Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marta Pesevska
„Постои заедничка глобална одговорност во соочувањето со предизвиците на безбедноста на храната, климатските промени и енергетската криза“, рече емирот на државата Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во својот говор на отворањето на 5. Конференцијата на Обединетите нации која се одржува во Доха под слоганот „Од потенцијал до просперитет“.
Голем број Израелци излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството.
Покрај тенковите „Леопард 2“, германската воена компанија „Рајнметал“ сака да купи 96 тенкови од типот „Леопард 1“ од швајцарската компанија „Руаг“ и да ги испрати во Украина, објави швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“.
Најмалку 21 лице е повредено вчера во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел и низ падина и паднал во поток.
Со одлука на Владата денешниот ден во Албанија е ден на национална жалост во знак на почит за жртвите во железничката несреќа во Грција.
Почетокот на тригодишната Регионална програма финансирана од ЕУ, чија цел е поддршка на централните банки и банкарските супервизорски агенции во земјите од Западен Балкан, кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ, е одбележано и со посебен билтен и видео, подготвени од Банката на Италија како домаќин на почетната средба, одржана во септември 2022 година.
Министерството за економија речиси ги заврши анализите за замрзнување на цените на дел од производите, особено за тестенините и млечните производи. До крајот на неделата или наредната недела ќе се носат одлуките, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска порача дека Алеш Бјаљацки и другите белоруски активисти се осудени на затвор врз основа на „лажни и политички мотивирани обвиненија“.
Во текот на денешниот ден во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат за МИА од Министерството за здравство.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја одобри 33. транша воена помош за Укриана во висина од 400 милиони долари, во време кога „војната на агресија на Русија против Украина продолжува а цената станува повисока“.
Денеска во Битола Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари работилница со поддршката на професорката Софија Арнаудова со цел ментално и економско зајакнување на жените. Во работилницата беа вклучени околу 40 жени од ранливи категории на граѓани, информираше Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за здравство на својата веб страна информираше дека во просториите на Министерството за здравство денеска Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство.