Author: Marta Pesevska

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство. Претседателот Пендаровски им честита на годинашните младенци, Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Дарувајќи ги со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, им посака среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот. Претседателот изрази задоволство што сè уште постои голем интерес кај младите во земјава да бидат дел од Галичката свадба продолжувајќи ја оваа македонска вековна традиција. Воедно, тој упати честитки за шестдецениското негување на манифестацијата, која ги слави автентичните свадбарски обичаи и изворните песни и…

Read More

Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски кој сега е претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потсети премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање. -Тие рудници, Иловица, се во изборната програма исто така на ВМРО – ДПМНЕ и за изборите во 2016 година и општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ, Босилово и Ново Село носат одлуки за отворање на рудник Иловица за бакар и злато. Во тоа време не постоеше можност во јавноста, во медиумите да се отвори…

Read More

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ продолжува со поддршка на младите сонувачи со отворени очи кои веруваат во сопствената визија за успешно себереализирање и  вклопување во современите светски текови, а притоа ја афирмирааат и нашата земја на глобален план.

Read More

Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат, рече премиерот Димитар Ковачевски на граничниот премин Табановце заедно со неговата српска колешка Ана Брнабиќ. -Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80% во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати. За само три месеца српски и македонски инженери успеаја да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно…

Read More

Пишува: Ана Чупеска Личните причини за овој чин, ќе треба да останат само такви: лични. И, тоа мора да се почитува заради нејзиното достоинството и достоинството на нејзиното семејство. Тие, не се должни да страдаат од јавните паланачки рекла казала и фејсбук толкувања. Одвратни сте со коментарите – вие, радознали воајери. Очајни сте, со жутоштампарската заинтересираност. Нула свест ниту за неа ниту за траумата на нејзиното семејство. Нека почива во мир и во спокој, жената! Слава и! Причините за низа самоубиства не треба да нè интересираат на едно такво површно ниво, туку на системско. Затоа што никогаш тие не се…

Read More

Во рамки на мултимедијалниот настан „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“, кој се однесува на млади лица, а го спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, се одржа  панел дискусија на која збор зеде министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Read More

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Алјаска доцна во саботата по локално време, предизвикувајќи предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Плиткиот земјотрес се случи во 22:48 часот во саботата, на околу 89 километри југозападно од малиот град Сенд Поинт, додаде агенцијата. Националниот центар за предупредување од цунами во Палмер, Алјаска соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за јужна Алакса и полуостровот Алјаска. „За другите американски и канадски брегови на Пацификот во Северна Америка, се проценува нивото на опасност од цунами. Алјаска е дел од сеизмички активниот огнен прстен на Пацификот.…

Read More

Пишува: ФАТМИР БЕСИМИ „Владата никогаш не беше „спротивставена страна“ во преговорите за плата со синдикатите, туку менаџер во процесот кон утврдување на оптимален исход. Активно водевме преговори со синдикатите, но ни беше значајно и да понудиме соодветно решение пред ММФ, за да и тие согледаат дека предлогот има фискална издржаност и дека нема да направи притисоци врз макроекономската стабилност“, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата најнова колумна посветена на воспоставувањето систем на индексирање на платите во јавниот сектор. Министерот истакнува дека за првпат од осамостојувањето, утврдено е системско решение за платите во јавниот сектор, кое е во интерес…

Read More

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените. Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај…

Read More

 После сите перипетии, работите со затворениот базен се при крај на огромно задоволство на пливачите, ватерполистите, сите спортисти и сите граѓани на Струга, објави на социјалните мрежи пратеникот на СДСМ Јован Митрески. Во затворениот базен во Струга, кој 15 години беше руина и депонија, во тек се последните градежни работи и тој се очекува наскоро да им биде предаден на спортистите и граѓаните на Струга. Агенцијата за млади и спорт ја презеде иницијативата да се обнови затворениот базен пред две години, откако фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па…

Read More

Ако во јавниот сектор дигитализираме една услуга, таа треба да биде дигитална и таква да се нуди за граѓаните и за општеството. Ако  оставиме простор да може  да се процесуира и на стар начин, тогаш многу тешко одиме на подобрување на дигиталната трансформација во општеството, вели во интервју за МИА министерот за информатичко опшеттсво и администрација Азир Алиу. МИОА, посочува министерот, креира инфраструктура заедно со АД „Пошти“ во 333 локации каде ќе има една точка на услуги за граѓаните кои не знаат да отворат сметка на националниот портал uslugi.gov.mk или можеби немаат пристап до интернет или до технологија. До крајот…

Read More

Проблемот со Иловица го создаде токму ДПМНЕ, Владата на Никола Груевски на кого Мицкоски му беше советник, велат од СДСМ. Во 2012 и 2013 година се започнати сите постапки за отворање на рудник во Иловица и доделени првите концесии токму од Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, кога Мицкоски беше негов советник. Општините Ново Село и Босилово со градоначалници од ДПМНЕ имаат позитивна одлука за рудник. Дури и во изборната програма ДПМНЕ се фалеше со рудник во Иловица од 2017 година. Со години СДСМ се обидува да ја исправи неправдата врз граѓаните создадена од ДПМНЕ и заглавена во судски лавиринти.…

Read More