Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Би Би Си – Лондон Турците се на историска пресвртница – избираат меѓу двајцата фаворити за претседателските избори кои нудат драматично различни патишта за иднината на нивната земја. По повеќе од 20 години на власт, Реџеп Тајип Ердоган ветува силна, мултилатерална Турција и отворање на шест милиони работни места и го обвинува Западот дека се обидува да го урне од власт. Неговиот главен ривал, Кемал Киличдароглу, поддржан од широка опозиција, сака да ја насочи оваа земја-членка на НАТО назад кон прозападна, подемократска позиција. Претседателот ги обвинува своите противници дека се „про-ЛГБТ“, додека неговата партија со исламистички корени се позиционира како…
Земјите-членки на ЕУ и нејзините институции од почетокот на руска инвазија обезбедија 20 милијарди долари за поддршка на економската и финансиската стабилност на Украина. Ова го изјави премиерот на Украина Денис Шмихал на владина седница, пренесува Укринформ. Од почетокот на целосната руска инвазија, ЕУ стана главен донатор на украинскиот буџет. Земјите-членки на ЕУ и нејзините институции обезбедија 20 милијарди долари за поддршка на економската и финансиската стабилност на Украина, рече Шмихал. Според него, европската воена помош и помага на Украина да го запре рускиот окупатор. Десетте пакети санкции на ЕУ против Русија значително ја искомплицираа способноста на режимот на Кремљ да ја…
Потребата од доизградба и модернизација на патната мрежа низ државата е суштинска потреба заради брз економски развој, како и интеграција на транспортниот сектор со ЕУ. Транспортните политики на државата мора да се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Токму затоа изградбата на коридорите 8 и 10 е стратешка определба усвоена и во Националата транспортна стратегија 2018-2030. Нашата држава со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на Регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има…
Францускиот парламент ја повика Европската унија официјално да ја прогласи руската група Вагнер за терористичка организација. Ова го пренесува The Guardian, објави Укринформ. Каде и да работат, членовите на Вагнер шират нестабилност и насилство“, изјави францускиот пратеник Бенџамин Хадад во парламентот во вторникот. „Тие убиваат и мачат. Масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат речиси целосно неказнето. Тој додаде дека силите на Вагнер не се едноставни платеници водени од „апетит за пари“. Според Хадад, тие „следат широка стратегија, од Мали до Украина, за поддршка на агресивната политика на режимот на претседателот Путин кон нашите демократии“. Во вторникот, Долниот дом на францускиот…
Во време кога земјава успешно го спроведува скрининг процесот да се бара оставка од вицепремиерот за европски прашања е уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ. Оваа изјава на Мицкоски доаѓа само еден ден по јасните пораки од САД за силната поддршка на нашиот европски пат. Ако некој треба да се соочи со одговорност тоа е Мицкоски поради тоа што во заложништво на Левица е најголемиот кочничар на европската иднина на земјата. Мицкоски треба да понесе одговорност за постојаните блокади на европскиот пат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ беше и против започнување на преговорите со…
Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на април во Португалија е забележано невообичаено топло и суво време, а досега 90 отсто од копнената површина на земјата е зафатена од суша. Тешката суша зафати една петтина од територијата на Португалија, двојно повеќе отколку во март и речиси петпати…
Република Северна Македонија има патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор 8 (исток – запад) и Коридор 10 (север – југ). Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои многу мал дел, само 242 km, се класифицирани како автопат.
Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, Михол Мартин ја охрабрува Северна Македонија да ги заврши успешно уставните измени за непречено чекорење кон полноправното членство во Европската Унија.
Руската амбасада прославуваше тоа што го нарекува Ден на победата, денеска во Скопје. Во својот военохушкачки говор, рускиот амбасадор Баздникин кажа дека „руската војска ќе донесе ред во Украина“ во која, според него, „владеат нацисти“ и дека Западот ги штити. Говорот претставуваше отворена пропаганда на војната, што е во спротивност со дипломатските стандарди. На церемонијата ѝ се придружија дипломатите на Србија, БиХ и Кина, како и дваесетина локални про-Кремлин ултрадесничарски политичари и активисти. Во видеото во овој прилог се инсертирани сцени од воени злосторства и разурнувања од руската брутална агресија против Украина. Видео: Тимот на ЦИВИЛ Медиа Извор: ЦИВИЛ Медиа
Денеска во Брисел продолжуваат скрининг состаноците од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст”, со Поглавје 19 „Социјална политика и вработување”. Состанокот со воведни излагања го отворија претставниците од Европската комисија и заменичката на главниот преговарач и државна секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили. Таа кажа дека Поглавјето 19 e комплексно и опфаќа неколку различни слоеви на општествениот систем кои се стремат кон постигнување на бројни социјални цели и систем на социјални права. – Овие теми добиваат уште повеќе на важност во контекст на напорите за справување со последиците од бројните кризи и фокусирање на зелената и дигиталната транзиција.…
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на настанот организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО, по повод почеток со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија, пазар ден-однапред. Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека почетокот со работа на македонскиот организиран пазар на електрична енергија е историски момент за нашата земја, за нашата енергетика и за нашата економија бидејќи со ова, нашата земја се придружува на еден високо конкурентен и динамичен европски пазар на електрична енергија, кој понатаму ќе ни овозможи поврзување…
Денеска, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа настан со кој официјално беше одбележан почетокот на нов ИПА проект „Поддршка на реформите во шумарството во Република Северна Македонија“