Author: Marta Pesevska

Пентагон денеска најави дека ќе обезбеди дополнителни 2,1 милијарди долари долгорочна помош за оружје за Украина. Новиот пакет помош ќе вклучува финансирање за повеќе муниција за ракетниот систем „Патриот“, и ракетни системи „Хок“ како и мали беспилотни летала „Пума“ што можат да се лансираат рачно. Помошта, еден од поголемите пакети што ги обезбедија САД, доаѓа бидејќи има знаци дека Украина ја почнува – или ќе ја почне – толку очекуваната контраофанзива за да се обиде да ја врати територијата што беше заземена од Русија, јавија американски медиуми. Парите ќе бидат обезбедени во рамките на Иницијативата за безбедносна помош на Украина…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Централниот и Извршниот одбор на СДСМ ги свикал за да го информира партиското раководство за она што се случувало на лидерската и дијаметрално променетото мислење за уставните измени на опозициската партија. -Лидерската средба покажа дека има дијаметрално променето мислење на партијата ВМРО-ДПМНЕ искажана преку јавната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на самата прес-конференција, што дава нова динамика на политичката сцена во државата. Сметам дека за тоа треба да бидат информирани и ИО и ЦО на СДСМ, исто како што пред лидерската средба, знаете дека имав состанок и на ИО и ЦО и со коалициските партнери,…

Read More

Прашкото квадриенале свечено се отвори со специјално направен перформанс во јавен простор и во присуство на градоначалникот на Прага, претставник на Министерство за култура и меѓу илјадници луѓе дојдени специјално за оваа најголема меѓународна културна манифестација посветена на дизајнот на перформансот и просторот. Тогаш премиерно се отворија изложбите на сите павилјони, се изведе перформансот „Градот како сцена “ на националниот павилјон и се претстави Студентскиот павилјон. – Особено ми е драго дека успеавме да одржиме континуитет со наше присуство на овој мултижанровски интернационален настан и да го претставиме тоа што го работиме меѓу 59 павилјони а згора на тоа и…

Read More

„Жално е што за ВМРО-ДПМНЕ императив за меѓународна средба и поддршка им е Орбан. За разлика од тоа, Ковачевски се среќава со највисоките претставници на администрацијата на САД, со Макрон, со канцеларот на Германија, со претседателката на Европската комисија, со претседателот на Европскиот совет“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески во „24 анализа“ на ТВ24. Тој додае дека овие највисоки меѓународни функционери даваат директна поддршка за членство во ЕУ, додека Мицкоски се среќава само со Орбан, а дури и од него нема поддршка. „ВМРО-ДПМНЕ лицемерно се однесува кон македонскиот јазик, тие го нарекуваат кодификаторот на македонскиот јазик, Блаже Конески ‘Џуџето…

Read More

Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина. Ние тоа нема да му го дозволиме, истакнува во своја објава на Фејсбук  вицепремиерот за европски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи, реагирајќи на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. -Тој, очигледно ја препознал подадената социјалдемократска рака и фатен во небрано пред одлуките кои мора да се донесат за нашиот европски пат, и по кој знае кој пат повторно условува. Претходно, други од надвор ни поставуваа услови. Сега, Мицкоски во име на ВМРО-ДПМНЕ им поставува услови на…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека денеска имал телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон за актуелната ситуација во регионот Херсон и хуманитарните последици од „рускиот терористички чин“, како што го нарече уништувањето на браната Каховка. – Разговаравме за актуелната ситуација во регионот Херсон, еколошките и хуманитарните последици од рускиот терористички чин и укажавме на итните потреби на Украина за елиминирање на последиците од катастрофата. Разговаравме за можноста за користење меѓународни механизми за истрага за причините за експлозијата, напиша Зеленски на Твитер. Тој додаде дека со Макрон разговарал и за договорот со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за зголемување…

Read More

Либерално-демократската партија (ЛДП) е подготвена да го прифати влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во владејачката коалиција доколку опозицијата ги поддржи уставните измени. Според претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, европската иднина на граѓаните е најважна. -Европската иднина на граѓаните е најважна и секако напредокот на Македонија во преговорите со Европската унија и отворање на кластерите. И токму затоа го поздравуваме расположението на ВМРО-ДПМНЕ во нивниот избор да дадат поддршка во евроинтеграциските процеси и да гласаат за промена на Уставот. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, но истите да стапат во сила пред формирањето на влада во која би се приклучиле…

Read More

НАТО мора да дискутира за опции на Украина да ѝ се дадат безбедносни гаранции за периодот по војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. – Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има подготвени опции за да се осигури дека Русија нема едноставно да ги прегрупира своите сили за некој нов напад, рече Столтенберг на брифинг со новинари во Брисел. Во исто време, тој јасно стави до знаење дека НАТО – според член 5 од Вашингтонскиот договор – ќе обезбеди полноправни безбедносни гаранции само за полноправни членки. Извор: МИА

Read More

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека не добил никаков ултиматум од меѓународната заедница во однос на ситуацијата во северно Косово и порача дека „работите не можат да се средат со притисоци и со споменување последици“, јави дописникот на МИА од Приштина. Изјавата на Курти, дадена во Митровица каде што присуствуваше на спортска манифестација, претставува одговор на најавата на специјалните пратеници на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, дека Косово ќе трпи последици доколку до крајот на денешниот ден не ги исполни барањата на меѓународната заедница за смирување на состојбата во северно Косово, каде што локалните Срби протестираат против…

Read More

Вратата на Македонија кон Европската Унија е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Нагласува дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека сме ја пропуштиле шансата, која други ќе ја искористат. -Уставните промени се голем проблем. Суверенитетско прашање е за државата. Но мислам дека неколку елементи ќе бидат особено важни и ќе треба да се земат предвид штом ќе се објави предлогот и ќе стане достапен за јавноста. Ќе почнам со уставните промени. Мислам дека пред сѐ тука се клучни тајмингот и контекстот.…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со десеттата седница на Економско социјалниот совет. На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заменик министерот за економија, Зоран Маневски, претставници на институциите, претставници на синдикатите и претставници на работодавачите. На состанокот од страна на претставниците на Владата беше презентирана предлог Методологија за пораст на платите во јавниот сектор. По конструктивна дискусија од страна на претставниците на синдикатите во однос на предлогот, се донесе заклучок  синдикалните…

Read More

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на   лидерски дијалог на тема „Имплементација на зелената агенда за економски и општествен просперитет на Западен Балкан“, што вчера и денес се оджува во Тирана, во рамките на подготовка на Самитот на Берлинскиот процес во 2023 година. Во духот на зајакнување на регионалното климатско партнерство меѓу земјите од Западен Балкан и Германија во рамки на Берлинскиот процес,  дијалогот на лидерите има за цел да придонесе кон одговорот на прашањето како регионот може да се доближи до единствениот пазар на ЕУ и  да се создадат предуслови за социјално и економски праведен…

Read More