Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од Европската унија и од Косово и од Србија
Албанскиот премиер Еди Рама им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за покажаното инсистирање и посветеност да седнат претседателката на Косово Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат. Преку објава на Твитер, Рама нагласува дека се надева оти барањата поставени од Европската унија ќе бидат исполнети од двете страни за да се деескалира ситуацијата во летото на Косово и Приштина и Белград да тргнат кон конечниот договор за меѓусебно признавање. – Не можам доволно да им се заблагодарам на претседателот Емануел Макрон и…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. На состанокот е разговарано за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите. Реафирмирана е јасната порака на Соединетите Американски Држави, дека Република Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што, нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД. Нагласено е дека Северна Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и е посочено на важноста – сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат…
Христијан Мицкоски нема одговор дали е за блокот за ЕУ или е за антиевропскиот блок на проруската Левица. Со денови Мицкоски бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на Левица, Тој нема јасен и конкретен став, туку ги менува ставовите зависно од дневно политички ситуации. На лидерската средба посветена на продолжување на европските интеграции и зачленување во ЕУ до 2030 година, како и за односите со соседите, ќе стане јасно дали Мицкоски е за ЕУ или за антиевропскиот блок. Реализацијата на стратешката цел за членство во ЕУ, обезбедувањето на европска, сигурна и…
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи преку видео порака ги пренесе импресиите од Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Кишињев, Молдавија, но и очекувањата на главните политички чинители во ЕУ, кои од Северна Македонија очекуваат максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав како значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани. Во продолжение неговото интегрално обраќање: „Почитувани граѓани, Енергетските предизвици се заеднички – наши, на регионот, на Европа. А…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, утре ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. На самитот на Европската политичка заедница ќе учествуваат 47 лидери, меѓу кои лидерите на 27 земји членки на ЕУ, како и земјите од Западен Балкан, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Норвешка, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија, Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други. , Ковачевски покрај своето учество на тркалезната маса на тема енергетика и поврзаност, ќе оствари и неколку билатерални…
„Кое оружје е сега во рацете на Бугарија за опструкција на европскиот пат? Дали тоа не е ВМРО-ДПМНЕ?“ запраша пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ во дискусиајта со Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на „24 анализа“ на ТВ24. Тој додаде дека единствена работа што треба да ја направиме за да ги продолжиме преговорите со ЕУ е да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав, а протв тоа не се Бугарија или ЕУ, туку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, Левица. „Тоа значи дека за прв пат имаме домашно вето. Не познавам држава или народ кој својата држава би си ја кочел“ рече Коциќ. Пратеникот од…
Периодот што измина е период во кој говоревме за уставните имени и сега доаѓа периодот да се исполнат обврски од европскиот предлог, рече функционерот на СДСМ, Васко Кичевски во гостувањето во Канал 5 телевизија. -За наша среќа веќе е јасно како ќе изгледаат уставните измени, односно нема небулози за бинационална држава или други промени и тие паѓаат во вода. Не гледам причина зошто да не се усвојат уставните измени, се надевам сите заедно ќе ги изгласаме, рече Кичевски. Тој додаде дека е оптимист и верува дека уставните измени ќе се случат. -Сите изговори од опозицијата паѓаат во вода. Со промената…
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека е неопходна европската одбранбена структура за кредибилитетот на Европска Унија на долг рок. – Европска одбрана, европски столб во НАТО, е незаменливо. Тоа е единствениот начин да се биде кредибилен… на долг рок. Од Европејците зависи дали во иднина ќе можеме да се браниме, наведе Макрон во Братислава. Тој го повика Западот да и понуди на Украина „опипливи и веродостојни“ безбедносни гаранции, додека таа се бори со руската инвазија. – Украина денес ја штити Европа… Во интерес на Западот е Киев да има кредибилни безбедносни гаранции со нас во мултилатерална рамка, посочи…
Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“.
„Пораката на претседателот на Франција Емануел Макрон е многу јасна, тој уште еднаш ја искажа својата силна поддршка дека сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава“, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во вечерашното интервју за дневникот на телевизија „Канал 5“, по завршувањето на форумот ГЛОБСЕК во Братислава. Премиерот Ковачевски во интервјуто рече дека на средбите со францускиот претседател Макрон но и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен, е потенцирана важноста од носењето на потребните одлуки кои се важни…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ после средбите со европратениците од Европскиот Парламент испрати преку видео обраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и регионот и дека со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена. Во продолжение интегралниот текст од изјавата на вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ: „Почитувани граѓани, Имаме многу поддржувачи и искрени пријатели во европските институции, меѓу кои и во Европскиот парламент. После средбите со европратениците од различни парламентарни групи ја пренесувам пораката дека јасна е визијата…
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер. Тема на разговор беа борбата против корупцијата и организираниот криминал, процесот на уставни измени, скринингот, реформите што се прават за европската интеграција, како и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка. Борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат приоритет на Владата и ги повикуваме сите граѓани, медиумите, граѓанското општество да се приклучат во акциите за осудување на злоупотребите, но и пропагандата и лажните вести. Ветингот како процес на…