Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции на својот фејсбук профил објави пресек на активностите на АДА, првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор, во првите 48 часа од неговото лансирање.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека со измените и дополнувањата на Законот за работни односи, поврзани со коридорите 8 и 10д и 60-часовната недела се предвидува ангажирање на работници за прекувремена работа со нивна согласност.
Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ тврди дека на Црна Гора не и се заканува банкрот, дека е далеку од грчкото сценарио и дека во државната каса во моментов има 270 милиони евра, а наплатата и реализацијата на буџетот никогаш не била подобра. Абазовиќ оцени дека иницијативата Отворен Балкан би помогнала да се реши проблемот со работната сила, бидејќи луѓето од регионот полесно и без бариери ќе најдат сезонска работа во Црна Гора. Тоа е прашање од економска природа. Исто и за дипломите и училиштата, така функционира и ЕУ, рече Абазовиќ. По зголемувањето на заработката од околу 20 проценти,…
Вкупно 20 фирми се проверени во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10.000 евра. Како што објави Сител, двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се…
Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин. Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место. Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри. Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден. Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури. На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите…
Голем скандал се случи вчера вечерта во Струмица. Дел од навивачите на женскиот одбојкарски клуб Наковски Волеј скандираа „Путин“ за време на натпреварот со скопскиот клуб Јанта Волеј Форца. Покрај тоа, тренерот на струмичката екипа, Хари Наковски, вербално се нафрли гостинската екипа, според извори на ЦИВИЛ Медиа. Турканиците беа забележани и на кратко видео што беше објавено на социјалните профили на скопскиот Јанта Волеј Форца. Тренерот Наковски ги одрече наводите дека вербално се пресметувал со гостинската екипа, туку дека, напротив, се обидувал да ја смири ситуацијата, според изјавата за Спорт Медиа. Во скопскиот клуб Јанта Волеј Форца играат две Украинки, што…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Полска ќе испорача 200 пешадиски борбени возила „Росомак“, а половина од нив ќе пристигнат наскоро.
Нивото на цените на потрошувачката во Албанија во март забележале значително намалување, што условило пад на инфлацијата.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во денешната велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) ги осуди бројните „камења на сопнување“ на патот кон мирот во светот, од Украина преку Блискиот Исток до меѓународниот тероризам.
АД ЕСМ на 08.04.2023 година произведe 14.725 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Во Термоелектраните произведени се 8.837 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.888 MWh.
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре е во посета на Јужен Кавказ. Четиридневната посета на Грузија, Азербејџан и Ерменија, Османи ќе ја започне од Тбилиси.
Два магацини од утрово се во пламен во северниот германски пристаништен град Хамбург, јави ДПА. Противпожарната бригада предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот. Облакот чад се движи од магацините во градскиот кварт Ротенбургсорт во правец кон центарот на градот. Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини. Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“. Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот…