Author: Marta Pesevska

САД денеска објавија дополнителна безбедносна помош за Украина, во вкупна вредност од околу 1,3 милијарди американски долари. Во пакетот се вклучени капацитети за ПВО и муниција. „Оваа објава претставува почеток на процесот на склучување договори за обезбедување дополнителни приоритетни капацитети за Украина“, се вели во соопштението на Пентагон објавено денеска. Извор: МИА

Read More

Загрепчани шокирани од страшното невремето со катаклизмички димензии што го зафати градот денес попладне. Силен ветер носеше се пред себе. Покривот на зграда во населбата Шпанско е разнесен како да е од хартија, пренесува Дневник.хр. По страшното невреме кое го опустоши Загреб, сите служби се на терен, пожарникари, полиција и брза помош. Се уште нема официјални податоци за штети и повредени, но како што неофицијално дознава Јутарњи лист, на улицата „Баруна Филиповиќ“ паднал кран и дека службите се обидуваат да извлечат маж од него. Неофицијално дознаваме дека мажот завршил во болница со полесни повреди. Полицијата го блокирала преминот за автомобили и пешаци…

Read More

Пратеникот Антонијо Милошоски, за кого медиумите претходно пишуваа дека македонскиот лингвистист Блаже Конески во 2011 година го нарекол „џуџето од Небрегово“, не гласаше за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик во Собранието. Тој е еден од 36-те пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница во Собранието кои не дадоа поддршка за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се и: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки,…

Read More

Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска имаше средба со новиот висок комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, со кого разговараше за соработката на Западен Балкан. „Добра прва средба со Волкер Турк, новиот висок комесар за човекови права на ОН, за да разговараме за нашата соработка низ Западен Балкан и непосредното соседство на ЕУ“, напиша Вархеји на својот Твитер профил. Претходно денеска Турк се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, со кого разговараше за проблемите со човековите права во светот. Извор: МИА

Read More

Финска ќе ја одземе дозволата за работа на рускиот конзулат во Турку, еден од двата руски конзулати во земјата, објави денеска финската влада. Финска минатиот месец најави затворање на конзулатот како одговор на протерувањето на девет фински дипломати од Русија и затворањето на финскиот конзулат во Санкт Петербург. „Најавата на Русија за затворање на финскиот конзулат во Санкт Петербург од 1 октомври 2023 година беше непропорционален одговор на претходната изјава на Финска за протерувањето на руски дипломати во јуни“, се вели во соопштението на финската влада. Владата посочува и дека спроведува длабинска правна анализа на специјалниот статус на финскиот остров…

Read More

Претседателот на Владата на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, утрово присуствуваше на изведба на пробивање на десна цевка на тунелот Фариш, кој се наоѓа на делницата Фариш-Дреново на новиот експресен пат Градско-Прилеп. „Денеска заокружуваме уште еден успешен градежен зафат како дел од нашиот голем инвестициски циклус на градење на модерни патни делници и автопатишта низ целата наша држава. Ја заокружуваме изведбата на тунелот Фариш, со пробивање на десната цевка од овој тунел во Фаришката клисура, кој се наоѓа на…

Read More

Не станува збор за некаква политичка пресметка, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за истрагата покрената против 15 физички и три правни лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Меѓу приведените е и поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје и член на ДУИ, Исмет Гури. – Апсолутно ниту може да стане збор за каква било политичка пресметка заради тоа што единствено нешто од кое што се води МВР и ЈО е да се бориме против криминалот и корупцијата. И борбата против криминалот и корупцијата не може во…

Read More

Денес, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, корумпиран бизнисмен во Северна Македонија, во согласност со Извршната наредба (E.O.) 14033. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави да промовираат одговорност за поединци и субјекти кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување. „ Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон.…

Read More

На првата годишнина од Меѓувладината конференција со што Северна Македонија ги отвори преговорите со ЕУ, се гордеам со фактот што македонските институции успешно ги спроведуваат билатералните скрининзи преку силна посветеност, како во Скопје така и во Брисел, напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалната Фејсбук страница, по повод една година од одржувањето на првата меѓувладина конференција. -На неколку месеци пред завршувањето на скрининг фазата од преговорите ги имаме сите потребни капацитети за отворање на поглавјата и за влез во новите процеси од нашата европска интеграција, вели Маричиќ. За тој чекор, дополнува Маричиќ, неопходни се одговорни одлуки од пратениците…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кшиштоф Гжелчик, новоименуваниот амбасадор на Република Полска во земјава. Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Гжелчик и нагласи дека овогодинешното одбележување на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Полска јасно ги одразува големото пријателство и меѓусебната соработка, што е во фаза на унапредување. На средбата е оценето дека македонско-полските односи се цврсто поставени на позитивен развоен колосек, Полска е 12-ти трговски партнер на Северна Македонија и ја продлабочуваме економската соработка, со потенцијали и во енергетскиот сектор, земјоделството, полицијата, образованието и културата.…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, Министерот за правда, Кренар Лога и претставничката на УНЦХР во Република Северна Македонија, Кристина Бунеа се обратија на отворањето на регионалните работилници за имплементација на изменетиот Закон за матичната евиденција. Работилниците се организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР. „Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на граѓани кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување…

Read More

Министрите за финансии на земјите од Г-7 денеска изјавија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки. Минатата недела, лидерите на Г7 изјавија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина со обезбедување оружје, обука и разузнавачки информации како дел од нејзината тековна контраофанзива против руските сили. Г7, исто така, соопшти дека ќе продолжи да обезбедува финансиска помош за Украина за да и помогне да се справи со последиците од руската инвазија. „Потврдивме дека поддршката за Украина е непоколеблива“, рече Сузуки по претседавањето со состанокот…

Read More