Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерката за животна средна и просторно планирање, Каја Шукова, остварија средба со потсекретарот на Обединетите нации и извршен директор на Програмата за животна средина на ОН, Ингер Андерсен и тимот УНЕП што се во посета на земјите од Балканот меѓу кои и Република Северна Македонија. Теми на разговор беа Тројната планетарна криза и нејзиното афектирање на нашата држава, досегашната и идна соработка и одржливиот развој. По посетата на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во Северна Македонија во 2012 година, Ингер…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Премиерот му се заблагодари на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ. Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да…
Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу по поразот на изборите најави дека „борбата продолжува“. – Не можев да ги бранам вашите права, рече тој во обраќањето од партиското седиште. – Не побегнав од неправеден систем. Не можев да молчам против тоа милиони луѓе да станат граѓани од втор ред во оваа земја. Не можев да дозволам да ги прекршат вашите права, децата да ви одат во кревет гладни. Земјоделците да не можат да произведуваат. Не можев да ги дозволам работи, потенцираше Киличдароглу. Тој вели дека ќе продолжи да се бори за одбрана на правата на Турција, а потоа…
Американската амбасадорка Аџела Агелер порача дека уставните измени треба да се донесат до крајот на годината, во одговор на новинарско прашање. Таа денес заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска присуствуваше на отворениот ден во Кавадарци, како дел од вежбата „Без одговор 23“. „Нема да навлегувам и да ја толкувам изјавата на сенаторот Марфи, меѓутоа, сметам дека неговата поента беше важна. Сметам дека е важно да се донесат тие тешки одлуки до крајот на годината, затоа што, доколку тоа не се направи, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол, кои ќе се прашаат колкава е посветеноста…
Гласачките места во Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолија. Како што најави Врховната изборна комисија на Турција, гласачите кои се на гласачките места кога ќе се затворат ќе можат да ги остварат своите граѓански права. Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу. Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во…
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, пред учесниците на годинешната Школа за политики, Пендаровски зборувал за актуелните и идните политички и безбедносни предизвици за Северна Македонија. Претседателот Пендаровски зборувал и за севкупните состојби во нашата држава на политички план, во контекст на политичкиот дијалог во земјата и на состојбите и предизвиците за македонските евроинтеграции, за безбедносните и геополитичките случувања во Европа и регионот, а се осврнал и на темите за социоекономскиот развој…
Британската влада започна информативна кампања чија цел е да го запре мигрантскиот бран кон островот преку Англискиот Канал (Ламанш), јави ДПА. Пораката на иницијативата е дека луѓето кои одат на такво патување „преземаат ризик да бидат приведени и отстранети“, додава агенцијата. Министерството за внатрешни работи не даде детали за сумата потребна за финансирање на кампањата, но рече дека ќе ги „објасни опасностите“ на кои се изложени мигрантите кои патуваат со мали чамци преку Каналот. Кампањата ќе започне во Албанија следната недела, откако во август 2022 година веќе беа објавени пораки на албански јазик на Фејсбук и Инстаграм за да се…
Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор. Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе. Станува збор за ниско квалификувана работна сила. Посочува дека сопственикот на млекарата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за да овие работници дојдат и работат, во овој сектор. -Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната…
Алтернативните и обновливите извори на енергија се единствениот пат не само кон почистa и поздрава околина без фосилни горива, туку се и императив за посигурна енергетска иднина. Земјава има голем потенцијал за производство на таква енергија, а покрај ветерните, хидро и соларните електрани изградија се и неколку биогасни електрани кои работат на целосно природни биолошки процеси за разградување органски отпад. Струјата од биогасната електрана се добива од мотори со внатрешно согорување и генератори кои работат на метан кој пак се добива при дигестија од органски отпад, ѓубре од добиток, од земјоделски култири и др. Од пред неколку месеци во Сарамзалино,…
Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој стана нелегитимно тело, вели холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп. Прашан за состојбата на правосудниот систем, холандскиот амбасадор Коп во неделното интервју за Радио Слободна Европа, вели дека тоа е централно прашање, кое Холандија го следи внимателно. -Тоа е дел од поглавјето „основи“ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но, она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот…
Kвалитетната инфраструктура е пресудна за квалитетот на животот на нашите граѓани, тие мораат да добијат најдобри услови за живот, тука, дома, во Македонија, порача претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Митко Трајчулески на денешната трибина на тема инфраструктура „Резултати што прават разлика“ што се одржа во Битола. „Нашата држава е географски сама по себе, крстосница на коридори. Но, дали ќе биде успешна крстосница, дали ќе биде центар на мобилност за своите и странските граѓани, зависи од нас самите, зависи од тоа колку вложуваме во нашата инфраструктура. И морам да потенцирам дека тој процес не е и не…
Директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, учествуваше на бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ на кој што беа обработувани теми кои се однесуваат на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. Во својата презентација под наслов „Што ја очекува македонската економија во следниот период? – поглед преку пролетните макроекономски проекции на централната банка“, Бојчева-Терзијан се осврна на тековните состојби, како и на очекувањата за економијата за годинава и на среден рок,…