Author: Marta Pesevska

За лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, кој денеска соопшти дека поднесува оставка на лидерската позиција во партијата, Договорот од Преспа е еден од трите најважни постигнувања што ги оствари Грција во периодот кога неговата партија беше на власт, заедно со извлекувањето на Грција од меморандумите и за подмирување на долгот на земјата и со реформите што го кренаа стопанството. – Денеска, на овој важен ден за мене, изјавувам дека сум горд за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја поддржа идејата за одржување меѓународна конференција за Косово и Србија, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји, кои предизвикаа загриженост на Западот, јави Топ чанел. – Ја поддржуваме и идејата што поскоро да се организира конференција – заедно со некои земји-членки на ЕУ. Мислам дека е дојдено време да се има глобален пристап и да се преземат јасни чекори кон нормализација на односите Косово-Србија. Ова е многу важно, бидејќи рековме дека сакаме да се потрудиме да направиме нешто за Западен Балкан, заедно со Западен Балкан, изјавил Мишел. Идејата за одржување меѓународна…

Read More

Германскиот канцелар, Олаф Шолц на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека тој стои зад тоа дека нема да има нови билатерални барања и дека процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе биде регуларен со сите постапки пропишани од ЕУ, потврди германист за „360 степени“, слушајќи го оригиналниот говор на Шолц. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обидувајќи се да креира проблем таму каде што нема, денеска на прес-конференција креираше конфузија дека канцеларот Шолц не го кажал зборот, гарантирам, како што се слушна на симултаниот превод од конференцијата. Според пратеникот Драган Ковачки од опозициската партија, Шолц не рекол дека гарантира, туку само…

Read More

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира. Како докажан пријател на Северна Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата. Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со норвешкиот Државен секретар во Министерството за надворешни работи, Ејвин Вад Петерсон, кој е во официјална посета во нашата земја. На средбата, вицепремиерот Битиќи и Петерсон разменија мислења за енергетската сигурност и енергетски потенцијали во Северна Македонија, при што вицепремиерот Битиќи рече дена за нас, енергетскатата сигурност претставува прашање на националната безбедност, преку обезбедување на сигурно и непречено снабдување со енергија, кое ќе ги задоволи потребите на нашиот народ. Во делот на енергетските потенцијали, вицепремиерот Битиќи ја…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесеттата седница на Економско социјалниот совет. На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите. Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит кон прерано починатиот, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на Синдикати на Република Македонија. На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентирана Методологија за пораст на…

Read More

Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје денес организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“. Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“, на денешната панел-дискусија укажа дека состојбата како денес се прикажани во јавниот дискурс каузите за родова еднаквост и права на ЛГБТ лицата, никогаш не била толку лоша: „Дури и во времето кога се случи првиот „Викенд на гордоста“, кога имавме физички напади врз нас како ЛГБТ луѓе и како активисти за таа кауза, ситуацијата во јавноста не беше волку лоша. Тогаш беше многу јасна нашата позиција на жртви. Значи…

Read More

Пред неполн час имавме одлична изјава на канцеларот Олаф Шолц со која недвосмислена се дава поддршка на европскиот пат на земјата, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева во гостувањето во ТВ24, коментирајќи ја гаранцијата која ја упати канцеларот Шолц дека нема да има нови пречки во процесот на присоединување. -Ние не го баравме тоа од него, тој самостојно ја даде изјавата, а освен гаранцијата тој искажа многу охрабрувачки работи, односно сме членка на НАТО и претседавач со ОБСЕ и дека имаме капацитет да се носиме со големите процеси и тоа е надоврзано н сите процеси кои се веќе започнати… Пред…

Read More

Илија Манасиев е новиот помирувач меѓу Синдикатот и раководството на Управата за јавни приходи (УЈП). Информацијата за МИА ја потврди претседателот на синдикатот на УЈП Васе Неданоски. Тој појаснува дека откако на Манасиев ќе му биде врачено решението, во рок од три дена треба да биде свикан состанок меѓу Синдикатот и раководството на УЈП. Манасиев е назначен откако претходниот помирувач Лазар Јовевски се откажа поради тоа што бил во странство. Вработените во УЈП бараат зголемување на платите за 30 проценти, а доколку не биде постигнат договор, најавија генерален штрајк. Извор: МИА

Read More

Пристапниот процес на Северна Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес – конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија. -Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Јас гарантирам за тоа, рече канцеларот Шолц на…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска попладнево во Брисел одржа средба со Вера Јурова, комесар за вредности и транспарентност во Европската комисија. На состанокот се разговараше за потребата од јакнење на демократските вредности и владеењето на правото, како и за напредокот на нашата земја во засилувањето на проактивната транспарентност на институциите и справувањето со корупцијата. На средбата вицепремиерката Грковска информираше за целите на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, кој беше воспоставен со цел да вмрежи жени од регионот кои со своето професионално дејствување се пример за одговорност…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц со највисоки државни почести вечерва го пречека премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија. Во седиштето на германската Влада во Берлин, како што е најавено ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Најавена е и вечера на двете официјалните делегации, информира известувачот на МИА од Берлин. Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат…

Read More