па дека било службено возило на СОЗР.. Ова се…
„Нашата цел не е на тие скрининзи да ја разубавуваме реалноста, ниту да презентираме со розови очила. Целта е да ги истакнеме достигнувањата, напорите и успесите кои се реално направени, но и да ги покажеме слабостите кои се обврзуваме да ги поправиме во текот на преговорите“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“. Тој додаде дека токму тоа е и целта на преговорите, затоа и тие траат со години за да има време и простор да се надминат сите слабости и недостатоци. „Не може да ги скриеме слабостите на системот, државата или општеството. Имаме извештаи на Европската…
Општините во Македонија над 70 отсто од парите ги добиваат од владата, а за капитални инвестиции трошат помалку од 20 отсто од буџетите. Има општини коишто речиси целосно преживуваат од владини донации и немаат ниту денар за капитални инвестиции. Општините досега добиваа 3 отсто од данокот на личен доход. Според измените, годинава ќе почнат да добиваат 4 отсто, догодина 5 отсто, а во 2024 година 6 отсто од парите кои ќе се соберат по основ на овој данок. -Општините од наредната година ќе добиваат повеќе пари од даноците и во Фондот за перформанси и Фондот за изедначување ќе се распределат…
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.