Author: Marta Pesevska

Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови. Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени. Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена. На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата.

Read More

Најжестоките борби на контактната линија за време на украинската контраофанзива се забележани во три области. Руските напаѓачи претрпуваат големи загуби. Ова на Твитер го објави британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки податоци, пренесува Укринформ. Продолжуваат жестоките борби на контактните линии, од кои најинтензивни се во областа Запорижја, на запад од Доњецката област и околу Бахмут. „Во сите овие области Украина продолжува да спроведува офанзивни операции и постигна мали успеси“, додаде британското Министерство за одбрана. „Двете страни трпат големи загуби, а руските загуби веројатно се најголеми од пикот на битката за Бахмут во март“, заклучува разузнавачката служба. Како што објави…

Read More

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Ретко има човек кој не видел малечко детенце кое проодува – падни, стани и пак, пак, пак, неброено пати. Ретко има и човек кој би рекол дека децата се глупави што го прават  тоа. Уште поретко има такви луѓе кои би го сопнувале детето, особено кога се наѕира успехот конечно да застане на кревките ноџиња и да направи повеќе чекорчиња. Дечињата се самите надеж од глава до пети, со секое ново станување тие се надеваат и, вака-така, ќе издејствуваат нов чекор. Не е надежта кај нив некое вештачко чувство за кое начуле дека возрасните го имаат – па…

Read More

Големото јаболко постепено се намалува делумно поради тежината на облакодерите по кои е познато, покажа новото истражување. Ова слегнување ја прави метрополата поранлива на покачувањето на нивото на морето и крајбрежните поплави предизвикани од климатските промени, забележаа истражувачите. Студијата, објавена овој месец во списанието Earth’s Future, се обиде да процени како огромната инфраструктура на градот влијае на слегнувањето на земјата. Слегнувањето е тонење на копнена маса предизвикано или од природни процеси како што е ерозијата или од човечка активност како на пример екстракција на минерали. Геолозите пресметале дека повеќе од еден милион згради во Њујорк бележат вкупна маса од 762…

Read More

489 деца загинаа, а уште 1.026 беа повредени, како директна последица од руската инвазија врз Украина.  До денес, 18 јуни 2023 година, повеќе од 1.515 деца се убиени и повредени во Украина како резултат на вооружената руска агресија. Официјалните информации од обвинителството говорат дека досега се убиени 489 деца, а повеќе од 1.026 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност, објави Јавното обвинителство на Фејсбук. Како што е наведено, бројките не се конечни,  бидејќи се уште траат напорите за утврдување на жртви во областите на воените дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии. Најмногу загинати и повредени деца…

Read More

Соочен со незадоволни вработени кои бараат повисоки плати, тукушто назначениот директор на Царинската управа во чија нова канцеларија први влегоа претставници на синдикатите има верба дека сепак ќе биде постигнато заемно прифатливо решение и дека нема да се реализираат заканите за радикализација на протестите. „Не очекувам дека ќе дојде до блокирање на граничните премини. Ги почитувам правата на вработените, како и сите легитимни и демократски права на граѓаните, регулирани со соодветни закони и колективни договори’’, изјави Стефан  Богоев за „Локално“. За барањето за исплата на додатокот од 30% како што рече, ќе разговара со Министерот за финансии,  а средба е…

Read More

На вториот ден од Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга, министерот Азир Алиу ја отвори панел дискусијата насловена како „Дигиталната трансформација поврзува: перспективи за градење партнерства во Западен Балкан“. пришто рече дека технологијата и дигитализацијата нудат и испорачуваат вредности во сите сектори, во сите аспекти од нашиот живот.

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоизбраната генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Ејми Е. Поуп, која е првата жена директорка на ИОМ. Како што информира МТСП, Меѓународната организација за миграција е водечка меѓународна организација во областа на миграцијата и е посветена на принципот дека хуманата и уредна миграција е од корист за мигрантите и општеството. На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговараше за областите во кои соработува Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација за миграција со фокус на внатрешна и надворешна миграција, трговија со луѓе…

Read More

Владата на Шведска одлучи да ѝ го додели на Украина дванаесеттиот  пакет воена помош кој ќе изнесува 250 милиони круни (23,7 милиони долари) и ќе вклучува пробни летови на борбени авиони Грипен. Во соопштението на шведската Влада се посочува дека поголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за испраќањето на воена опрема и обуката на украинските војници. Шведска минатиот месец најави дека  можеби ќе им дозволи на украинските пилоти да тестираат борбени авиони Грипен, откако Киев испрати барање за различни типови авијациски системи. Сепак, Стокхолм повторно повтори дека не планира да испрати борбени авиони Украина. Извор: МИА

Read More

„Сите лаги на опозицијата изминатиот период, дека со прифаќање на францускиот предлог ќе исчезе македонскиот јазик и идентитет паднаа во вода. Прво со Фронтекс, а сега и со поддршката и резолуцијата од Германија“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Само вистина“ на Канал 5. Тој додаде дека македонскиот јазик ќе биде зачуван и ќе биде дел од ЕУ, а тоа го потврди и Германија. „Ваквата резолуција ни покажа многу – дека опозицијата знае само да говори дека не знам како се грижи за јазикот, а нивните партнери, на кои и им присуствуваа на конгрес, гласаа против“ рече Каевски. Пратеникот…

Read More

Модернизацијата на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред себе си има поставено јасна цел, развој и модернизација на македонското земјоделство. Цел на која сите овие години посветено се работи, креирајќи конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финансиска поддршка при набавка на трактор. Вкупната вредност на поддршката изнесува 500 милиони денари. Финансиската поддршка е во форма на кофинасирање…

Read More

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска денеска положи цвеќе по повод одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во Ваташа. „Никогаш да не се повтори!“ беше порака во нејзината фејсбук објава. – Денеска молкум им оддаваме почит на дванаесетте младинци од Ваташа кои, пред 80 години на денешен ден, беа стрелани и масакрирани од тогашната бугарска окупаторска војска. И денес, и болката и спомените од овој грозоморен чин се сè по присутни, како и пораката-никогаш да не се повтори! Споменикот во Моклиште за брутално згаснатата младост во исто време и потсетува и опоменува дека и ние Македонците ја…

Read More