Author: Marta Pesevska

Од 1-ви август се укинуваат сите дозволи кои се разменуваа на реципрочна основа на годишно ниво, а кои се однесуваат за превоз на стока кој се врши за и од трети земји помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Ова подразбира целосна либерализација на транспортот на стока и се однесува за сите еколошки возила почнувајќи со стандард од ЕВРО 1, ЕВРО 2, ЕВРО 3, ЕВРО 4, ЕВРО 5 и ЕВРО 6. Овој договор е постигнат во рамките на македонско-српската мешовита комисија за меѓународен патен транспорт на патници и стока која деновиве заседаваше во Република Северна Македонија. Исто така постигнат е…

Read More

Во среда би требало да се одржи средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според информациите на МИА, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници.

Read More

По информациите дека Градот Скопје и „Водовод и канализација“ не учествуваат на редовните состаноци со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде се обезбедени парите за изградба на пречистителната станица во Скопје, министерката за животна средина Каја Шукова уверува дека тие ќе учествуваат на следните состанци и дека проектот ќе продолжи. – Информациите кои ги добивме од Град Скопје и „Водовод и канализација“ дека работите продолжуваат, како што треба, согласно планираните активности. И Градот и „Водовод“ изразија спремност за учество во редовните состаноци за изградба на пречистителната станица. Нашите партнери сериозно го сфаќаат…

Read More

Неуспехот да се смири ситуацијата на северот на Косово ќе има негативни последици, а Европската унија е подготвена да спроведе решителни мерки во оваа прилика, се вели во соопштението на 27-те земји-членки на ЕУ, објавено на 3 јуни 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. -Очекуваме Косово да постапи на начин што нема да ескалира и веднаш да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на Косово, се вели во соопштението. Во него се додава дека новоизбраните градоначалници привремено треба привремено да ги извршуваат своите должности во други простории мимо општинските згради, и што е…

Read More

Влада Урошевиќ: Изминавме еден доста долг пат, и притоа докажавме дека имаме преиспозиции да се развиваме понатаму, дека македонскиот јазик е еден јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него, и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му кажеме на светот. На 31 мај оваа година, со пригодна свеченост на писателот академик Влада Урошевиќ, му беше врачена наградата „Роман на годината“ што секоја година ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Влада Урошевиќ ја доби наградата за својот седми роман, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата…

Read More

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук сподели со сограѓаните дека денот за одмор го поминал во создавање убави спомени во адреналинскиот парк во Скопје со својот син Генти, а особено го радува фактот дека овој парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкурентност“ со средства на ЕУ и Владата на Северна Македонија.

Read More

Пишува: Мери Јордановска Во 2006 година МВР објави снимки од носењето на осомничените пред судот во случајот што Обвинителството го нарече „Армиско оружје“. Поминаа 17 години од тој настан и по многу правосудна ентропија, сè уште нема конечна пресуда. И тоа не е изолиран случај. Иста е приказната со случајот „Арсенал“ од 2014 година, кој се однесува на сервисирањето на партиските хеликоптери. Предметот уште е во фаза на судење. Предметот „Маѓар телеком“ во кој унгарски директори на Македонски телеком беа осомничени за поткуп на наши политичари, во судот влезе во 2011 година, а првостепената пресуда беше донесена дури годинава. Вакви…

Read More

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да го продолжиме европскиот пат, да оствариме уште еден национален интерес. Имаме силна поддршка од ЕУ и од САД којашто треба да ја искористиме. Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува успешно и наскоро ќе заврши. Со глас за Европа во македонското Собрание можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас. Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција. Интеграција во ЕУ за подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое…

Read More

Три автомобили се оштетени утрово при фрлена бомба во белградската општина Звездара, а според првичните информации нема повредени, јави Бета. Бомбата била фрлена од непознато лице од возило во движење. Полицијата врши увид на лице место, по што ќе се знаат повеќе информации. Извор: МИА

Read More

Иако има пријави и инспекциските служби на градот Скопје излегле на терен,  паркинг просторите кај поликлиника „Бит-пазар„ во Скопје се уште не се ослободени. Според градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска по пријава на граѓани, службите излегле на терен и на три места е утврдено дека безправно и со никаква дозвола се користат јавни простории кај поликлиниката „Бит-пазар„ каде со наплата на паркинг профитираат одредени лица. Фото/Град Скопје „Местото за користење не е дадено од градот Скопје, нема никаква дозвола таму за стопанисување, излезени се нашите инспекциски служби на терен, утврдени со записници дека на три или четири места има…

Read More

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Западот и Истокот во Скопје се натпреваруваа со пари и со идеи, се водеше интересна меѓународна игра. Западната цивилизација, сакаше да се натпреварува со источната на поинакво ниво – на ниво на солидарност, со пари и со тимови. Проектите за изградбата не се однесуваа само на архитектура и на дизајн. Експертите мислеа и социолошки и филозофски, направија концепт на град што требаше да биде репрезент на она што западната цивилизација го сметаше за демократска и слободарска култура. Скопје требаше да се подготви за 21 век, вели професорот Живко Поповски, познат архитект и претседател на…

Read More

Христијан Мицкоски е пред одлуката дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски. Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот. Веќе следната недела на лидерската средба ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица. Државата има историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжи европскиот пат и да се реализира стартешката цел за полноправно членство во ЕУ. Одговорност пред…

Read More