Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Денеска македонската држава на достоинствен начин ги чествуваше Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, нивното дело, вредности и наследство.
Нејзината сага за борбата и оживување беше пркосно преточена во нејзината хит песна од 1984 година „What’s Love Got to Do With It“, пренесува Вашингтон Пост.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во пресрет на најголемата регионална агробизнис конфренција „Grow up – Силата на земјата“ во Србија, на која министрите од регионот ќе дискутираат за регионалната поврзаност како можност за развој и глобалните проблеми поврзани со климатските промени, изјави дека Северна Македонија, заедно со другите земји во регионот, доживува зголемени влијанија од климатските промени кои го засегаат земјоделството, јави дописникот на МИА од Белград.
Украинските бранители постигнаа успех на крилата на Бахмут во регионот Доњецк. Одбранбената операција продолжува, објави командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал полковник Олександр Сирскиј на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. „[Украинските] одбранбени сили ја продолжуваат одбранбената операција и постигнаа успех на крилата на Бахмут“, напиша Сирскиј. Командантот Сирски, исто така, објави делови од сослушувањето на руски платеник од приватната воена компанија „Ветеран“, кој бил заробен во насока Бахмут. Платеникот изјавил дека воената команда ги принудила да одат на линијата на фронтот со закани, велејќи дека, ако одбијат да се борат, ќе бидат натоварени во Камаз и никој…
Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, но се нотира и силна политичка поларизација. Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година. Северна Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка била 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25. Во извештајот е наведено…
Како дел од министерскиот панел на тема: „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските промени во Западен Балкан“, што се одржа на првиот ден од Неделата на одржлив развој во Приштина, Р. Косово, министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова нагласи дека меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени и дека во оваа проблематика мора да применуваме интегриран пристап.
На покана од македонскиот Културно-информативниот центар во Тирана, меѓународно афирмираната група „Фолтин“ од Битола имаше бележит настап на фестивалот „Cloud“во Тирана, во соседна Албанија.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена од Волково, бидејќи постои основано сомнение дека сторила кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. осомничената, на 18 и 19 мај, како професионален војник, директно побарала и примила парични средства, за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, се вели во соопштението на ОЈО. Парите ги побарала од нејзин колега, исто така професионален војник во Армијата на РСМ, за да му „помогне“ при изборот на јавно објавениот конкурс за прием на офицери. По објавување на првичната…
Единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник и директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски се укинување на евтината тарифа и стопроцентно поскапување на струјата. Затоа и не чуди што денес Мицкоски е против повторно воведување на евтината тарифа на струјата за домаќинствата. Тоа е истиот Мицкоски кои пред неколку месеци ги плашеше граѓаните дека ќе има драстични поскапувања на струјата, кој најавуваше рестрикции, денес не само што не се случи тоа, туку се најавува и намалување на сметките за електрична енергија преку воведување на евтина дневна тарифа. Сето тоа е благодарение на успешните енергетски политики на СДСМ кои доведоа до рекордно…
Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, стои во соопштението од Мала Речица. Во партиското соопштение се наведува дека Централното претседателство, ја официјализира одлуката за претсоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули. -Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе ја предводи македонската делегација, која за прв пат учествува на реномираниот меѓународен саем Bellavita во Чикаго. Од МЗШВ информираат дека Северна Македонија за прв пат има свој национален штанд на саем во Америка. Единствени од Европа, заедно со Италија и Шпанија сме учесници на овој реноиран саем. -На саемот учествуваме со седум домашни винарии Тиквеш, Стоби, Сопот, Венец, Иземит, Камник и Далвина, презентирајќи го убавото македонско вино. Очекуваме успешна презентација на нашето убаво вино, повеќе директни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во Америка, информираат…
Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа. Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа. – Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации…