Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.
Мисијата на ОБСЕ во Тирана денеска повика на мирна и отворена изборна кампања, каде „политичкиот натпревар ќе биде максимално конструктивен”.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, објави дека на 18 април по повод Светскиот ден на културното наследство, ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата. „Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. По повод Светскиот ден на културното наследство БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ во сите музеи и локалитети низ државата“, објави на Фејсбук, министерката Костадиновска-Стојчевска.
Статусот на мировниот процес помеѓу Ерменија и Азербејџан и поврзаните хуманитарни прашања, но и соработката со ОБСЕ во насока на поддршка на реформската агенда на земјата, беа во фокусот на разговорите со Премиерот и Претседателот на Ерменија, со кои денеска се сретна министерот Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ.
Мерките и политиките што ги спроведува Република Северна Македонија ја задржаа макроекономската стабилност, буџетскиот дефицит забележа намалување, јавниот долг е на одржливо ниво и во рамки на Мастришките критериуми, инфлацијата покажува тренд на намалување, економијата е отпорна и е во позитивна зона, беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли и директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, одржани во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.
Амбасадата на САД во Белград има сознанија дека Србија не и продава оружје на Украина, соопштено е за Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со наводите во тајните документи на Пентагон, јави дописникот на МИА од Белград. Не можеме да ги коментираме наводните доверливи информации, но според нашите сознанија Србија не и продава оружје на Украина, изјавија за РСЕ од американската амбасада во Белград. Пренесувајќи податоци од обелоденети тајни документи на Пентагон, агенцијата Ројтерс претходно денеска соопшти дека Србија се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила. Ова веднаш го демантираа српските министри за одбрана и…
По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ „Оркестар за џез музика“ во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, но од Синдикатот немале желба да разговараат со мене, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа напомена дека останува на зборот да ја исполни обврската за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но, како што потенцира, не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Јас отидов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што…
Државниот санитарен и здравствен инспектортат го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор извршен во текот на вчерашниот ден, а во врска со смртта на новороденчен во битолската Клиничка болница.
Министерството за образование и наука континуирано работи на обезбедување инклузивно образование и зголемување на учеството на сите деца и млади во воспитно-образовниот процес, со особено внимание на децата што можат да бидат маргинализирани, дискриминирани или исклучени од образовниот систем. Мерките и стратегиите за отстранување на бариерите придонесуваат и за создавање поинклузивна спортска култура во училиштата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на првиот инклузивен Спортски саем „Спорт за сите“.
Пишува: АЛИСОН КВИН / DAILY BEAST Уредничка на вести во Daily Beast Руските сили се обидуваат да „посеат паника“ пред планираната украинска контраофанзива со циркулирање на брутални снимки од отсекување на главата на украинскиот воен заробеник, соопштија во средата украинските власти. Проруските канали на Телеграм оваа недела почнаа да циркулираат две посебни видеа кои се чини дека ги документираат воените злосторства, од кои едното наводно покажува како руските војници ја сечат главата на затвореникот и уживаат во последиците. Очигледно е дека жртвата е сè уште жива кога почнува страшната егзекуција. „Боли, престани“, вели жртвата пред сосема да замолчи. Надвор од камерата, се слушаат…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено. На средбата, министерот Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Беше презентиран предлог за мерката, кои услови треба да бидат исполнети, начинот на аплицирање а се разговараше и за одредување на најоптималните рокови за поднесување на барања, со цел никој да не биде оштетен.