Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Неколку илјади Израелци синоќа демонстрираа во Тел Авив и во други градови 23-та недела по ред, против контроверзниот план за реформи во правосудниот систем на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Собирот се одржа во центарот на Тел Авив, како и во градовите Хаифа и Реховот. Голем број демонстранти држеа флаери во кои се критикува неактивноста на владата пред бранот на криминал што моментално го погодува арапското малцинство во Израел. Според различни арапски невладини организации за човекови права, од почетокот на годината, речиси 100 луѓе се убиени во насилство поврзано со криминал меѓу арапското малцинство во Израел. Поддржувачите на реформите, кои…
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска ќе го одржи Третиот конгрес на кој делегатите ќе избираат нов Извршен одбор и нов претседател на Сојузот, поради завршување на мандатот на досегашниот, Лука Павиќевиќ. Кандидати за нов средношколси лидер се Ива Трпески, ученичка во кичевското средно училиште „Мирко Милески“, одговорна за администрација при Извршниот одбор на Сојузот, и Берин Мухамед, ученик во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, координатор на младинските амбасадори при Извршниот одбор на Сојузот. Пред Конгресот, Средношколскиот сојуз ќе го одржи 20. Генерално собрание на кое ќе се усвојува извештајот за работа, а претседателот во заминување ќе…
Дигитализацијата и технолошкиот развој продолжува да го намалува обемот на пратки за коресподенција (писма и поштенските картички). Наспроти приближно 40 милиони писма што ги испорачала националната пошта во 2016 година, лани нивниот број е 25.338.883. Променетите потреби на корисниците и бизнис секторот како резултат на развојот на е-трговијата донесе нови производи и услуги. Пратките за кореспонденција сѐ повеќе се заменуваат со електронски средства за комуникација, а голем дел од традиционални испраќачи на масовна пошта (деловни субјекти, институции) сè повеќе ги прифаќаат електронските процеси и доставата да ја вршат на електронски начин. Според податоците на регулаторот, вкупниот обем на пратки за…
Во Црна Гора денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори – шести од обновувањето на независноста на земјата на референдум во 2006 година. Избирачките места се отворени утрово во седум часот, а ќе бидат затворени во 20 часот. Граѓаните избираат свои претставници во Собранието од 15 изборни листи, а право на глас имаат 542.468 граѓани. Проекции на изборните резултати од невладините организации кои ги набљудуваат изборите се најавени за 21 часот. Како што јавуваат агенциите, денешното очекување на јавноста, по три години политичка нестабилност и пад на две влади кои ја загубија довербата во Собранието, е стабилна влада која би ја…
Сите предлози кои што ги имаше ВМРО – ДПМНЕ се прифатени, дури и делот кој што го имаа во однос на партијата ДУИ, прифатен од страна на ДУИ со нивно соопштение. Сите барања кои што ги имаше најголемата опозициска партија се исполнети, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во 360 степени. – Прво најголема разлика беше, која што веќе не постои, обвинувањето и реториката на ВМРО – ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитет и т.н на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. Цела година, од почетокот на усвојувањето…
Во Белград се одржа шестиот масовен протест „Србија против насилството“ со учество како и минатите недели на десетици илјади граѓани, со фокус на протестот на образованието, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот се одвива во мирна атмосфера, во форма на протестна прошетка од Народното собрание по централните улици со правење на прстен и блокада овојпат околу Владата. Граѓаните на чело на колоната го носеа транспарентот „Србија против насилството“, „Студентите против насилството“ и картонски фигури со ликовите на претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, Драган Вучиќевиќ од Информер, Оливера Зекиќ од РЕМ и Жељко Митровиќ од Пинк-во затворски одела. По…
Поместувањата што ги гледаме деновиве укажуваат дека има волја да се донесат уставните измени, пак ќе имаме „жешко “ лето како и секоја година, процесите многу брзо ќе се случуваат и веројатно до крајот на годината ќе биде извесно каде и како се движиме и кој ќе биде исходот од сето тоа. Европската Унија е цел на сите партии и мораме и можеме да се усогласиме. Ќе треба од некаде да се почне, а почетокот засега е убав и е за поздравување. Ова се оценките од Маја Морачанин, претседател на ДОМ, Моника Зајкова, претседател на ЛДП и Бејџан Иљас од…
Изјава на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска по седницата на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, кои заседаваа за начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена од завчерашната средба на лидерите на двете партии, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска започна програма за помош на Украинците по пукањето на браната Нова Каховка, изјави директорот на агенцијата Рафаел Роси, додавајќи дека ќе дојде во Украина „во наредните денови“ на чело на мисијата што ќе пружи помош, јави Си-Ен-Ен.
Портпаролот на Штабот на мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), Андреа Галиени изјави дека „беше јасно“ оти зад насилните протести на Србите во северно Косово, што започнаа пред повеќе од десет дена, „се криеја криминални групи кои се обидоа да ги нападнат трупите на КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. Галиени на денешната прес-конференција во Приштина рече дека во протестите на 29 мај во општина Звечане беа повредени 30 припадници на мировната мисија, од кои 11 од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, а во наредните денови уште неколкумина други. -Од 29 мај дополнителни сили на КФОР беа…
„Преговорите ги води Владата во секоја држава, но Собранието и опозицијата имаат силна улога. Понудивме и претходно, а сега актуелизираме, заедно да составиме Закон за преговори со ЕУ каде ќе бидат наведени сите грижи и Владата да се обврзи да не се преговара за идентитетот и јазикот. Ако ЕУ го отвори тога прашање, тогаш Владата да има обврска веднаш да се повлече од преговорите“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5, пред средбите на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ. Тој додаде дека со овој закон ќе се дефинира зајакнатата улога на опозицијата и Собранието, како и…
Во Европскиот совет е испратен и нацрт текстот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, кој албанскиот премиер Еди Рама го достави до Париз и Берлин, потврдија за Радио Слободна Европа извори од таа институција.