Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
„Владата на Република Северна Македонија на младите им нуди јасна слика и визија за иднината на нашата земја, во која тие може да ги препознаат своите потреби и интереси, и можностите за личен индивидуален развој”, кажа заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговиот говор на јавната дискусија за Предлог – текстот за новата национална стратегија за млади 2023-2027, во организација на Агенцијата за млади и спорт. Вицепремиерот Битиќи за дискусијата по предлог текстот на Националната стратегија за млади 2023-2027 година, рече дека преставува уште…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили и шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред беше на работен ручек со министерката за родова еднаквост и работен век на Шведска, Паулина Брандберг. Целта на средбата беше размена на искуства кои можат да ги унапредат политиките во однос на родовата еднаквост како и размена на искуства од успешно имплементираните политики во двете држави. Тренчевска за време на средбата истакна дека родовата еднаквост е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и дека за…
Наместо туристички форум во Уман, прогласена е тридневна жалост за загинатите во ракетниот напад на Русија. Во петокот, Уман се подготвуваше да ги пречека гостите. Таму се очекуваше да се одржи дводневниот туристички и економски форум, „Туризмот во Украина: Денешни барања.“ Учесниците планираа да разговараат за тоа како да се развијат заедниците во услови на воена криза. Се очекуваше да бидат прикажани интересни локации пред туроператорите и новинарите… Но, руската ракета, која погоди станбена зграда пред зори, ги сруши сите мировни планови. Само една локација стана релевантна: станбен блок од советската ера, каде што еден од двата влеза наменети за…
Американскиот претседател Џозеф Бајден им се заблагодари на некои од неговите најголеми донатори кога ја започна својата реизбор-кампања и се очекува дека ќе треба да собере над милијарда долари за да обезбеди втор мандат. „Поради вас стојам овде сега. И поради вас, овој пат ќе победиме“, рече Бајден на митингот вчера во хотел во Вашингтон. Таа викенд-конференција не беше наведена како собирање средства и не е јасно колку од присутните дадоа чекови за кампањата на Бајден. Собирот беше најавен како стратешки состанок на 150 главни донатори и собирачи на средства кои потоа ќе се обратат до нивните мрежи за да…
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска пред една недела изврши увид на реконструкцијата на втората фаза на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул. Македонија, сообраќајница која е во лоша состојба и континуирано е посочувана од жителите како опасност по учесниците во сообраќајот. Но начинот на кој се изведува реконструкцијата е уште поопасен. Паркирани возила, несоодветно обележување, блокада на крстосницата со возила, ова е сликата која секојдневно се забележува на оваа улица веќе трета недела. Во ризик се и пешаците бидејќи поради градежната механизација, но и сообраќајната гужва не се почитува пешачкиот премин. На…
Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај. Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година. -Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под…
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА објаснува дека согласно договорот, согласно законот и согласно програмата на Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање, а откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници, ќе започне испитување на теренот. -Тоа се геомеханички и геотехнички испитувања на трасата, бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испрактира правилно и за да при градбата потоа немаме проблеми. Многу пати говорев до сега, проблемот на пример со Кичево-Охрид е токму од слабите геомеханички испитувања, од лошиот проект,…
Набргу откако стана претседател на Русија пред повеќе од 20 години, Владимир Путин почна да го користи државниот гасен гигант Газпром за политички цели. Оттогаш, огромната компанија постепено се здоби со репутација како една од главните алатки за надворешна политика на Кремљ. Покрај нејзината економска вредност, Русија долго време ги користи нафтата и гасот на Гаспром како политичка алатка во странство. Русија ја користи заканата од зголемување на цените или исклучување на испораките за да изврши политички притисок. На пример, по соборувањето на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович во 2014 година, Гаспром ја зголеми цената на гасот за Украина за…
Земјите членки ќе треба да ги укинат едностраните забрани за увоз на земјоделски стоки од Украина за да ја добијат ветената финансиска помош за поддршка на нивните земјоделци, им соопштил еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски на министрите за земјоделство на затворен состанок. Состанокот се одржал во вторникот (25 април), и уследи по одлуката на неколку земји, вклучително Полска, Унгарија и Словачка, да го забранат целиот увоз на украински земјоделски производи. Одлуката беше донесена откако голем број мерки на ЕУ за помош на Украина за извоз на земјоделски производи, ги намалија цените и ги ставија земјоделците во незавидна позиција. „Ние целосно…
Американската војска им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции за еден ден следниот месец за да се разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници. Два хеликоптери се судрија во четвртокот на Аљаска, при што загинаа тројца воени пилоти. Минатиот месец девет воени лица загинаа кога два хеликоптери се судрија за време на тренинг мисија во државата Кентаки. Според наредбата, следниот месец секој дел од копнените сили ќе треба да изврши целосен безбедносен преглед на леталата што ги поседува и кои нема да летаат во тој 24-часовен период. Исклучоци…
Почетокот на преговори за членство во ЕУ бара од нас да се интензивираат активностите за јакнење на владеењето на правото и правната сигурност преку реформи во системот и хармонизација на законодавството. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Меѓународната научна конференција „Современите аспекти на правната доктрина и толкување-предизвици и перспективи” посочи дека реформите во правосудниот систем не можат и не смеат да останат само на хартија. Усвоените закони треба да се имплементираат а реформите треба да овозможат промена на практиките и навиките (особено на погрешните) како и на предрасудите. „Најпрво, дозволете ми да го изразам моето задоволство што…
ВМРО-ДПМНЕ е против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, како и против реномираната американската компанија Бехтел. ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на проруската Левица, од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел, базирана на лаги и невистини. Партијата предводена од Христијан Мицкоски е последната која може да зборува за изградба на автопати, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии, за промашени проекти на штета на државата и граѓаните. Додека СДСМ реализира децениски стратешки проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на секој успех на државата. ВМРО-ДПМНЕ треба да даде…