Author: Marta Pesevska
Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. – Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската телевизија бТВ. Европратеникот кој неделава престојуваше во Скопје во рамки на Жан Моне дијалогот во Собранието, за БНТ пак изјави дека при тоа имал средби со претставници и на власта и на опозицијата. Според него, вклучувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот на Северна…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со жителите на Општина Нагоричане, каде е реконструирана патната делница Младо Нагоричане – Куманово. Заедно со премиерот Ковачевски присутни беа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие Македонија Пат, Костадин Ацевски, како и заменик-градоначалникот на Старо Нагоричане, Бобан Цветановски. Станува збор за надградба и поправка на патната делница Младо Нагоричане – Куманово. Инвеститор на делницата е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач Јавното претпријатие Македонија Пат. „Надградбата и санацијата на овој патен правец во должина од над три километри…
„Не смееме да дозволиме да загубиме време, а на крајот да добиеме полошо решение. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши“ рече премиерот Димитар Ковачевски на младинската трибина „Младина, иднина, Европа“ во Скопје. Тој ги повика младите на активност и гласност, да побараат европска иднина сега, бидејќи тие се главните кои бараат земјата да продолжи цврсто на патот кон ЕУ. „Ако ја пропуштиме оваа…
Преговорите со ЕУ нè обврзуваат да исполниме сè она што е потребно за да обезбедиме одржлив развој на државата преку образование и економија која е базирана на знаење, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на дебата со младите која се одржа во Европската куќа во Битола. Според Маричиќ, младите имаат европска визија и се наша движечка сила кон ЕУ. -Најважните ресурси на македонското општество се студентите, кои со нивното знаење нè прават да бидеме конкурентни на европскиот пазар на труд. Целта на Владата е младите да останат дома и да придонесат за сеопфатниот напредок на Северна Македонија и…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Лондон, во чиј фокус, како што информираат, биле можностите за поддршка на Украина, како и идните чекори за обнова на земјата која се соочува со последиците од руската воена агресија. На состанокот, Османи, ја реафирмираше недвосмислената поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја обезбедената помош за земјата, стои во соопштението на МНР. -Од самиот почеток, Северна Македонија силно ја осуди руската агресија врз Украина, повикувајќи на итно прекинување на воените дејствија и изразувајќи поддршка и солидарност со украинскиот народ. Северна…
„Она по кое сме познати како помеѓу младите во нашата држава, така и во Европа е успешната имплементација на Гаранцијата за млади. Сеуште не сме дел од Европската унија, а работиме по европски стандарди. Од 2018 година во континуитет успешно го спроведуваме проектот Гаранција за млади. Ова е Европска носечка иницијатива која одговара на предизвикот со кој се соочуваат младите лица откако ќе го заокружат процесот на образование. Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади“ изјави министерката за труд и социјална политика и претседателка на форумот на жени на СДСМ,…
„Бараме да се направи реорганизација органите на јавната управа, бројот на министерства да се намали, а за тоа бараме да не се запостави и атрофира идејата за Министерство за млади, институција сојузник и претставник на младинскиот глас. Младите се оние кои што највеќе и се потребни на државата, но и државата на младите“ рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на младинската трибина „Млади, иднина, Европа“ во Скопје. Тој додаде дека тоа треба да биде институција која ќе ги спроведува младинските политики и ќе биде сервис на младите. „Дајте ни шанса да седнеме на иста маса и заедно со вас да…
Србија е избрана за домаќин на меѓународната изложба ЕКСПО 2027 по четири круга гласање на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) во Париз. Владата во Белград соопшти дека Србија како еден од петте кандидати во конкуренција со САД, Тајланд, Шпанија и Аргентина имала најголем број гласови во сите кругови, а во последниот круг од гласањето Шпанија била единствениот противник. Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на седницата на државниот Парламент изјави дека „Србија ќе биде центар на светот во 2027 година“. Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска преку Твитер упати честитка до Србија. Извор: МИА
Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство ќе се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во земјава. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Иницијативата за Меморандумите за соработка меѓу Министерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси, како што информираат од Министерството за финансии, е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската Унија, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на…
Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук беа во посета на Собранието на Северна Македонија, во рамките на процесот на Дијалогот Жан Моне. Целта на мисијата беше да се оцени напредокот во процесот на измена на Деловникот на Собранието и да направат подготовки за следната рунда на Дијалогот Жан Моне, наесен. Фото/ Собрание Како што информираат од Собранието, ко- фасилитаторите од Европскиот парламент на процесот на Дијалогот Жан Моне, Шидер, Валсман и Ќучук, на 20 и 21 јуни одржаа конструктивни средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, како и…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и Народниот правобранител, Насер Зибери присуствуваа на завршниот настан насловен „Ситуација и практики за справување со случаи на дискриминација – резултати и насоки за понатаму” како дел од ИПА проектот „ЕУ за човекови права: Воведување на концептите на не-дискриминација во законодавството“. На настанот беше во организација на Делегацијата на Европската Унија и Министерството за труд и социјална политика се дискутираше за состојбите и практиките за справување во случаите на недискриминација и беа презентирани активностите кои ги спроведуваше проектот…
Денеска (21.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Букурешт, Република Романија, се сретна со својот романски колега, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталин Предоју. На средбата, изразувајќи благодарност за топлиот пречек, министерот Спасовски упати честитки до колегата Предоју по повод назначувањето на функцијата вицепремиер и министер за внатрешни работи на Романија. Притоа, тој изрази задоволство за можноста за соработка на прашања од заеднички интерес како за двете министерства за внатрешни работи, така и за двете пријателски земји. Оценувајќи ја досегашната билатерална соработка меѓу двете Министерства за внатрешни работи како плодна и…
