Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра. Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник. Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август. За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919. Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде…
Противниците на уставните измени се всушност поддржувачи на идеите на бугарските радикали дека европската перспектива на државата треба да се сведе на билатерални односи со Република Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Уставните измени, според Османи, се факторот што ќе утврди во која група ќе припаѓаме и затоа, како што рече, одговорноста на секој пратеник е толку голема. -Ако ги завршиме уставните измени, ние влегуваме во групата што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ. Одлука за тоа веќе има во ЕУ, ако не ги решиме уставните измени, ние влегуваме во групата на земји кои…
Последниот случај со проектот Скопје 2014, наречен „Феникс“ го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ. Под превезот на таканаречениот патриотизам, ДПМНЕ со години го пљачкала својот народ преку проектот Скопје 2014. ДПМНЕ и високи функционери на партијата предводени од Никола Груевски, освен врз грбот на народот, со години переле пари и преку македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите… Со последниот случај уште еднаш се потврди дека Скопје 2014 е мегакриминален проект кој служел единствено за лично богатење на поединци, се потврди и дека ДПМНЕ е најкриминалната партија во Европа. Заради сторениот криминал, заради злоупотребата на македонските великани, заради тоа…
Во Брисел беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“. Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја: „Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на…
Навистина мислев дека оваа “дилема” дали сте за Русија или за Америка е многу одамна затворено прашање, но очигледно некој како да е платен да ја отвора. И тоа секогаш кога е Македонија пред историска одлука. Пишува: Љубиша НИКОЛОВСКИ “Во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби“, вели претседателот на државата. И тоа не е прв пат да се слушне од него. Ако е така, крајно време е претседателот Пендаровски да каже кои се тие политички партии што се под руско влијание, затоа што Македонија е на распаќе, дали ќе продолжи по европскиот пат или овие сили…
САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од прес-службата на Стејт департментот, во одговор на прашањето дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“, на Гласот на Америка на македонски јазик. Основното јавно обвинителство во петокот соопшти дека спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици, при што наводно биле испрани над 16 милиони евра буџетски пари. -Борбата…
Најмногу наврнат воден талог од 27 литри на метар квадратен за изминатите 24 часа до 8 часот утрово, има во Струмица, а најмалку во Битола, еден литар на метар квадратен. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следат Демир Капија со 26 л/м2 и Попова Шапка со 25, потоа Пожаране – 24, Прилеп и Виница – 22, Штип – 21, Крушево и Охрид – 20 , Тетово – 19, Дебар – 17, Маврови Анови – 16, Берово – 15 , Куманово – 13, Скопје Зајчев Рид – 12, Крива Паланка – 7, Гевгелија – 5, Претор – 3 и…
Уапсен е напаѓачот кој синоќа во хрватскиот град Сисак пукаше од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети. По пукањето напаѓачот со часови бил во бегство, а нешто по 1 часот по полноќ бил уапсен. -Маж кој е поврзан со пукањето во областа Сисак е уапсен, тој е донесен во службените простории на полицијата и против него ќе се води кривична истрага, соопшти хрватската полиција. Во престрелката е убиена 45-годишна жена, додека четири лица се ранети. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени. Медицинска…
Најмалку четири лица загинаа, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци. Порталот „BNO News“ објави дека масовното пукање наводно се случило нешто по полноќ по локално време на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“. Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели. Други детали засега не се познати. Извор: МИА
Француската полиција уапси најмалку 719 лица синоќа за време на дополнителните нереди против полициската бруталност, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи според првичната проценка. Министерството на Твитер објави и дека во нередите се повредени 45 полицајци. Во јужното париско предградие L’Haÿ-les-Roses, напаѓачите ја нападнаа куќата на градоначалникот. Нападот се случил во 01:30 часот, кога Винсент Жанбрун бил во својата канцеларија. Неговата сопруга и двете деца спиеле кога непознати напаѓачи ја пробиле влезната врата и го запалиле автомобилот. Нередите беа предизвикани од фаталното пукање во вторникот во 17-годишен возач од страна на полицијата за време на сообраќајна контрола. Нереди избувнаа низ…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека украинските трупи елиминирале 21 илјади платеници на групата „Вагнер“ и ранија уште 80 илјади на исток. -Само на истокот на Украина, нашите војници елиминираа 21 илјади (руски платеници) и ранија уште 80 илјади. Односно, околу 100 илјади борци на групата „Вагнер“ беа убиени или ранети од нашите војници на исток. Тоа беа колосални загуби за „Вагнер“, изјави Зеленски во интервју за шпанските новинари. Тој додаде дека „Вагнер“ регрутирал многу свои борци во казнените објекти и повеќето од нив немале избор. Извор: МИА
„Постапката за уставни измени се очекува да влезе во Собранието во првата половина на следниот месец, односно во следните 10 до 15 дена да започне постапакта. Тоа е кажано и од владини функционери и согласно роковите“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24. Тој додаде дека првото гласање се очекува согласно процедурите и роковите кон крајот на јули, односно пред одморот во Собранието. „Ние сме оптимисти, согласно последниот став по лидерската средба на Мицкоски, дека ДПМНЕ е спремно да влезе во Влада под одредени услови, кои за нас се прифатливи и очекуваме да продолжи дијалогот“ рече…