Author: Jane Gjorgioski

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина во јуни, остави милијарди долари во наследство на своите најблиски роднини и пријатели, пренесе ДПА. Најмногу корист имаат неговите две најстари деца Марина и Пјер Силвио, според тестаментот што денеска го објави италијанската новинска агенција АНСА. Двете деца од првиот брак на Берлускони заедно ќе имаат мнозински удел од 53 проценти во холдинг компанијата Фининвест. Фирмата е главен акционер во MediaForEuropa (MFE), која порано се нарекуваше Медиасет и исто така е мнозински акционер на германската телевизија ProSiebenSat. 1. Покрај тоа, Марина и Пјер Силвио сега имаат контрола врз вили, недвижнини и други имоти…

Read More

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески попладнево е спроведен во затворот „Идризово“ каде треба да издржува три и пол години затвор за случајот „Титаник“. Со оглед дека Јанакиески се наоѓаше во куќен притвор за случајот, од Кривичен појаснуваат дека не бил потребен упатен акт, туку само наредба за спроведување. -Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој Апелација веќе донесе правосилна пресуда, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Во однос на…

Read More

Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент плус на ТВ 24 претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протестот организиран од МПЦ-ОА. Според Пендаровски, протестот е беспредметен бидејќи, како што рече, Владата ги повлече од процедура двата закони против кои се протестира – за родова еднаквост и за матичната евиденција и побара поширока…

Read More

Маж денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, откако му бил одбиен влез во земјата. Напаѓачот веќе е приведен, јавија локалните медиуми. Тие претходно информираа дека странец отворил оган врз граничен чувар и го ранил откако му бил забранет влез во државата. Потоа стрелецот се забарикадирал во соба на аеродромот, каде што држел заложници. Потоа, молдавските специјални сили започнаа операција и го приведоа напаѓачот. Според првичните податоци, човекот пристигнал со авион од Турција. Патниците биле евакуирани од аеродромот, кој престанал да прима летови.

Read More

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин. Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули. Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија. Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може…

Read More

Судија на претходна постапка им одреди 30-дневен притвор на две лица за случајот „Феникс“ осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Од Кривичниот суд Скопје за МИА информираа дека притвор од 30 дена им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д. Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и…

Read More

Северна Македонија и Европската Унија потпишаа Договор за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“. Договорот во Брисел го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија, соопшти МИОА. Министерот Алиу на церемонијата на потпишување се заблагодари за поддршката што ЕУ и ја дава на Северна Македонија. – Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата. на јавните услуги. Нашата Влада останува решена да…

Read More

Екипажот на подморницата Титан е изгубен, нејзината рамка за спуштање на дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт. „Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, се вели во соопштението на приватната компанија. Во соопштението се вели дека патниците биле вистински истражувачи кои споделувале посебен дух на авантура и длабока страст за заштита на светските океани. „Ова е исклучително тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа…

Read More

Функционерот на СДСМ Оливер Спасовски во гостувањето во Телма телевизија истакна дека е добро што конечно започнал некаков дијалог меѓу политичките субјекти. -И во нормални времиња треба да има дијалог за активностите и стратешките цели на државата. Второто добро во ваквите првични разговори е тоа дека и опозицијата разговара на непринципеилни основи, односно се менуваат нивните ставови. Би сакал тоа да е заради интересите на државата, а не заради нешто друго. Тие кажаа дека би прифатиле уставни измени, а не дека се некаков диктат, но морам да заклучам дека нивото на политичк култура во Северна Македонија мора да оди нагоре,…

Read More

Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност состави листа од главните руски лажни и пропагандни наративи до 19 јуни, пренесува Укринформ. Путин пелтечи на името на началникот на вооружените сили на Украина Русија продолжува со објавување видеа од затворениот дел од неодамнешната средба на Путин со „воените дописници“ што се одржа на 13 јуни. На 18 јуни, денот кога беше обелоденет „скандалозниот чин“ на Шојгу со гранатирањето на шефовите на африканските земји при посетата на Кијив, Путин рече дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Залужни, наводно заминал во странство. Обидувајќи се да го изговори името на украинскиот генерал, рускиот…

Read More

Руските вооружени сили и сродните вооружени групи се додадени на „списокот на срамот“ на ОН во врска со кршењето на правата на децата за време на конфликтот, поради нивните дејствија во Украина, се наведува во копија од годишниот извештај на генералниот секретар на ОН. „Посебно сум шокиран од големиот број напади врз училишта, болници и заштитен персонал, како и големиот број на загинати и осакатени деца што им се припишуваат на руските сили и поврзаните вооружени групи“, рече Антонио Гутереш во извештајот за 2022 година што ќе биде објавен следната недела, а во кој имале увид француски медиуми Тој наведува…

Read More

Се радувам што Белград и Приштина прифатија да се состанат во Брисел и овој разговор ќе биде воглавно во правец на деескалирање на состојбите, а не за долгорочно решение, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Навистина сме вознемирени во врска со ситуацијата на теренот, за потенцијалот за посериозна ескалација. И со човечки последици на локално ниво, но и за целиот регион. Не случајно и мојот повик како претседавач на ОБСЕ, но и како први соседи на Република Косово и Република Србија е да продолжат таму каде што прекинаа во Охрид и да изнајдат долгорочно решение, бидејќи имаме историска…

Read More