Author: Jane Gjorgioski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија. По новата рунда дијалог за нормализација на односите на највисоко политичко ниво, Борел рече дека на српскиот претседател Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти им доставил компромисен предлог за имплементација на договорот на патот кон нормализација на односите и анексот за негово спроведување од февруари и март годинава. Борел рече дека косовската страна сака прво да започне со политичките…

Read More

Во Брисел денеска започна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 15, „Енергетика“ и Поглавје 21,  „Трансевропски мрежи“, кои се дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Состанокот, како што е наведено во соопштението од СЕП, го отвори државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која во своето воведно обраќање рече дека развојот на енергетскиот сектор е високо на агендата на Владата, посочувајќи дека последните години се усвоени повеќе закони, вклучувајќи ја и Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во согласност со енергетските и климатските политики на ЕУ. -Владата…

Read More

На почетокот на оваа година, Министерството за култура ја исполни својата обврска, и врз основа на работата и преземените мерки на Комисија за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, со надлежност да ги следењето на состојбите пропишани со Законот за управување, усогласување на планските документи и активности со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, во соработка со албанската држава како партнер во презервацијата на светското културно наследство Охрид и охридски регион, го достави извештајот меѓу две сесии на Комитетот за културно наседство на УНЕСКО кој треба да се произнесе за него деновиве…

Read More

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во с. Слупчане, општина Липково, соопшти МВР. При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети… З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до…

Read More

„Денес Европа и светот зборуваат за македонска држава, македонски народ и македонски јазик. Денес нашата родна земја, Република Северна Македонија е меѓународно признаена држава, чии граници се исцртани на светската географска карта. И ова е, и мора да биде нашиот мотор. Денес кочниците се само во нашите раце“ рече премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија во чест на 8 Септември во Филхармонија. Тој додаде дека Северна Македонија е и територијални и идентитетски и меѓународно признаена држва преку науката, уметноста, книжевноста, но и како политичка реалност. „И штоме така, од кои причини би ставале кочници на сопствените перспективи? Јасно е дека…

Read More

Мајкл О’Лири, извршен директор на Рајанер, една од најголемите европски авиокомпании, беше нападнат од еколошки активисти пред Европската комисија во Брисел. Додека се подготвуваше да даде изјава за новинарите пред зградата на Европската комисија, двајца еколошки активисти му пријдоа на О’Лири и му залепија торта во лицето и грбот. – Добредојдовте во Белгија. Запрете ги авионите кои ја загадуваат животната средина, рече при тоа една од активистите и се оддалечи од местото на инцидентот. Со шлаг на лицето, О’Лири саркастично рече дека никогаш немал толку топло добредојде. – За жал, овие луѓе се екологисти и шлагот што го користат е…

Read More

Министрите за одбрана на САД, Јужна Кореја и Јапонија денеска заеднички ги осудија неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја и се согласија да ја засилат соработката за следење на ракетите, соопшти Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја. Воените министри на трите земји се договорија и за заеднички вежби во блиска иднина како дел од одбранбените мерки против нуклеарната закана на Пјонгјанг, пренесуваат странските агенции.

Read More

Европската унија мора да си постави временска рамка за новото проширување, бидејќи ако не биде поставена таа цел, ЕУ нема никогаш да биде подготвена за прием на нови членки, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени, изјави Мишел на брифинг со група дописници од Брисел. Според него, одредувањето на конкретен датум за проширувањето ќе ја охрабри ЕУ да се подготви за овој процес, а на земјите од Западниот Балкан им дава специфична…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во гостување во Канал 5 телевизија кажа дека јавноста не знае што се случувало на средбата на Габриел Ескобар со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Read More

Војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо. – Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, најавувајќи дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот…

Read More

„Фактот што нашите купувачи се во Европа немаме друга алтернатива освен да работиме по европските стандарди и така треба да биде во секој дом во секоја компанија во цела држава“ рече Ирена Јакимовска од „Комфи ангел“ на вчерашнаат трибина „Ние сме Европа“ во Скопје.

Read More

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји денеска во Шпанија изјави дека ја поздравува подготвеноста на Европскиот совет „конечно да се ангажира и да направи голем чекор напред“ за да се оствари проширувањето на Европска Унија. – Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што ќе не доведе до проширување на ЕУ во 2030 година, изјави Вархеји во Толедо, каде што се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ. Вархеји, коментирајќи ја овонеделната изјава на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена за проширување до 2030 година, истакна дека „не…

Read More