Author: Marta Pesevska

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана, како и на сите лидери на Европската унија и на САД, е дека моменталната ситуација на северот на Косово е неприфатлива и оти Србите треба да се вратат во институциите а албанските власти во Приштина треба да распишат нови избори. Рама во интервју за телевизијата Клан, истакна дека ставот на албанската влада е јасен – оваа ситуација е опасна и непотребна. На прашањето кој е одговорен, тој рече дека не е негово да ги бара одговорните. – Во Молдавија беа присутни сите лидери на Европа и на некои други земји, а…

Read More

Северна Македонија како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Од ФАО информираат дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го информирал за одлуката генералниот директор на ФАО, Ку Донгју. – Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата, со производство на риба од околу 2.500 тони годишно. Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера. Министерството има цел да го удвои производството на аквакултура до 2030 година…

Read More

„Почетокот на преговорите со Европската Унија го очекувавме цели 17 години. Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, вклучитено и уставните измени, бидејќи тоа е чекор за иднината на државата“ изјави министерот за внатрешни работи Олвиер Спасовски во интервју за белградска „Политика“. Тој додаде дека лицемерно е само декларативно да бидеме за членство во ЕУ, а да не поднесуваме политичка одговорност за тоа. „Во следниот период треба да ги преземеме сите напори преку парламентарен дијалог да дојдеме до консензус за уставните измени. Опозицијата мора да се аклиматизира на европското поднебје, да се ангажира и самокритично да ги…

Read More

Извртените халуцинации навистина се случуваат во светот на вештачката интелигенција – само што ботовите не халуцинираат. Жртвите на пореметените халуцинации се извршните директори на технолошките компании, заедно со фалангите на нивните обожаватели, и индивидуално и колективно. Пишува: Наоми КЛАЈН На маргините на дискусијата што се разгорува околу ненадејниот развој на т.н вештачка интелигенција, избувна релативно опскурна полемика околу зборот „халуцинира“. Тој термин го користат архитекти и приврзаници на генеративната вештачка интелигенција (ВИ) за да опишат целосно измислени или погрешни одговори од чет-ботови. На пример, кога ќе побарате од ботот да дефинира нешто што не постои, а тој, сосема убедливо, веднаш одговара на…

Read More

Фестивалот на биодиверзитетот: Коктел на вкусови, којшто требаше да се одржи денеска, е поместен за 17 овој месец. Организаторот „Слоу Фуд Водно“ соопшти дека настанот е поместен поради нестабилните временски услови. – Со цел да ги избегнеме нестабилните временски услови настанот е поместен на 17.06.2023 на исто место во исто време, стои во објавата на Фејсбук. Фестивалот ќе се одржи во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ќе се претстават околу 40 изложувачи од земјава, од кои 21 од Скопје. Ќќе бидат презентирани гастрономски деликатеси во тегли, пинџур, џем, слатко, намази, традиционални…

Read More

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија. Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството. Барањата на протестот се разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, затворање на печатените медиуми, укинување на програмите и националните фреквенции на оние медиуми кои промовираат насилство, како и разрешување на министерката…

Read More

Најмалку 288 лица загинаа во железничка несреќа во источна Индија, тоа е новиот биланс што денеска го објавија претставници на противпожарната служба. Се стравува дека конечниот број на жртви ќе биде поголем, а како што е соопштено, во несреќата се повредени над 850 лица. Се уште траат акциите за спасување. Два патнички воза синоќа еден по друг излетале од шините на исто место . Десет вагони од еден патнички воз излетале од шините на соседната пруга кога друг патнички воз налетал на нив од спротивната насока. Истрагата за причините за несреќата е во тек. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство…

Read More

Премиерот на Косово, Албин Курти не ја „оспорува неопходноста“ „во одреден момент“ да се одржат нови избори на северот  во државата, туку дека, како што вели, пред тоа треба да се воспостави „владеење на законите“. Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Курти рече дека ќе разговара за можностите за одржување нови избори следната недела со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кои ќе ја посетат Приштина. „Следната недела специјалните претставници на ЕУ и САД, Лајчак и Ескобар, ќе дојдат на Косово и ќе разговараме за деталите. Верувам во…

Read More

Украина е подготвена да започне контраофанзива со цел да ги врати териториите окупирани од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју објавено денеска за Волстрит џурнал. „Силно веруваме дека ќе успееме…Не знам колку време ќе потрае. Ако треба да бидам искрен, тоа може да се направи на различни начини. Ние сме подготвени и ќе го направиме тоа“, посочува Зеленски. Киев се надева дека со својата контраофанзива ќе ги врати окупираните територии и ќе ја промени динамиката на војната. Минатиот месец Зеленски рече дека Украина ќе почека додека не добие повеќе оклопни борбени возила од Западот пред да ја започне…

Read More

Вечерва во центарот на Софија се одржува  протестен марш против русификација на Бугарија и лошите политики на бугарскиот претседател Румен Радев кои се во корист на руските интереси Како што известуваат за Цивил Медиа од Софија, протестниот марш под мотото „Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и НАТО“ започна од претседателството и се движи кон Националното собрание Забележливо е зголемено Полициското присуство. Насобраните луѓе го изразуваат своето несогласување со постапките на претседателот Румен Радев, кој, според нив, не работи во корист на бугарското општество, туку во корист на руските интереси. Насобраните граѓани носат пароли на кои…

Read More

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, како поддршка за „Крушево град на културата за 2023 година“, илустрира постер „На кафе во Крушево“ инспириран од шољите за кафе на баба му. „Крушево оваа година е град на културата па моја поддршка со еден постер инспириран од шољите за кафе на баба ми, направени од најфин порцелан, безвременски дизајн. Посетете го Крушево па макар и на кафе и осетете ја убавината и спокојот кој го нуди ( плус продолжен викен)“, порачува Кардула. Постер на Кафе во Крушево. Автор: Зоран Кардула Со посетата на галеријата „Мартиноски“ и концертот на евергрини на Камерниот…

Read More