Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
ЦИВИЛ изразува крајна згрозеност и осуда на монструозниот чин на родосквернавење врз сопствените синови, ќерки, браќа, малолетни роднини, откако надлежните институции објавија дека во еден ден се регистрирани дури четири случаи на силувани деца. Како организација, посветена на промоција и одбрана на човековите права и слободи, ЦИВИЛ бара од институциите итно и решително да реагираат и на жртвите на сексуалното насилство да им обезбедат целосна професионална, медицинска и психосоцијална помош, а воедно да преземе превентивни и безбедносни мерки, ваквите ужасни случаи да не се повторат во иднина. Секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги…
Пожарникарите продолжуваат да се борат со шумскиот пожар што избувна во планинскиот национален парк на шпанскиот остров Тенерифе, поради што властите евакуираа најмалку 3.800 луѓе. Периметарот на пожарот се прошири на 31 километар низ сува шума од двете страни на стрмните карпи во близина на вулканот Теиде, највисокиот врв во Шпанија, што го отежнува пристапот до областа, и кој прекри голем дел од островот со облаци од чад и пепел. Пожарот, кој избувна вчера, веќе зафати 2.600 хектари земјиште. Властите испратија 17 авиони и вкупно 350 пожарникари и воен персонал. Дополнителни воздушни машини за полевање пристигнаа од копното. Жешкото и…
Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретиснкото мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање зошто смета дека избори не се решение, а нема двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени. -Вие гледате дека една од клучните теми се животниот стандард, социјалната заштита владеењето на демократијата. Тоа се трите елемнти според кои што ЕУ е најдобра во свет, на ниво на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваи, што овозможува испорака на федерална помош, откако во катастрофалните пожари на островот Мауи на Хаваи, загинаа најмалку 36 лица. Федералната помош во овој случај вклучува грантови за привремени станбени објекти и поправки на куќи, евтини кредити за покривање на оштетениот неосигурен имот и други слични програми за жителите на Мауи и фирмите погодени од пожарот. Бајден телефонски разговарал со гувернерот на Хаваи, Џош Грин и изразил сочувство поради загубените животи и уништената земја во пожарите, соопштено е од Белата куќа.
Агелер: Политичарите наместо да бидат заглавени во историски прашања, да ја придвижат земјата кон ЕУ
Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Канал 5 вели дека ЕУ беше кристално јасна и нагласува дека лажна вест е дека е можен подобар договор и дека некој може да репреговара нов договор.
Царинската управа преку демант вели дека прилогот објавен на Телма во врска со неодамна запленетите обврзници, содржи непроверени информации. „Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок како што е наведено во прилогот. Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот на тој датум. Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во…
Најмалку шест турски војници загинаа во судири со борците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана.
Проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска информира дека на 18 април оваа година токму од Европската комисија до нив стигнал допис за неправилност поврзана со договор финансиран од страна на Европската унија во висина од 600.659 евра. Македонија во тој проект учествувала со кофинасирање во износ од 66.739 евра, поточно целиот проект чинел 667.399 евра. Во периодот од кој потекнува случајот, 2015…
Заврши состанокот меѓу жителите на Слупчане и претставниците на ЕВН. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека состанокот поминал во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село. – Денес претставници на ЕВН се сретнаа со претставници на селото Слупчане. Разговорите се одвиваа во позитивна насока. Преостанува да се реализира уште еден состанок во текот на утрешниот ден, соопштија од ЕВН. Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали. -Состанокот помина во позитивна атмосфера, договорот треба да…
Уставот на САД има јасен одговор само на некои прашања поврзани со обвинувањата против Доналд Трамп една година и неколку месеци пред следните претседателски избори. Други прашања ќе ги втурнат САД на нејасна територија, објави Њујорк тајмс, неколку часа пред Трамп да се појави на суд по новите обвиненија поврзани со обидот за поништување на резултатите од претседателските избори. Кандидатот обвинет за кривично дело не водел кампања од затвор повеќе од еден век. Последниот што тоа го правеше е Јуџин Дебс. Но, некој осуден кандидат немал реални шанси да победи. Кампањата на Трамп е неограничена со закон, но и покрај…
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка – Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, претставници на трилатералната иницијатива формат Славков. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина. -Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка на земјите од форматот Славков по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија и во тој контекст беа разменети мислења…
Во овој момент треба да се покрене нивото на комуникација меѓу НАТО и Украина на ниво на Совет и треба да се даде точен план и предвидливост во тој дел, потенцираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на прашање дали како министер би поддржале членство на Украина во НАТО. Тој вечерва во своето гостување на телевизија Канал 5 потсети дека имаме декларација со која кажуваме дека го поддржуваме членството на Украина. -Ние имаме став во тој дел кој го комуницираме во рамки на членството иако ние имавме декларација која ја потпишаа претседателот Пендаровски заедно со неколку претседатели од…