Author: Marta Pesevska

Владата на Република Северна Македонија, денешната седница ја започна со едноминутно молчење и оддавање почит кон жртвите во двата ужасни инцидента, што се случија во Република Србија, во Белград и во близина на Младеновац. На владината седницата надлежните министерства информираа за активностите што се преземаат во нашата држава, во делот на превенција во училиштата, како и на државно ниво, за заштита од каков било вид насилство. Од страна на Министерството за внатрешни работи е информирано дека во континуитет се преземаат активности во делот на превенцијата и дека се применуваат протоколите за безбедносна проверка за влез и излез на учениците во…

Read More

Стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД,  одличните билатерални одбранбени односи, осудата на руската агресија врз независна и суверена Украина, безбедноста во регионот и пошироко, беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана  разговараа министерката Славјанка Петровска и делегацијата на американски конгресмени предводена од конгресменот Верн Бјукенен. „Северна Македонија е посветен сојузник кој цврсто верува во заедништвото и во вредностите кои нè поврзуваат. Соработката со САД, нашиот стратешки партнер со кој развивме стратешки дијалог е на досега највисоко рамниште. Поддршката од САД минатата година достигна близу 50% од националниот буџет за одбрана што е уште една потврда за долгорочната…

Read More

Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, информираат денеска Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во декември лани во Тирана. Се очекува со ова ограничување на цените за роаминг за пренос на податоци значително да се поттикне развој на бизнисот, туризмот и да се зајакнат врските помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Во…

Read More

Повик за акција и итно воспоставување на мирот во регионот на ОБСЕ, упати денеска Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи кон светските лидери присутни на денешниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк. Претседавањето со Советот за безбедност на ОН од овој месец е во рацете на Швајцарија, која го покани Османи да ги презентира приоритетите на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ и соработката помеѓу ОБСЕ и ОН. Ставајќи акцент на 30-годишнината од партнерството помеѓу ОБСЕ и ОН, особено во областите на спречување конфликти и управување со кризи, Османи повика на синергијата…

Read More

Српската влада ги усвои мерките што денеска ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кои беа предложени по злосторството во Младеновац, кои МИА во целост ги пренесува, јави дописникот од Белград. Во соопштението до јавноста од срспката Влада се наведува дека Министерството за внатрешни работи итно ќе подготви измени на Законот за оружје и муниција со кои би се заостриле условите за чување и носење кратко огнено оружје, а за оние кои нема да ги исполнат построгите услови ќе се обезбеди задолжителен откуп на оружје. Оваа мерка се носи со цел да се намали бројот на кратко огнено оружје…

Read More

САД ќе продолжат да обезбедуваат воена помош за Украина и сега многу се фокусираат на обезбедување на Украинците со воздушна одбрана што им е потребна за да се заштитат од руските напади, изјави Координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби на брифинг со новинарите во Вашингтон во четвртокот, 4 мај, јавува дописникот на Укринформ. „Многу се фокусираме на воздушната одбрана [за Украина]“, рече Кирби. Тој рече дека користејќи ги капацитетите за противвоздушна одбрана што и беа обезбедени на Украина не само од Соединетите држави, туку и од сојузниците и партнерите, Украинците беа во можност да го соборат…

Read More

Берлинската полиција соопшти дека две мали деца се тешко повредени во напад на училиште во јужниот дел на германскиот главен град. Повредени се девојчиња на возраст од седум и осум години. Едно од нив е во животна опасност. Полицијата соопшти дека привела и еден осомничен. Засега нема повеќе детали за случајот. Извор: МИА

Read More

„Руската воена агресија врз Украина, која се уште трае, до таа мерка ги смени глобалните односи што итно се наметнува потребата од повторно препознавање на нашата  референтна правна рамка, донесена од страна на основачите на ООН. Нивната јасна намера била избегнување на ужасите од војната.  И овој пат како и многу пати досега Република Северна Макеоднија цврсто застана на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот и слободен свет, на страната на правото на секоја земја за самоопределување“  рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање, како прв македонски премиер на отворената седница на високо ниво на Советот за безбедност…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Од перспективата на Македонија 2014/2015. година, во која имаше лудачки систем кој придонесуваше луѓето деспотски да се потчинуваат, а медиумите имаа клучна улога во разработка на робовскиот менталитет, и од перспектива денес, 2022/2023. година, повеќе од очигледно е дека оваа земја преживува огромни метаморфози во своето внатрешно политичко уредување. Еден од таквите позитивни примери е и тоа дека Македонија денес е најслободна земја во Западниот Балкан, барем според рангирањето на „Репортери без граници“. Кога велам најслободна, мислам токму на тоа: Северна Македонија е најслободна земја на целиот Западен Балкан. Но, ова е само слика, или што…

Read More

РИБАРО Ова со коридориве и нивната опструкција, пацери мои, мора да го сфатиме сериозно. За таа цел, мислам дека најдобро е да одиме со кампања со наслов „Што ќе ми е мене автопат?!“, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на брифинг со своите најблиски соработници, дознава АХА. „Идејата е да се најдат наши вмровски пулени со по три четири пасоши, а да се прикажат како „загрижени граѓани, домаќини луѓе“, читај – луѓе што не виделе од носот подалеку. Да се измоклант пред камери и да рецитираат што сме им напишале. Треба да поентираме дека ова со градењево на автопатиштава…

Read More

Екс-премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук напиша дека најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави е уште една потврда за исправноста на патеката на која е поставена државата и за исправноста на социјалдемократските политики од 2017 година наваму.

Read More

 Европските можности за македонското земјоделство и руралниот развој преку ИПАРД 3 програмата денес беа презентирани пред паланчани од страна на телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. На настанот се обратија Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и раководителот на телото за управување со ИПАРД, Живко Брајковски. Брајковски посочи дека кампањата по вчерашниот инфо ден во Скопје, од денес се насочува теренски, на информативни средби со граѓаните, со земјоделците и заинтересирани граѓани…

Read More